Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Министерство за образование и наука Miroslav Markoski, очекуваме резултатите од „Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2012/2013 година“ да бидат објавени во текот на наредните 2 дена. Следете ги новостите на www.mon.gov.mk, како иwww.stipendii.mon.gov.mk

Вчера ова, така да утре треба да има.
 
о боже :@ барем нека пишеа на почеток на месецот фебруари, а не на 5ти..
 
Од тип В утре ќе ги оибјавеле.. не знам што е толку тешко ако речиш на 5ти објави на 5ти :mad:
 
Не знам зошто,ама не ми ја отвара страната .. Изглеа е оптеретена во моментов.
 
Си добив Б, а можев и А со послаб просек од мојот добиле :place:

Врски бе другар, биди среќен што доби. Јас со просек за А, поднесов и за А и за Б и ниедна не добив.

Него некој да не знае како оди бодирањето зошто планирам да поднесам приговор, ама сакам да имам информации околу бодирањето како оди.
 
Врски бе другар, биди среќен што доби. Јас со просек за А, поднесов и за А и за Б и ниедна не добив.

Него некој да не знае како оди бодирањето зошто планирам да поднесам приговор, ама сакам да имам информации околу бодирањето како оди.

За бодирањето како оди пишува во самиот конкурс. Побарај го, ваљда уште е на страната на министерството (и/или на stipendii.mon.gov.mk). Инаку со среќа со приговорот, јас лани исто имав аплицирано и за А и за Б, ништо не добив, поднесов и приговори и за двете и пак ништо. :mad: Нејќам да те демотивирам али само да те предупредам да не очекуваш којзнае што, така ти е најдобро.
Годинава поднесов пак, ама имав значително повисок просек па успеав да земам А иако не се надевав со оглед на тоа лани шо се деси.
Пак ќе ти речам со среќа со приговорите, а ако не догодина барем :)
И да знаете сите да аплицирате за В обавезно, најголеми се шансите таму пошто е голем бројот на стипендии па успеваат да добијат и тие шо не исполнуваат услови баш.
 
Ај пошто сум нов, што треба сега да направам? Тој договор за стипендија ќе ми го пратат они?
Кандидатите на кои им e доделена стипендија, потребно е да достават три пополнети копии од Договорот (договор за стипендија од тип „А" или договор за стипендија од тип „Б") и читлива копија од денарска трансакциска сметка на име на студентот.
 
Како е можно со просек 9.00 и нула приходи да немам стипендија...
освен тоа и на технички факултет сум -.-
 
Ај пошто сум нов, што треба сега да направам? Тој договор за стипендија
ќе ми го пратат они?

Договорот е објавен на страната со резултатите.
Веднаш под самите резултати имаш линкови за симнување на договорите.
 
Сабајлево имаше една емисија на алфа нз точно како се вика, али имаја дечките тема “Зошто талентираните и најуспешни студенти ја напуштаат државата и заминуваат во странство“ ? Мене нека ме праша некој јас многу убо че му одговорам зошто. Аплицирав за А стипендија, сум на еден од уметничките факултети, просеко ми беше 9,8 и фала богу не добив стипендија. Како сакаме да останиме тука кога немаме никаква мотивација за тоа, кога ќе научиме да ги цениме вредностите, че биди доцна многу нормално, никој од нас нема да остани тука. Епа драга моја државичке че се видиме по 10 години да видиме до кај сме стасале :) позз до сите и со здравје да си ги трошите парите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom