ПОРТУГАЛЕЦОТ ГО ПОТВРДУВА ЗАМИНУВАЊЕТО
Роналдо: Си одам од Манчестер најдоцна следното лето
Според последните најави на Португалецот Кристијано Роналдо, неговото заминување од Манчестер Јунајтед е се поизвесно, а останува отворено прашањето дали тоа ќе се случи оваа или следната сезона.
"Ако не го напуштам Манчестер оваа година, во секој случај ќе си заминам следното лето", им изјавил Роналдо на своите пријатели.
Извонредниот фудбалер кој годинава би можел да ги собере сите признанија како најдобар фудбалер во 2008, смета дека во Манчестер Јунајтед веќе има освоено се што може да се освои и можеби сега е вистинското време да го оствари својот сон со трансфер во Реал Мадрид.
Околу преминувањето на 23-годишниот играч на Сантјаго Бернабе веќе се створи вистинска сага, па светската јавност секојдневно чека нови вести во правец на евентуалниот потпис за Португалецот. Тоа најмалку им се допаѓа на луѓето во Манчестер Јунајтед, при што менаџерот Сер Алекс Фергусон потврди дека ќе даде се од себе да го задржи генијалното крило кое годинава беше и најдобар стрелец и најкорисен играч и во англиската премиерлига и во Лигата на шампионите.
И Барселона во игра за потпис со Роналдо ?
Одредени шпански медиуми пренесуваат дека Барселона би можела да стане фаворит во трката за ангажман на Кристијано Роналдо, доколку поранешниот потпретседател Сандро Росел добие шанса да се кандидира за претседател на клубот оваа година. Изборите за нов прв човек на каталонскиот клуб се уште се на база на шпекулација, а зависат од претстојниот референдум на кој ќе се решава дали ќе има потреба од такво нешто, иако многумина очекуваат дека Роналдо би бил фудбалерот кој Росел ќе се обиде да го доведе за да ја добие таа функција. Причините за оптимизмот дека Росел би можел "да допре" до Роналдо, тоа се во фактот дека Росел е близок пријател со агентот на Португалецот, Хорхе Мендес, кој претходно помогна во донесувањето на Деко на Ноу Камп. Воедно, Росел најавува дека како тренер би го довел португалскиот селектор Луис Фелипе Сколари, кој има одличен однос со Роналдо.
A za ova so vikas ?? :S:S:S