Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
дали некој знае дали се префрлени нови рати од стипендии тип Б ?
 
dali nekoj ima iskustvo ili poznava nekoj sto ja dobil ruskata stipendija od vladata, za studiranje vo rusija? :)
 
dali nekoj ima iskustvo ili poznava nekoj sto ja dobil ruskata stipendija od vladata, za studiranje vo rusija? :)
Не сум 100 посто сигурен за која стипендија зборуваш, ама пред 3 години една моја школска замина да студира во Москва и мислам дека доби некаква стипендија. Прво се запиша во Македонија, ама мислам и одобрија стипендија и во Москва е сеа.
 
ако има некој информации кога ке се пуштат другите рати од стипендија тип Б нека пиши.фала
 
Овие абер немаат да пуштат за тип Б, нè заборавија.

Пишувам на темава да скршам малер, да им текне. :unsure:
 
дали може некој да ги истакне општите услови за стипендии од типот А и Б
 
дали може некој да ги истакне општите услови за стипендии од типот А и Б
ТИП “A” – Стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти
  1. Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.5, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 80 бодови.
  2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат најмногу 6.5 бодови.
  3. Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 10 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

ТИП “Б” – Стипендија за студенти
  1. Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 8.5 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 50 бодови.
  2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат најмногу 7.5 бодови.
  3. Материјални можности на студентите и нивните семејства – се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 40 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.
 
Ќе може некој што зема стипендија тип А од оваа година да каже колку рати се исплатени? 8 или 9?
 
демек техничкиве потешки биле глупости
 
демек техничкиве потешки биле глупости

Најверојатно се покажало дека на општествени науки полесно се завршуваат студиите. Во една студиска година поголемиот дел од студентите ги завршуваат тековните обврски и не презапишуваат предмети. Така не е само кај нас, секаде е така.
 
Најверојатно се покажало дека на општествени науки полесно се завршуваат студиите. Во една студиска година поголемиот дел од студентите ги завршуваат тековните обврски и не презапишуваат предмети. Така не е само кај нас, секаде е така.
можда си во право :D лично јас не гледам зошто правен е полесен од ФИНКИ али ај да не забегуваме од темава
 
Кога се конкурсите за стипендии ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom