Стари беќари

  • Креатор на темата Креатор на темата The_LiGhT'
  • Време на започнување Време на започнување
Има бааги вистина во она што Апо го спомна. Едно село на пример од Ск. Црна гора е со многу голем број "стари" ергени. Од разговорите со друштвото на син ми имам разбрано дека девојките имаат сличен став кон момци од периферни населби на Скопје.

Значи @Апо не само селата туку и населбите скопски кои "не се на цена". Не дека бутел има или нема многу беќари (не им знам бројка), но секако многу повеќе се трудат да најдат соодветен партнер и формирање семејство.
Лошо е да се потценуваат селата или перифериите, не е добро да се потценува сиромашно или скромно момче...но ете, таква е состојбата (која не е од денес, постоеше и порано, но се повеќе се диференцира и заострува). Обратното (девојка од периферија или село, а момче од град)...е многу помал проблем (не е ни проблем), мислам дека дел заради старите сфаќања кои никако да се искоренат. А финансиите и не се некоја причина туку повеќе повод за дел од овие состојби.
Муабетот мене ми е дека има девојки и по селата и по скопските населби кои “не се на цена“. Не значи дека ако мене од Чаир не ме сака некоја од Центар дека треба скроз да кренам раце и да зборам дека поради тоа што таа од Центар не ја сакала Чаир како општина, ја не можам да си најдам партнерка и цел живот сам да останам.
Има девојки и тука - а сигурно дека може да се најде една меѓу нив која ќе ми одговара.

Не е се’ работата на тацна да се послужи. За некои работи треба малку повеќе залагање, а не само префрлување кривица на трети страни.
Реков јас, ако главна пречка е потеклото - срамота.
Меѓутоа, реално, многу повеќе луѓе остануваат стари ергени (а и стари моми има доста) поради бркањето на кариерата.
 
стари беќари нема- има само СТАРИ МОМИ :helou:
Па има повеќе стари моми одколку беќари,така ако гледаме, во Македонија има повеќе жени процентот кај македонското население е 60%:40% жени мажи, во Струмичкиот регион сосе селата на 1 маж по 5 жени во просек му идат, не е дека нема жени, баш обратно е мажи нема, мажите си ја користат таа ситуација и не се женат, "why buying the cow when u can have the milk for free":wink:

--- надополнето ---

Reonot na Kumanovo.

Nekoj rece poradi finansiski problemi, ne e tocno ova, zasto znam nekoi koi sto stojat dobro so finansii, eden plus raboti vo EVN sto minimum 500 evra zima plata, taka da ne e do finansiite, mozebi ne se podgotveni da go pominat ostatokot od zivotot zaedno so drug, kojznae...
е и на ова мислев се слагам не е до финансиите, до обврските што произлегуваат од бракот, сите сакаат забава и провод никој не сака обврски...
 
Па има повеќе стари моми одколку беќари,така ако гледаме, во Македонија има повеќе жени процентот кај македонското население е 60%:40% жени мажи, во Струмичкиот регион сосе селата на 1 маж по 5 жени во просек му идат, не е дека нема жени, баш обратно е мажи нема, мажите си ја користат таа ситуација и не се женат, "why buying the cow when u can have the milk for free"
Има ама неправилно се распоредени :) можеби тој регион нема толку неженети па...може да направи компензација, средби. Стварно, зашто нема клубови каде луѓето од цела држава би се запознавале и дружеле...некоја организација која ќе ги зближува и дружи, барем повозрасните. Ене кумановско беќари, ресенско, скопско...а од друга страна во струмичко моми кандидати. Дали сме мала земја и срамежлива (традиција, соседи...) или до што е.

е и на ова мислев се слагам не е до финансиите, до обврските што произлегуваат од бракот, сите сакаат забава и провод никој не сака обврски...
Некои едноставно не ни сакаат брак, си одбрале таков стил на живот, сепак е нивно право на избор. За оние другите кои ги споменуваат финансиите или условите...мислам дека истите се повеќе повод него причина за одложување.

--- надополнето ---

Муабетот ..
Го споменав во контекст на предрасудите кои владеат. Ако само замислам момче од Шутка и девојка од што знам попската населба или Капиштец, се сомневам во некој поголем успех на момчето. истите предрасуди се и во однос на врска село град. Затоа си земав дете комшиче од Бутел 2, без такви предрасуди(да не му мислам утре да ми префрли во која вкјбина сум ја однел).
Само, да не забегам на друга тема со овој муабет :) истото мислење го делам кога се работи за одложување на бракот...кариерата, но кариера како повод.
 
Па има повеќе стари моми одколку беќари,така ако гледаме, во Македонија има повеќе жени процентот кај македонското население е 60%:40% жени мажи, во Струмичкиот регион сосе селата на 1 маж по 5 жени во просек му идат, не е дека нема жени, баш обратно е мажи нема, мажите си ја користат таа ситуација и не се женат, "why buying the cow when u can have the milk for free":wink:

колку многу само наликуваме на Русија - на еден маж по 5-6 жени ( но ,таму беше после војната, а последиците од неа се чувствуваат и до ден денес ) :toe:
Мажите се на ЦЕНА :vozbud:и таму и тука
 
колку многу само наликуваме на Русија - на еден маж по 5-6 жени ( но ,таму беше после војната, а последиците од неа се чувствуваат и до ден денес ) :toe:
Мажите се на ЦЕНА :vozbud:и таму и тука
Така е тука еден маж *нормален*може комотно да си има жена и две-три швалерки:) зборам за мажите од македонска националност, кај муслиманите се други цифрите:)
 
колку многу само наликуваме на Русија - на еден маж по 5-6 жени ( но ,таму беше после војната, а последиците од неа се чувствуваат и до ден денес ) :toe:
Мажите се на ЦЕНА :vozbud:и таму и тука
Кај нас има нешто повеќе мажи од жени. Не е голема разлика (негде 1.004 или околу 4000) ама не сме некоја голема мањина :)
 
Кај нас има нешто повеќе мажи од жени. Не е голема разлика (негде 1.004 или околу 4000) ама не сме некоја голема мањина :)
Бројката на мажи ја креваат албанците и ромите,(кај нив се раѓаат драстично повеќе машки деца) инаку кај македонското население е обратна ситуација, како што реков 60:40 жени мажи без да ги вклучувам хомосексуалците во цифрава особено мажите хомосексуалци, така што на еден хетеросексуален маж му идат по 4 до 5 жени во просек да бира да се скине од бирање:) таква ни е ситуацијата во мкд, како што рече @cool@ мајка Русија не ни е рамна:)
 
зошто некои не се женат- остануваат вечни беќари- :pos2:можеби вистината се крие во оваа статија :nesvest:- после шест дена ОТКАКО заколнатиот беќАР кој имал 64 години -се оженил, тој умрел
http://danas.net.hr/crna-kronika/page/2011/01/29/0091006.html?pos=n0
 
Кај нас има нешто повеќе мажи од жени. Не е голема разлика (негде 1.004 или околу 4000) ама не сме некоја голема мањина :)

Тамам сме а?! Колку сме, толку сме, токму сме! :pos: Инаку, јас со оваа појава сум запозната, ама немам никаков став. Мене професорката по француски во средно ми беше мома. :toe:
 
Море има и беќари и стари моми. Работата е тоа што некои од нив се помириле со фактот дека нема да најдат партнер кој им одговара и си го живеат својот живот како што нив и одговара и не се замараат што ќе мислат другите. Има други кои бараат, кои не сакаат да бидат сами но ете сеуште се сами.
 
еве им чаре за старите беќари- штом за србиве Албанките се спас за српските огништа- нека навалат и Македонците по жени во Албанија- плус зеле дупло помлади од нив :pos2:

http://www.alo.rs/vesti/36358/Albanke_spas_za_srpska_ognjista
 
Дедо Петар Австралиско-Новозеландско-Пелагониски имаше идеја пред неколку години ама никој сериозно не се заложи да му помогне да не биде тој САМ реализатор.Така `не можи` да се разбериме.
Полесно е групно...едноставно нели така е?
Идејата накратко беше за носење беќари од Пелагонискиот рурален земјоделски реон(тоа е сржта на нашата земја) и пошироко и нивно усреќување ни повеќе ни помалку туку во Русија.
„Оставете го човекот да работи не го заморувајте со глупости!“ , тоа одзвонуваше ежедневно нели...
Пропуштена прилика само ќе кажам.
Имам другари кои се доближуваат до целната група и христијански е да размислувам за нивно активно ангажирање во/за/околу случајов.Ние покорните,со скроената капа,ќе гледаме отстрана и вака ќе си пишуваме тивко...
Јас се сметам за многу скромен познавач на горенаведените прилики (Боже прости ми)и релативно надарен за чествување на сите Руски како христијански така и нехристијански обичаи и сметам дека идејата на Дедо Петар тлее сеуште меѓу упатените за ова за кое претходно говоревме.
Уште една информација : Новите SUV-ови благодарение на рецесијата се продаваат по багателни цени!И 4х4.Ги рекламираат на ТВ,во печатените медиуми,секаде...
Поздрав.
Се надевам ќе ми простите.
 
Koj да ги научи нешто подалеку од нивите?
Зборам за оние од селата...
Зависи колку го терале да работа, обично секој втор од нив тие денешните ергени скоро и да незнае да чита.
Некој има завршено само 8мо одд некој ни толку, ретко кој средно завршил.
Подалеку од селото освен на пазарен ден по градовите кога отишле?
Тоа е село и мора да се работи,така ги учеле,
кој нив друг ќе ги прошета?
Кој од вас би прошетал некоја таква лично по град за да запознае некое девојче, сигурно би сте се срамеле од самата помисла......
Како јас што сум имал некој што ме учел како да приоѓам на девојки, што да правам и како да се справам така тие Ергени немале никој таков што би ги научил нешто повеќе одколку садење пиперки.
Греота но тоа е тоа, мора да има се на светов.
Јас знам 5 души македонци што имаат земено жени од албанки од албанија, еден од нив е поп(свештено лице) нема што тука куќа без жена не е куќа.

Да речам еден од најреалните постови на оваа тема. Се` друго ви се чаршиски муабети кои не држат место. Значи тоа е основната причина што еден таков човек останува беќар или никогаш не се жени. Тоа е така во случај да збориме ако сака или бара девојка/жена од град или барем малку пообразована или поизживеана девојка од истото село. Обратно е полесно затоа што како што спомнавте мажите кога доаѓа тој момент најчесто бараат некое домаќинче кое и не мора да знае да прозбори или да разбира нешто и секако да има дупка де:). За така, уште поубаво ако е од некое поненаселено местенце, помал град или село.

стари беќари нема- има само СТАРИ МОМИ :helou:
Абе што зборуваш? Ме запрепасти со муабетов. Туку, што сакаше да кажеш? Дека мажите никогаш не стареат, не им поминува времето, не им е проблем да се оженат кога сакаат или? Се извинувам ама навистина не разбрав ...:jaj:

И само да додадам ... мака ми е кога читам вакви работи. Се` изгледа некако механички, материјално, вештачко ... никој никаде не спомна ништо како што е љубовта, слогата, страстта итн. Како да се тоа најмалку важните работи кои и не треба да ни паѓаат на памет кога некој е стар беќар или стара мома. Да се има некој за старост де ... циркузи ... :nesvest:
 
абе да не има некоја клетва врз местото? 50 тина беќари над 40? брееј
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom