Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Двете дати би требало да ти се исти сега (т.е. ко втората), провери дали ти се сменала првата. А идентификационите броја треба двата, за секој тип е посебен.
Од министерство рекоа можете наеднаш и за двата да донесете документи ако ви се различни термините, нека биде тоа во првиот рок...
А во врска со поднесувањето на документите на телефон рекоа во студентски дека треба да се носат.. ајде ќе појдеме и ќе видиме...доколку некој има деновиве за поднесување, нека пише што како каде :)
 
Луѓе дај малце да се заангажираме да ни исплатат некоја рата пред НГ... ни требаат пари. :)
На кој мејл би требало да пишеме? :)
Стварно бе кој беше мејлот ? Дај пишете озбилно :)
 
Koj се условите за пријавување за стипендија? И од кога до кога може да се пријавуваш и каде? Може да аплицираш ако си прва година?
 
Koj се условите за пријавување за стипендија? И од кога до кога може да се пријавуваш и каде? Може да аплицираш ако си прва година?

Стипендија А - просек >8.5 (технички факултети), просек >9.0 за останатите
Стипендија Б - просек >8.0 (технички факултети), просек 8.5 за останатите
Стипедија В - категорија за социјални случаеви (незнам кои се условите за ваквиот тип на стипендија)
Пријавувањето БЕШЕ од 22.11 до 12.12 на сајтот www.stipendii.mon.gov.mk, и неможеш да аплицираш ако си прва година.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 13:05 ---
Од министерство рекоа можете наеднаш и за двата да донесете документи ако ви се различни термините, нека биде тоа во првиот рок...
А во врска со поднесувањето на документите на телефон рекоа во студентски дека треба да се носат.. ајде ќе појдеме и ќе видиме...доколку некој има деновиве за поднесување, нека пише што како каде :)

Јас сум пријавен за во четврток во 14 часот, после тоа ќе напишам како поминав.
 
На евидентниот лист ние ли треба да заокружеме кои документи се доставуват?
 
Ајде кога ќе отиде некој нека пише дали државјанството треба да е заверено на нотар или не... Ми нема логика да треба бидејќи не е наведено, ама пошто слушнав некој шпекулации, ве молам кој ќе отиде да пише да знам, јас во понеделник треба да поднесам :)
 
Дали некој знае дали е можно некој друг да ги достави документите а не кандидатот? Фала однапред
 
Дали некој знае дали е можно некој друг да ги достави документите а не кандидатот? Фала однапред
Дали мора лично да ги доставам документите?
- Документите може да ги достават и Ваши поблиски роднини, доколку сте оправдано отсутни и доколку документите се комплетирани.
 
Кај се носат документите, во Министерството на ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин (кај Европски) или во Студентски Дом Кузман Јосифовски-Питу? Во официјалниот конкурс го пишува првото, а во веб апликацијата второто.
 
Сепак, мора да те корегирам затоа што информацијава не е точна. Значи, како што напоменав, аплицирањето за информатички стипендии се вршело во МОН, додека аплицирањето за останатите стипендии е во студентскиот дом Куман Јосифовски Питу. Информацијата е од вработен во министерството, така да не се сомневам во нејзината веродостојност.
 
Кај се носат документите, во Министерството на ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин (кај Европски) или во Студентски Дом Кузман Јосифовски-Питу? Во официјалниот конкурс го пишува првото, а во веб апликацијата второто.
Второто,проверено.
 
Дали е важечка потврда од банка за земена плата или не? Пошо незнам каква потврда за плата да извадам татко ми има своја фирма.
 
Видов дека имам грешка во уверението за положени испити. Во УППИ пишува дека имам во прва година положено 10/10 испити = 60 кредити, во втора година ми пишува дека имам 8/10 =48 кредити, вкупно 108. Е сеа во Уверението за оцени ми пишува дека имам 20 положено а 108 кредити, што не е точно, бидејќи 20 положени испити се 120 кредити. Дали ќе ми прават проблем бидејќи бројот на положени испити не е точен а бројот на освоени кредити се поистоветува со образецот therefore со електронската пријава? :O

Aко треба да ги поправам документите дали ќе ме примат во погрешен термин? Мислам, надвор од тој терминот што го одбрав во е-апликацијата? Фала.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom