Мистичен
Човек
Oператорите во мобилната и фиксната телефонија од денеска стартуваат со комерцијално нудење на услугата преносливост на броеви.
Како што информира портпаролот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Виолета Цветковска, со стартот на таа услуга граѓаните ќе имаат можност за слободен избор на оператор од фиксната и од мобилната телефонија без да го променат префиксот и телефонскиот број.
Фиксните и мобилните оператори на состанокот одржан во петокот, соопштија оти успешно ги имплементирале поврзувањата со централната база на податоци и преносливоста на броевите меѓу нив.
Според Цветковска, речиси сите оператори, освен „Он-нет“ се изјасниле оти ќе наплаќаат за услугата од претплатниците, односно од граѓаните кои ќе побараат пренесување на бројот.
- В понеделник кога ќе почне оваа услуга, секој оператор на својата веб-страница ќе ја објави цената која очекуваме да биде пристојна. Ако биде дестимулативна некоја цена, тогаш Агенцијата согласно Законот за електронските комуникации има право да реагира и да наметне регулирана цена. Меѓутоа, прво да се види колкава ќе биде цената. Можеби ќе бидат фер и ќе понудат ниски цени, истакна Цветковска во петокот.
Услугата преносливост на броеви му овозможува на корисник на мобилна телефонија или на фиксна да се префрли на друга мрежа и притоа ќе може да си го задржи постоечкиот број, без разлика дали тој почнува со 070/071, 075/076 или 077/078. Се очекува дека со воведувањето на оваа услуга значително ќе се зајакне конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар, а операторите ќе бидат принудени со нови квалитетни и поевтини услуги да ги задржуваат постоечките претплатници.
Извор