N
n/a
Гостин
Срѓан Керим е македонски политичар, некогашен амбасадор, министер и Претседател на Генералното собрание на Обединетите Нации од 18 септември, 2007 до 16 септември, 2008.
Биографија
Роден е на 12 декември 1948 година, во Скопје. Дипломирал на Факултетот за економски науки во Белград 1971 година, а во 1982 година се здобива со звање Доктор на економски науки. Од 1972-1991 е професор на катедрата за Меѓународни економски односи во Белград. Предавал и на унверзитетите во Хамбург и Њујорк.
Има објавено девет книги со тематика од областа на светската политика, меѓународната економија и проблемите на младината, како и повеќе од 100 научни трудови кои се публикувани во Македонија и во повеќе земји, меѓу кои Германија, Франција, Грција, Австрија, Србија и Црна Гора, Словенија. Од јазици зборува англиски, германски, француски и српски. Оженет е и татко на три деца.
Во периодот 2000-2001 година Срѓан Керим беше министер за надворешни работи на Република Македонија. Во рамки на својата дипломатска кариера од 1994 до 2000 година беше амабасадор на Република Македонија во Германија, а од 1995 до 2000 беше именуван и за амбасадор во Швајцарија и во Лихтенштајн. Од 2001 до 2003 година беше амабасадор на Македонија при Обединети нации во Њујорк. Керим во 1999 и 2000 година беше и специјален пратеник на Координаторот на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.
Меѓу функциите кои ги извршувал за време на неговата политичка кариера во поранешна СФР Југославија бил министер за економски односи со странство во Владата на Република Македонија во периодот 1986-1989, а од 1989-1991 година помошник министер во Сојузното министерство за надворешни работи на СФРЈ. Во 1990-1991 бил портпарол во Сојузното министерство за надворешни работи на СФРЈ.
Од 2003-2006 година е претседател на Македонско-германското стопанско здружение, а во 2006 година е избран за почесен претседател на Здружението. Од 2004 година Керим е претседател на Управниот одбор на Политика Новини и Магазини во Белград.
Тој е од македонско и турско потекло.
И е мој апсолутен фаворит за местото претседател на нашата држава.