(Стара) Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
yyeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee sega sum najradosen u cel svet. i cestito titula
 
Sir Alex: Ronaldo is staying

Еве и официјална потврда од шефот, така да не треба повеќе да се шпекулира со иднината на Роки.
 
Apokalipto напиша:
Хех, аман де кои и да ги земеме во Манчестер едноставно ЌЕ БЛЕСНАТ.

...дури и магариња да земеме ќе се снајдат

Точно :)
 
Карим Бензема ако го земете е тогаш шо ќе праи мен ју:)
 
Карим Бензема ако го земете е тогаш шо ќе праи мен ју:)

Карим е појак и од анри и моментално е без конкуренција во светот на млади перспективни напаѓачи,а исто и Луис Фабиано.Само да видиме што ќе се случи со Манучо.ако добие работна дозвола според мене не треба друг напаѓач да доаѓа.
 
Луси Фабиано може да го земеме а Алвеш потпиша веќе за Барса може и Хунтелар Мајкл Овен ама треба и одбранбени играчи да земе Ферги тоа ни треба.
 
Луси Фабиано може да го земеме а Алвеш потпиша веќе за Барса може и Хунтелар Мајкл Овен ама треба и одбранбени играчи да земе Ферги тоа ни треба.

не има уште потпишано.се преговара ама уште не има потпишано.исто како ние со Босингва.
 
Цццц, абе зошто сите викат дека потпишал!? Севиља не ја прифаќа понудата на Барса од 25 милиони евра, па затоа ќе почекат малку! А додека да почекат Алвес ќе дојде кај нас! :)
 
Цццц, абе зошто сите викат дека потпишал!? Севиља не ја прифаќа понудата на Барса од 25 милиони евра, па затоа ќе почекат малку! А додека да почекат Алвес ќе дојде кај нас! :)

Мене па од друга страна ми е шубе ако дое Алвес, па може да се срчкаат со Шминкерот, гарант, и двајцата ѕвезди ќе глумат и може да дое до најлошото!
А кој му се праи на Ферги ѕвезда и слично се знае како завршува :)
Башка ми се свиѓа као игра сеа Весли Браун, од коа го зема Капело во репрезентација е напраен говедо, будала, многу е подобар, така да десен бек до негде и не треба, се покажа цела сезона чоекот.
 
Иднината на Евра се одлучува нареднта недела

Патрис Евра откри дека наредната недела ќе има уште еден состанок со управата на Јунајтед околу неговиот нов договор.

Францускиот интернационалец има уште една година од неговиот тековен договор со Јунајтед и откри дека многу клубови пројавиле интерес за него по одличната сезона. Евра подолго време чека неговата иднина да биде одлучена, и сега наредната недела треба да има нови преговори за продолжување на новиот договор.
“Состанокот траеше многу кратко. Ќе имаме нови преговори на 29 мај.” – рече Евра за L'Equipe.
“Сега се останува на клубот, кој знае што побарав. Ќе видиме што ќе се случи.”
“Многу клубови се интересираат за мене. Многу е логички тоа бидејќи имав одлична сезона. Но како и да е, се надевам дека ќе пронајдеме решение што поскоро.”
Левиот бек на Јунајтед е вклучен во привремениот состав на Рајмонд Доменеш, и се надева дека ќе учествува на ЕВРО 2008.
“Настапот на ЕВРО 2008 може да биде важен чекор во мојата кариера. Ќе биде мојот прв турнир со Француската селекција.”
“Се надевам дека ќе ја завршам сезоната со Европска титула со Франција”
 
Imase izjava i ferguson i go napadna precedatelot na real deka sakal da vnese razdor vo ekipata na manchester so izjavite za transfer na ronaldo i veli deka ronaldo ostanuva sigurno vo manchester. Ako e taka toa e veke dobra vest.
 
Иднината на Евра се одлучува нареднта недела

Патрис Евра откри дека наредната недела ќе има уште еден состанок со управата на Јунајтед околу неговиот нов договор.

Францускиот интернационалец има уште една година од неговиот тековен договор со Јунајтед и откри дека многу клубови пројавиле интерес за него по одличната сезона. Евра подолго време чека неговата иднина да биде одлучена, и сега наредната недела треба да има нови преговори за продолжување на новиот договор.
“Состанокот траеше многу кратко. Ќе имаме нови преговори на 29 мај.” – рече Евра за L'Equipe.
“Сега се останува на клубот, кој знае што побарав. Ќе видиме што ќе се случи.”
“Многу клубови се интересираат за мене. Многу е логички тоа бидејќи имав одлична сезона. Но како и да е, се надевам дека ќе пронајдеме решение што поскоро.”
Левиот бек на Јунајтед е вклучен во привремениот состав на Рајмонд Доменеш, и се надева дека ќе учествува на ЕВРО 2008.
“Настапот на ЕВРО 2008 може да биде важен чекор во мојата кариера. Ќе биде мојот прв турнир со Француската селекција.”
“Се надевам дека ќе ја завршам сезоната со Европска титула со Франција”

100% Евра ќе остани во Мен Ју.не може да се замисли да игра во друг тим.за 1 недела ќе добие многу подобар шампионски договор:)
 
Фергусон: Барселона е сто пати погосподска од Реал


Менаџерот на Манчестер Јунајтед жестоко го нападна водството на Реал Мадрид откако Шпанците по којзнае кој пат изразија желба за купување на Кристијано Роналдо.

„На луѓето во Реал им недостасува морал и манири. Рамон Калдерон ја користи Марка (шпански весник близок до Реал н.з.) за да го дестабилизира мојот тим“, изјави Фергусон продолжувајќи ги критиките кон мадриѓаните:

„Тие мислат дека можат да прават што сакаат, да го покорат целиот свет. Но, со нас тоа не оди така, нема да му наштетат на Манчестер Јунајтед. Реал воопшто нема морал, а ни манири. Барселона е господски клуб каков што Реал нема никогаш да биде“.

„Зар во Мадрид мислат дека само нив ги интересира Роналдо? Имаме десетици понуди за него. Но, другите клубови го прават тоа тивко, не изведувајќи будалштини како мадриѓаните“.

Фергусон посебно се возбуди по изјавата на Калдерон кој смета дека не е коректно кон играчот да биде задржан во клубот без негова желба и ги нарече челниците на Манчестер робовладетели.

„Читав телетекст. Сите зборуваат за тоа. Калдерон има нешто да каже, Шустер има нешто да каже... Калдерон си зема за право да говори дека робовладетеството е укинато пред многу години. Исто како да го слушам Франциско Франко. Зар претседателот на Реал се обидува да го оспори договорот кој Роналдо го потпиша со нашиот клуб?“

„Ние робовладетели? Види кој ми го вели тоа, челникот на Реал, клубот кој му беше омилен на Франко. Но, во ред. Веќе се навикнавме мадриѓаните да се однесуваат бесрамно“, ја продолжи тирадата Шкотот и удри таму каде што најмногу боли:

„Челниците на Барселона, за разлика од Реал, се морални и чесни луѓе. И тие се интересираат за наши играчи, па за тоа не зборуваат гласно. Ако во Реал мислат дека на нешто ќе не присилат, се лажат. Кога им ги продававме Бекам, Нистелрој или Хајнце, го сторивме тоа по наша волја. Продажбата на Роналдо не ни е по волја и затоа тој нема да игра во Мадрид“, заклучи познатиот шкотски тренер.
 
_44686931_wind270.jpg


Хул Сити се нови Премиер лигаши, со помошта на ова црново дете на сликата кое догодина го чекаме во нашиот црвен дрес.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom