Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Муабетот мене ми е дека има девојки и по селата и по скопските населби кои “не се на цена“. Не значи дека ако мене од Чаир не ме сака некоја од Центар дека треба скроз да кренам раце и да зборам дека поради тоа што таа од Центар не ја сакала Чаир како општина, ја не можам да си најдам партнерка и цел живот сам да останам.Има бааги вистина во она што Апо го спомна. Едно село на пример од Ск. Црна гора е со многу голем број "стари" ергени. Од разговорите со друштвото на син ми имам разбрано дека девојките имаат сличен став кон момци од периферни населби на Скопје.
Значи @Апо не само селата туку и населбите скопски кои "не се на цена". Не дека бутел има или нема многу беќари (не им знам бројка), но секако многу повеќе се трудат да најдат соодветен партнер и формирање семејство.
Лошо е да се потценуваат селата или перифериите, не е добро да се потценува сиромашно или скромно момче...но ете, таква е состојбата (која не е од денес, постоеше и порано, но се повеќе се диференцира и заострува). Обратното (девојка од периферија или село, а момче од град)...е многу помал проблем (не е ни проблем), мислам дека дел заради старите сфаќања кои никако да се искоренат. А финансиите и не се некоја причина туку повеќе повод за дел од овие состојби.
Има девојки и тука - а сигурно дека може да се најде една меѓу нив која ќе ми одговара.
Не е се’ работата на тацна да се послужи. За некои работи треба малку повеќе залагање, а не само префрлување кривица на трети страни.
Реков јас, ако главна пречка е потеклото - срамота.
Меѓутоа, реално, многу повеќе луѓе остануваат стари ергени (а и стари моми има доста) поради бркањето на кариерата.
можеби тој регион нема толку неженети па...може да направи компензација, средби. Стварно, зашто нема клубови каде луѓето од цела држава би се запознавале и дружеле...некоја организација која ќе ги зближува и дружи, барем повозрасните. Ене кумановско беќари, ресенско, скопско...а од друга страна во струмичко моми кандидати. Дали сме мала земја и срамежлива (традиција, соседи...) или до што е.
и таму и тука
Инаку, јас со оваа појава сум запозната, ама немам никаков став. Мене професорката по француски во средно ми беше мома.