Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Јас аплицирав за двете, и двете си ги памти.
И мене ова не ми е јасно..кога ќе отвориш за пријавување убаво си пишува "Секој студент може електронски да се пријави повеќе пати на било кој од трите типа стипендии, но за валидни ќе се сметаат последните поднесени пријави" - Јас ова го сфаќам на начин ти аплицирај колку сакаш, последната ќе биде таа правата....

Ме интересира дали ви дава на другата апликација нов индетификационен број? што значи дали имате два броја?
Би ве замолила да објасните на кој начин се прави тоа :)
За тоа на УППИ образецот кај студентска програма треба да стои насоката на факултетот пошто после тоа само си пишува по ЕКТС.
Очекувам одговор..поздрав
Се обидов сега...добив нов индетификационен код ама па ми се смени закажаниот термин сега и на двата ми се исти...како е кај вас?
 
Внесете го бројот на предвидени испити до денот на поднесување на електронската пријава, не сметајќи ги испитите од тековно запишаната студентска година.

Ако може да ми каже некој... се мисли на број на заостанати испити или ?Благодарам однапред :)
 
Се мисли на колку предмети имаше претходната година,просто кажано.
 
Пиши дека ако аплицираш за две, за втората треба копии од сите документи и да наведиш дека оригиналите се во другата пријава.

Не можев никаде да најдам за ова.. ќе може да ми кажеш каде го најде? :)
 
Де некој нека ме просветли како е кога ги внесуваш приходите, како треба да ги внесам пример 20 000,00 или 20,000 или 20.000.00 ?
 
Де некој нека ме просветли како е кога ги внесуваш приходите, како треба да ги внесам пример 20 000,00 или 20,000 или 20.000.00 ?
20000 без ништо едноставно.
 
- Доколку сте аплицирале за стипендија потребно е во студенски дом Кузман Јосифовски Питу, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов – Скопје, од 14.12.2011 – 28.12.2011 година, од 09-16 часот

Нели се носеа во зградата на министерството за образование ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб ?
 
Да, пишуваше ама напишаното беше за стипендиите за информатичари...види и датумот за нас не одговара...денес ја промениле информацијата :)
 
Да, пишуваше ама напишаното беше за стипендиите за информатичари...види и датумот за нас не одговара...денес ја промениле информацијата :)

Вака стои за другата стипендија:
Доколку сте аплицирале за стипендија потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб – Скопје, од 28.11.2011 – 02.12.2011 година, од 09-16 часот

Колега којшто аплицираше за стипендијата за информатичари ми кажа дека во МОН ги однел документите
 
Колега којшто аплицираше за стипендијата за информатичари ми кажа дека во МОН ги однел документите[/quote]

Документите дефинитивно се носат во МОН ! Проверено ;)
 
Кога се аплицира за два типа стипендија А и Б, нели треба да се носат копии од документите за стипендија Б, каде треба да се наведе дека се копии и дека другите документи(оригинал) се во документите за стипендијата А? Може на пликото од Б, или треба некој посебен лист со изјава дека се копии?
 
Сигурно ли е дека документите може да ги носат блиски за нас ако ние не можеме да ги однесем?
 
Сигурно ли е дека документите може да ги носат блиски за нас ако ние не можеме да ги однесем?
Може и друг да ти ги однесе. :)

Да не има некоја информација кога ќе почнат со исплата на ратите ние лани што конкуриравме?
 
Кога се аплицира за два типа стипендија А и Б, нели треба да се носат копии од документите за стипендија Б, каде треба да се наведе дека се копии и дека другите документи(оригинал) се во документите за стипендијата А? Може на пликото од Б, или треба некој посебен лист со изјава дека се копии?
Не вервам дека е толку битно каде, се доколку имаш негде наведено дека е така.

Патем, лани пишеше дека можи за два типа да се аплицира?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom