Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Нели добивате стипендии од самите факултети?
Затоа се приватни факултети, мислам дека нема потреба да имате две стипендии.

Според мене нема никаква логика студентите од приватните факултети да земаат државни стипендии, со оглед на тоа дека најдобрите на тие факултети веќе земаат стипендија од самиот факултет.
Тој што зема стипендија од факултетот или било каква друга стипендија нема право да аплицира и за оваа стипендија...
За делот што ти го избришав се согласувам :)
 
А што ние на приватни не треба да земаме а ? Стипендијата е награда за студентот за постигнатиот успех.
Не, не треба.
Прво, навистина со тешка мака сте постигнале успех кога ви даваат да научите 50, во најлош случај 100 прашања од кои одреден дел ќе ви се паднат... за разлика од другите факултети каде треба да учиме по цели учебници.

Друго, кога веќе си имал да платиш за на приватен факултет значи тебе и не ти е многу неопходна помошта од државата. Студенти со висок просек и со пониски примања од твоите се одбиени, само за да може одреден дел од средствата да се додели на оние кои студираат на приватни факултети.

Трето, и да имаш добиено стипендија за бесплатно студирање на приватен факултет, ти пак си на некој начин кредитиран и веќе си корисник на стипендија, што според мене би требало да ти биде забрането конкурирањето.

И така.
 
Видете, потполно се согласувам дека НЕ треба да им се даваат стипендии на приватните факултети, ама ај размислете дали немаше нашиот „драг“ Уставен суд да го поништи правилникот за стипендии, поради дискриминација на граѓаните. Јас мислам дека ова е главната причина поради што им се даваат стипендии и на приватните.

А тоа дека има големи разлики помеѓу факултети, ништо ново. Земете ги државните факултети во Штип и Скопје и се ќе ви биде јасно. Да не зборам за приватните факултети, кои не учат ни една третина од тоа што ние го учиме.

И, да, навистина не ми е јасно, како може некој да каже дека треба да земе стипендија на приватен факултет. Кога тој/таа може да плати по 2.000 евра годишно, зошто му е стипендијата, која ни половина не ја покрива оваа сума, а притоа да патат, да не добијат некои студенти, на кои таа стипендија им значи многу повеќе отколку одмор и шопинг.
 
Не, не треба.
Прво, навистина со тешка мака сте постигнале успех кога ви даваат да научите 50, во најлош случај 100 прашања од кои одреден дел ќе ви се паднат... за разлика од другите факултети каде треба да учиме по цели учебници.

Друго, кога веќе си имал да платиш за на приватен факултет значи тебе и не ти е многу неопходна помошта од државата. Студенти со висок просек и со пониски примања од твоите се одбиени, само за да може одреден дел од средствата да се додели на оние кои студираат на приватни факултети.

Трето, и да имаш добиено стипендија за бесплатно студирање на приватен факултет, ти пак си на некој начин кредитиран и веќе си корисник на стипендија, што според мене би требало да ти биде забрането конкурирањето.

И така.
Сите високообразовни установи (ВОУ) во земјава се водат според и одговараат пред истиот Закон (ЗВО). Сите ВОУ имаат исти обврски кон државата и исти обврски кон своите студенти.

Сепак, државата одлучува да ги финансира, опремува и протежира едните (државните) пред другите (приватните). Тоа не е фер. Ако од обете има исти очекувања, треба да им пружи и исти третман. Ова не е невообичаено во западниот свет. Во најмала рака, она што може да го направи државата е да додели ваучери за школување на сите матуранти, па овие самите да одлучат каде ќе студираат. На тој начин, конечно и државните универзитети ќе имаат поттик да се ориентираат кон своите клиенти (студентите) наместо кон своите вработени (професорите).

Подетално кон постот:

Прво, бројот на страници кои студентот ги учи за испит никако не се показател за квалитетот на содржините кои се поучуваат. Џабе ти е да учиш 600 страници ако се тие нерелевантни, застарени или бескорисни.

Друго, ако некој сака да студира на ВОУ која тој/таа лично ја смета за квалитетна ВОУ, тогаш основачот (држава или приватни лица) на ВОУ не треба да игра никаква улога во неговата/нејзината одлука. На одлуката треба да влијае квалитетот на наставата, третманот на корисникот (студентот) и перспективите за користење на добиената услуга (вработување).

Трето, државната стипендија не се дава на факултетот, туку на студентот. Доколку критериумите за добивање на стипендија се јасни, тие треба да важат за сите студенти, без никаква дискриминација. Постојат студенти на приватни факултети кои студираат бесплатно токму поради тоа што се извонредни студенти, а не поради тоа што имаат некаква партиска книшка. Дел од нив се толку бедни (сиромашни) што државната стипендија ќе им помогне полесно да го поднесат студирањето.
 
Од дрвјата не можеш да ја видиш шумата...
 
Немам намера да цитирам некој ама се изначитав глупости.Па добро бе кој ви е крив што имате 600 страни од кој само 200 се потребни,што ве тераат да памтите некој глупости,цртички безброј кој апсолутно нигде нема да се применат.Ако некој е на приватен и воедно има многу пари како што викате зарем тој нема право на стипендија?Стипендијата е за неговиот успех.Доколку во една фирма се вработени двајца со различни класи зарем на тој од пониска класа треба да му да се дава повеќе плата за разлика од другиот?Како тогаш ке бидат мотивирани сите?И последно,не ви сум крив што имате искомплексирани,корумпирани професори што мислат дека само тие имаат завршено факултет.
 
Да, можеби 600те страни кои на државни факултети мораме да ги научиме нема да ни бидат потребни во практика, ама ни се потребни за испитите кои, о замисли само, ни се оценуваат. И не е исто да добиеш 10ка со 50 научени прашања, и со 600 научени страни.

Постојат студенти на приватни факултети кои студираат бесплатно токму поради тоа што се извонредни студенти, а не поради тоа што имаат некаква партиска книшка. Дел од нив се толку бедни (сиромашни) што државната стипендија ќе им помогне полесно да го поднесат студирањето.
Јасно ми е мене за тоа, ама тие значи веќе користат некоја стипендија, веќе на некој начин им е потпомогнато, а во конкурсот си пишува дека ако си корисник на друга типендија не можеш да конкурираш за државната.
 
Немам намера да цитирам некој ама се изначитав глупости.Па добро бе кој ви е крив што имате 600 страни од кој само 200 се потребни,што ве тераат да памтите некој глупости,цртички безброј кој апсолутно нигде нема да се применат.Ако некој е на приватен и воедно има многу пари како што викате зарем тој нема право на стипендија?Стипендијата е за неговиот успех.Доколку во една фирма се вработени двајца со различни класи зарем на тој од пониска класа треба да му да се дава повеќе плата за разлика од другиот?Како тогаш ке бидат мотивирани сите?И последно,не ви сум крив што имате искомплексирани,корумпирани професори што мислат дека само тие имаат завршено факултет.
Многу глупости склопи во еден пасус...
 
Потврдено. За старите корисници на Тип А имаат пуштено 4 рати (=16 000) :love:
само што проверив,кај мене уште нема ништо :confused:
во која банка имаш сметка ти?? можно ли е кај нив да има каснење??јас сум во уни банка
 
Тој е во Шпаркасе.
Ја сум во Стопанска и таму има пуштено и тоа уште на трети. Ќе ти стигнат ваљда утре.
 
аха....значи сигурно ги држат овие у банка
да се надеваме дека деновиве ке има пуштено
фала како и да е
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom