Извор: Инпрес
Бачев - Охрид во заложништво на полициското подземје! Охрид, 11. септември 2010 (ИНПРЕС)
 Јанко Бачев,  сега партиски лидер, поранешен обевештаец и добро упатен човек во  случувањата во безбедносниот сектор во земјата, во авторски текст во  неделникот „Фокус“, тврди дека Охрид живее во шемата на полициското  подземје и дека тука треба да се бараат причините за убиството на  српскиот турист, тепачките во кафулињата, рекетот и другите грди нешта.
фитабилни криминални интереси преку еден службеник во охридската  полиција. Овој човек ја користи моќта што му ја овозможува полициската  служба, а во заднина има регистрирано агенција за обезбедување на име на  својот син, која го контролира речиси целокупното обезбедување на лица и  имот од Охрид, тврди Бачев. Бачев не го открива името на полицискиот службеник и на неговата  агенција за обезбедување, но е многу лесно читливо за кого станува збор.  Во Охрид го знаат како разуздан ловџија, политички превртливец и слуга  на политички моќните луѓе, или пак на поранешните стопански моќници.  Прашање е само што прави министерката Јанкуловска и дали и таа не знае  за кого станува збор и како сето тоа го толерира - нејзин службеник да  завладува со бизнисите и безбедноста на Охрид.
 Бачев тврди дека агенцијата на охридскиот моќник - полицаец, е  регистрирана во непостоечка, фантомска Комора за обезбедување, која  издала 15 илјади лиценци и заработила 6,5 милиони евра. Сите тие луѓе  имаат право да носат оружје, а со бројката се над сите вооружени  полицајци, но и над сите вооружени во АРМ. Кој ја контролира таа сила и  во чии интереси работи?, прашува Бачев.
 Полициското подземје, преку овој локален моќник во Охрид, ги  остварува своите бизнис ионтереси. Тој функционирал како истурено  одделение на фантомската Комора на обезбедувачи од Скопје и дека за 400  евра, делел лиценци, со печат и во име на фантомската комора.
 Бачев потсетува дека критичната ноќ, кога е убиен српскиот турист, во  центарот на градот немало полицаец и тврди дека подземјето во свои  раце, од полицијата, го презело обезбедувањето на Охрид. Меѓу  обезбедувачите, има лица со криминални досиеа, тврди Бачев.
 - Полициското подземје целосно ја презема грижата за редот и  поредокот на Охрид. Со еден збор, Охрид е во заложништво на локалните  полициски службеници од шемата на главното полициско подземје, заради  рекетирање и остварување на неговите профитабилни интереси, тврди Бачев.
 Бачев предлага МВР најитно да воведе принудна полициска управа во  Охрид. Без ова се релативизира успешното полициско расчистување на  убиството на српскиот турист, а не гледам корист ниту од изјавата на  премиерот Никола Груевски, дека не треба премногу да се драматизира  сигурноста на граѓаните, бидејќи убиства се случувале и во околните  држави, поентира Јанко Бачев, во својот авторски текст во неделникот  „Фокус“. (Крај)