Стартува услугата преносливост на броеви

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Oператорите во мобилната и фиксната телефонија од денеска стартуваат со комерцијално нудење на услугата преносливост на броеви.
Како што информира портпаролот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Виолета Цветковска, со стартот на таа услуга граѓаните ќе имаат можност за слободен избор на оператор од фиксната и од мобилната телефонија без да го променат префиксот и телефонскиот број.
Фиксните и мобилните оператори на состанокот одржан во петокот, соопштија оти успешно ги имплементирале поврзувањата со централната база на податоци и преносливоста на броевите меѓу нив.
Според Цветковска, речиси сите оператори, освен „Он-нет“ се изјасниле оти ќе наплаќаат за услугата од претплатниците, односно од граѓаните кои ќе побараат пренесување на бројот.
- В понеделник кога ќе почне оваа услуга, секој оператор на својата веб-страница ќе ја објави цената која очекуваме да биде пристојна. Ако биде дестимулативна некоја цена, тогаш Агенцијата согласно Законот за електронските комуникации има право да реагира и да наметне регулирана цена. Меѓутоа, прво да се види колкава ќе биде цената. Можеби ќе бидат фер и ќе понудат ниски цени, истакна Цветковска во петокот.
Услугата преносливост на броеви му овозможува на корисник на мобилна телефонија или на фиксна да се префрли на друга мрежа и притоа ќе може да си го задржи постоечкиот број, без разлика дали тој почнува со 070/071, 075/076 или 077/078. Се очекува дека со воведувањето на оваа услуга значително ќе се зајакне конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар, а операторите ќе бидат принудени со нови квалитетни и поевтини услуги да ги задржуваат постоечките претплатници.

Извор
 
Добро а операториве имаат ли несто објавено за услугава преносливост на броеви, колку што забележав сеуште нема ништо, освен на страната на вип кај што има известување дека за повеќе информации да се јават на 077 1234. Ако некој види нека пише.
 
За да го сменам бројот, треба да се обратам кај мојот оператор, а менувањето кој ќе го изврши ? Имам број од Космофон, сакам на ВИП да се префрлам, кој ќе изврши менување, ВИП или Космофон ?

Ај некој што е поупатен во оваа работа да ми каже. :)
 
има ваква тема каде што имаме предходно дискутирано може да се спојат и да се види целата дискусија за услугата која требаше да се случи пред 3 месеци но беше одложувана од поголемите оператори
 
За да го сменам бројот, треба да се обратам кај мојот оператор, а менувањето кој ќе го изврши ? Имам број од Космофон, сакам на ВИП да се префрлам, кој ќе изврши менување, ВИП или Космофон ?

Ај некој што е поупатен во оваа работа да ми каже. :)

Треба да отидеш во салон на вип и да поднесеш барање за префрлување во нивната мрежа при што треба да чекаш да ти одобрат откако ќе ти одобрат дури после плаќаш еднократна сум од 620 ден и тоа на космофон и после тоа во наредните 90 дена нема да смееш повторно да се вратиш на космофон, мислам се убаво меѓутоа еднократниот надомест е висок за космофон е 620 со ддв , за т-мобиле е 640, а за вип е 354, меѓутоа ретко кој од вип ќе се префрла на космофон и т-мобиле затоа и кај нив е најевтино.
 
Нормално, на бројов од Космофон, вчера збровував само 5 секунди на Т-Мобиле а ми зеде 17 денари, до пред некое време беше 1ден/сек, КАТАСТРОФА.
 
Добро, мене една работа не ми е јасна со оваа услуга.
Еве, на пример, ја имам број од Т-Мобиле (значи 070) и се префрлам на ВИП (077). Колку што знам, го задржувам и префиксот 070, а сум на мрежа на ВИП. Тие што ќе ме бараат, ќе им се наплаќа како да ѕвонат на ВИП или Т-Мобиле??? :toe::toe::toe:
 
Ке му се наплати како да ѕвонат на ВИП и тука е цела заебанција така што кога ке почнат да се менувааат операторите има да биде хаос нема да знаеш дали на ВИП на Т-МОбиле или на Космофон ке ѕвониш. И наравно тука најмногу ќар ќе имаат операторите оти ке колат на велико. Има да лета кредитот или претплатата како луда.
 
Епа, у пенис. Значи, пак ние, корисниците, еб*ни :tapp:

Ако е така, треба да се поправи.. Можда ја нејќам да вртам на ВИП ако немам доволно кредит. Друго, што ако некој што ми е во кругот, премине на ВИП? Пак ја ќе бидам еб*н?
Или ако имам 100 за 100 за викенд и си вртам на 070/071, а некој се префрлил на Космофон? Пак јас ќе го кркам?
 
Ке му се наплати како да ѕвонат на ВИП и тука е цела заебанција така што кога ке почнат да се менувааат операторите има да биде хаос нема да знаеш дали на ВИП на Т-МОбиле или на Космофон ке ѕвониш. И наравно тука најмногу ќар ќе имаат операторите оти ке колат на велико. Има да лета кредитот или претплатата како луда.

Aпдејт. Може да се провери.
 
Да меѓутоа вип и т-мобиле имаат известување, да бидам поточен вип те известува додека вртиш дека иако е префиксот на 070 на пример, тој е корисник на космофон или вип, додека пак т-мобиле има воведено бесплатен телефонски број каде што го знесуваш бројот за кој сакаш да провериш на кој оператор е, а тој број е 070 170, додека за космофон не знам како е кај нив, како нивните корисници можат да проверат.
 
ова важи и за фиксната телефонија?
Да, важи и за фиксните оператори.

Бај д веј, сеа тие што ќе сменат оператор а ќе задржат префикс, би било учтиво да им го соопштат тоа на оние кои планираат да им се јават.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom