Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Муабетот мене ми е дека има девојки и по селата и по скопските населби кои “не се на цена“. Не значи дека ако мене од Чаир не ме сака некоја од Центар дека треба скроз да кренам раце и да зборам дека поради тоа што таа од Центар не ја сакала Чаир како општина, ја не можам да си најдам партнерка и цел живот сам да останам.Има бааги вистина во она што Апо го спомна. Едно село на пример од Ск. Црна гора е со многу голем број "стари" ергени. Од разговорите со друштвото на син ми имам разбрано дека девојките имаат сличен став кон момци од периферни населби на Скопје.
Значи @Апо не само селата туку и населбите скопски кои "не се на цена". Не дека бутел има или нема многу беќари (не им знам бројка), но секако многу повеќе се трудат да најдат соодветен партнер и формирање семејство.
Лошо е да се потценуваат селата или перифериите, не е добро да се потценува сиромашно или скромно момче...но ете, таква е состојбата (која не е од денес, постоеше и порано, но се повеќе се диференцира и заострува). Обратното (девојка од периферија или село, а момче од град)...е многу помал проблем (не е ни проблем), мислам дека дел заради старите сфаќања кои никако да се искоренат. А финансиите и не се некоја причина туку повеќе повод за дел од овие состојби.
Има девојки и тука - а сигурно дека може да се најде една меѓу нив која ќе ми одговара.
Не е се’ работата на тацна да се послужи. За некои работи треба малку повеќе залагање, а не само префрлување кривица на трети страни.
Реков јас, ако главна пречка е потеклото - срамота.
Меѓутоа, реално, многу повеќе луѓе остануваат стари ергени (а и стари моми има доста) поради бркањето на кариерата.