Станува ли Скопје редовна дестинација на најдобрите светски DJ-и?

  • Креатор на темата Креатор на темата Clen 7
  • Време на започнување Време на започнување
Deep Zone and Balthazar ште минат през Скопие за промо турнето си ЗА ЕВРОВИЗИја :smir: :smir:
 
Па не баш редовна, ама врват од време на време :) Ама пополека ке стани се множат клаберите :)
 
Аааа... Како не е редовна?? Погледни назад 2 години да видиш колку и кои Dj-и биле овде.
 
Јас мислам дека општо македонија... не само скопје... еве на пример Chris Lawyer имаше турнеја низ македонија... сеа беше парк во охрид... btw не видов дали тиесто го имате напишано беше и тој 2-3 пати у ск... али сепак ова вејќе постанува факт дека македонија постанува редовна дестинација на светските дји... сега prodigy пак ке доаѓаат :vozbud::salut::olee:

нема прашање... вејке постана :D ! ама за цела македонија прајме муабет:smir:
 
Па добро сеа,цела.Не е цела.Највеќе Скопје. Реално гледано.Ама па Охрид и Струга последниве 3 лета направија добри журки на плажа :)
 
Па да ама си идат дј , ама не идат секоја година, ќе дојди еднаш и после 2, 3 години го нема, зависи за кој, ама ако споредиме со публиката кај нас и во странство супер е. :party3: А и имаш право кога ќе видам вака наназад, 80 % од најпопуларните дј , најмалку еднаш ја посетиле Македонија.
 
Епа добро.Ако иде нон стоп па ќе здозади. Ко Matthew Deekay.100 пати има дојдено и досадно е веќе,Треба да напраи малце пауза.А пак е препуно на негови журки бе....
 
Епа добро.Ако иде нон стоп па ќе здозади. Ко Matthew Deekay.100 пати има дојдено и досадно е веќе,Треба да напраи малце пауза.А пак е препуно на негови журки бе....

И уште еднаш....
 
Одамна е Скопјево на таа карта :) уште од 95та година, ако не и порано!
Јас паметам као дете 6то одделение или можеби 5то ме однесоа братучетките на Џон Аквавива на саем (уште гоа транс коа рокаше)
А сега го знаат Аквавива од коа рока нешо помекано :pos: свашта...мала шала, да не се увреди некој клабер, па да ми мрчи после, ама што е така е сепак!
Значи, глупаво е да напише некој што оди на журки на познати фаци од пред 3 години дали стануваме полека редовна дестинација, факт е, а има и постари што ќе си потврдат дека одамна овој муабет е поминат :wink:
Пис клабер'с
 
Абе точно дека можеме да се пофалиме дека правиме журки со фаци кои доаѓаат од секаде и имаме супер манифестации, фестивали ... али сепак мислам дека сме многу многу назад. Не е се во правњето журки секој четврток од страна на Colosseum плус мое реално мислење е дека поголемиот дел од публиката која иде на тие настани, иде за да биде видена, пошто тоа е тренди момeнтално и е шема да се клатиш со виски на сепаре. Малце излишно ми е тоа, а и ако ме прашате мене доста по ајде да го речеме кремот од дји и артисти се носат. Има доста по квалитетни имиња кои можат да се донесат и на помали простори и за поамлце пари и да се има дешавка боли глава. Али се навикнавме во последниве 3 години некако Colosseum да ја диктира шемава во скопјево по тоа прашање па сите се возиме натака :)

П.С. Мислам дека на сите одамна ни пројде кејфот за Mathew Dekay нели ?
 
Така е фацо :)
Фаци што идат за да бидат видени, не коментирам, ќе ги има и понатаму!
Што сме назад, назад сме, поради фактот што еден дел од квалитетните фаци, кои доаѓаат овде не ги носат овие јакичкиве, па затоа се "тапа" за публикава и слично...значи уште една застарена работа - луѓево врска си немаат, чест на исклучоци.
...
И после таа фаца ќе ја донесат поисфурани батки (во секоја смисла) и сите ќе дознаат - спомнав нешто вакво погоре.
А за Дикеј мене ми помина филмот уште кога се избаци со Нилс Ноа и тој Американецот у самер Локосеум и толку, се знаеше дека ќе биде 2дел, 3дел,...ама ајде де разлика на вкус нека биде :)
Значи идат фаци - квалитет и се по список каде преовладува, е сега работава е што треба прво да се образува поголем дел од публикава, па да знаат сите на што идат и за што идат, уствари!
Пис
 
Абе точно дека можеме да се пофалиме дека правиме журки со фаци кои доаѓаат од секаде и имаме супер манифестации, фестивали ... али сепак мислам дека сме многу многу назад. Не е се во правњето журки секој четврток од страна на Colosseum плус мое реално мислење е дека поголемиот дел од публиката која иде на тие настани, иде за да биде видена, пошто тоа е тренди момeнтално и е шема да се клатиш со виски на сепаре. Малце излишно ми е тоа, а и ако ме прашате мене доста по ајде да го речеме кремот од дји и артисти се носат. Има доста по квалитетни имиња кои можат да се донесат и на помали простори и за поамлце пари и да се има дешавка боли глава. Али се навикнавме во последниве 3 години некако Colosseum да ја диктира шемава во скопјево по тоа прашање па сите се возиме натака :)

П.С. Мислам дека на сите одамна ни пројде кејфот за Mathew Dekay нели ?

Може да се каже дека го делам истото мислење, но морам нешто да додадам ...
Имам впечаток дека тн. клабери во Скопје (говорам конкретно за Скопје!) незнаат да мислат со своја глава :toe:
Значи сите го пеат истиот рефрен: "У Хард рок е најбоље у недела на хип хоп, у четврток е најбоље у Колосеум, у петок е најбоље ..."
И сите се таму тогаш нели, та се прават ужасни гужви пред влезовите на самите дискотеки, и почнуваш да имаш чувство дека си улетал у некоја групна туча, иако дома си дремел пред огледало 2 саати да се стокмиш и да се појавиш у лепо светло.:nerv:

И да, како тоа толку се полнат дискотеките на некои анонимни Диџеи (барем за мене!), а тврдам дека и за поголемиот дел се исто така анонимни ... мислам, кое е задоволството да отидеш да слушаш тип на кој името неможеш правилно да му го изговориш?! (реторички!)

Јас не се срамам да кажам дека не го знам Метју Дикеј (го знам на лик само, пошто дават со тоа рекламите!), незнам каква музика пушта, и не би отишла да го слушам пошто немам ни една причина за тоа!
И сеа не сум од шемата?! :pos2:
 
Ма не се дава шанса на пдомладокот. Сеуште се тера со некој поминати имиња. Баш имавме еднаш фина дискусија ... поради сите тие турења на mysapce со vote for me на оваа листа на онаа листа, дји-те си прават маркетинг и изрипуваат на рангирање високо со што доста од клубовите ќе викаат од тој калибар фаци и така доаѓаат едните исти имиња.
 
Додека има овци ќе има и џемпери ...

Ма дај, затоа и не идам у дискотеки и ептен ми е фино, сеуште сум жива и здрава и ништо не ми фали :wink:
 
A be molete se na Svila,ta inache ni clubbing ni Butur vo Sk.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom