Stand up комедија во Македонија

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Стенд ап комедија во Македонија

Со утрешниот настап на актерот Сашко Коцев во кабарето Џубокс, во Македонија за прв пат ќе почне да се прикажува жанрот „стенд ап“ комедија. Се работи за сатиричен перформанс за публика во живо, во кој актерот изразува лично критичко гледиште на општествените настани и бара реакција од публиката. Идејата за комедија „од нога“ како што популарно се нарекува, е резултат на потребата јавно да се искритикуваат појавите од секојдневието, а едновремено да се збогати и понудата на ноќниот живот.

- Стенд ап комедијата е како родена за Македонија. За неа ви требаат еден добар комичар и еден микрофон, што е буџет нешто над просекот на инвестицијата на Владата во театарот. Наведнати сме деведесет проценти пред институциите, но сега ќе има каде јавно и отворено да ги искритикуваме. Кабаре Џубокс е отворено секоја среда, за сите што сакаат да кажат нешто за дневното и ноќното живеење но и за оние што сакаат да се забавуваат, објаснува Јовица Михајловски, актер и косопственик на Џубокс.

Настапите се во траење од 45 минути до еден час, но практиката во Америка, каде изворно се прикажува ваквиот тип комедии, покажува дека времетраењето зависи од реакцијата на публиката во просторијата. Стенд ап комедијата најчесто се изведува во ноќни клубови, барови или театри, каде изведувачот е ставен во еден вид „сендвич“ меѓу ѕидот позади него и самата публика.

- Јас сум човек што многу отворено си ги искажува маките. Разликата меѓу театарот и комедијата „од нога“ е во тоа што публиката во театарската сала е поддржувачка, дојдена е да бодри. Во стенд ап комедијата, може да има секакви реакции на негодување или аплаузи, на плачење или на смеење, затоа што јас изразувам мој личен став и не можам да се заштитам со некој лик од книжевно дело, како што е случај во претставите – вели Сашко Коцев, актер кој ќе го скрши мразот на утрешната премиера во Џубокс.

Цената на билетот за стенд ап настапите е 200 денари, а сите гости ќе добијат 30 процентен попуст на пијалоците во Џубокс.

Мирослава Симоновска
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ова е одлично, баш сакав и јас да отворам тема за ова. :) Само не знам картите однапред се купуваат т.е влезницата или утре на врата тоа?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Како голем обожавател на ваквиот перформанс се радувам што ќе почне да го има и кај нас.Ваквите настапи се неверојатно тешки но најдобрите комичари почнале на ваков начин,да ги споменам Џим Кери,Еди Марфи...
Мислам дека Сашко ќе го биде,ја има способноста,па после би можел и Тони Михајловски да се обиде:wink:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ајде кајганаџии на кого му се оди на првата stand up comedy во МК?
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Карти или влезници, како се стигнува?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Stand up т.е. комедија „од нога“ е стил или форма на комичен перформанс наменет за публика во живо, каде најчесто комичарот и` се обраќа неа директно. Stand up перформансот најчесто е краток, а комичарот во брз ритам и во континуитет раскажува хумористични приказни, кратки шеги, т.е. скечеви (bits), или анегдоти, т.е. кратки шеги со поента (one liners) кои наликуваат на типичните монолози или рутини на изразување.

Некои stand up комичари користат реквизити како музика или магични трикови за да го зголемат ефектот на самиот настап.

Билетите се купуваат на врата, перформансот започнува во 22:00 часот и вака „од око“ Џубокс собира само стотина луѓе, што мислам дека е малку.
Добра вест - организаторите се во преговори со неколку телевизии и многу е веројатно стенд ап настапите да се преселат на малите екрани наскоро.:wink:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090
Би сакал да одам на ова, уште повеќе би сакал Тони Михајловски да го гледам во живо, порано кога водеше Бубамара не можев воздух да земам од смеење. Во секој случај браво на одличната идеја, сигурно ќе отидам.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Има информации за цената на картите?

Edit: Извинете не видов дека е 200 денари.
 
Г

Господ

Гостин
Се надевам дека ќе се продолжи со ваквата дејност во државава,само,мислам дека нема да биде којзнае колку популарно и не верувам дека комичарите ќе допираат претерано жешки теми од Македонското секојдневие...а се надевам дека тие ќе бидат главна тема.
Особено горам да слушнам некој да ја критикува домашната политичка "сцена" на овој начин.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Конечно и кај нас вакво нешто. Ова е доста популарно преку големата бара, а кај нас единствено на Бубамара го гледавме. Сашко Коцев без сомнеж одлично би го одработил ова, патем му стои вакво нешто.

Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Кили... Сите овие одлично би се вклопиле. Да се надеваме дека нема да застанат само на неколку “шоуа“, и истово би продолжило многу помасовно.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Сашко и Гораст ми се малце излитени.
Али Игор Џамбазов, Тони или Кили да праат стенд-ап, нема ништо да ме спречи да отидам шоу!
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.878
бел бумбар за ова.
Иако не сум многу фан на целиов муабет со глумциве, смешни се и држат добар хумор и Тони и Сашко(овој не толку, му треба работа малце), Кили не е смешен, барем не се труди да е смешен и кај него повеќе на спонтаност иде работата, Игор такуѓере, никад нема сценарио, како налага приликата таква гачка опнува. : )

Повеќе би ми се свиѓало кога на пример би направи вакво нешто за анонимуси, пример К15 аудиција имаше ликови што можат комотно да настапат на вакво нешто, или не мора, нека се пушти муабет само нека се окуражи народов, aбе во просек у секое ебано маало у Скопјево има по еден лик шо може да ти исцепи бешика. Посимпатично би било така.
Па здравје некој ден да си имаме и ние наш Шапел или Карлин и слични. :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Сите што мислат дека ги бива за stand up, може да отидат во Џубокс и да го побараат Јовица Михајловски. Нема класична аудиција, ама ако сакате, можете и вие да имате своја stand up вечер. Итар Пејо ме потсети со ова за младиве таленти.

Има една будала на форумов (у позитивна смисла) Миле Паника му е никот, мислам дека е роден за stand up.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom