Вака... Одбраната е во бунило, сите спијат. СИТЕ! Одат двајца да покриваат еден играч, Алвеш сам остана, Керик проба да го стигне, ама не можеше.
Во 30-тата минута Руни не беше во офсајд, беше во чиста ситуација, ќе дадеше гол сигурно.
Пред крајот на првото полувреме, кога Роналдо биеше, Арка изгледа беше, со рака го одбрани ударот, изгледа не знае дека он не е голман.
Ама Рајли ко Рајли, се прави дека не гледа, не сака да суди против Мидлзброу. Уствари не сака да донесува правилни одлуки.
Имаше и 3-4 ситни, ама битни фаули кои не ги досуди. Посебно оној над Керик кога беше 17-18 метри од голот.
Во одбрана значи не се снаоѓаме, играчите можат многу подобро да изиграат, како да мислат на дуелот со Рома, непотребно.
Судијата суди како за инает против нас. Кој го гледа мечот, знае дека е така.
Гигс не заслужува место во првиот тим, имаше неколку точни додавања, затоа загуби премногу топки и дуели.
Ни треба сега Нани, ама повреден е. Ќе биде тешко, не очекувам дека ќе ги декласираме, презадоволен ќе сум со 3 бода да си дојдеме дома.
Сега Рајли треба да ни поклони пенал и неколку слободни удари.
Роналдо уште еднаш докажува дека е најдобар, се зае*ава цело време, ама и гол си даде.
Нека пукнат душманите, кои што го мерат со оној Кака’ кои што дрибла играчи што треба да играат во 2-ра македонска лига.