Срѓан Керим за Претседател

  • Креатор на темата Креатор на темата n/a
  • Време на започнување Време на започнување
N

n/a

Гостин
Срѓан Керим е македонски политичар, некогашен амбасадор, министер и Претседател на Генералното собрание на Обединетите Нации од 18 септември, 2007 до 16 септември, 2008.

Биографија

Роден е на 12 декември 1948 година, во Скопје. Дипломирал на Факултетот за економски науки во Белград 1971 година, а во 1982 година се здобива со звање Доктор на економски науки. Од 1972-1991 е професор на катедрата за Меѓународни економски односи во Белград. Предавал и на унверзитетите во Хамбург и Њујорк.

Има објавено девет книги со тематика од областа на светската политика, меѓународната економија и проблемите на младината, како и повеќе од 100 научни трудови кои се публикувани во Македонија и во повеќе земји, меѓу кои Германија, Франција, Грција, Австрија, Србија и Црна Гора, Словенија. Од јазици зборува англиски, германски, француски и српски. Оженет е и татко на три деца.

Во периодот 2000-2001 година Срѓан Керим беше министер за надворешни работи на Република Македонија. Во рамки на својата дипломатска кариера од 1994 до 2000 година беше амабасадор на Република Македонија во Германија, а од 1995 до 2000 беше именуван и за амбасадор во Швајцарија и во Лихтенштајн. Од 2001 до 2003 година беше амабасадор на Македонија при Обединети нации во Њујорк. Керим во 1999 и 2000 година беше и специјален пратеник на Координаторот на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

Меѓу функциите кои ги извршувал за време на неговата политичка кариера во поранешна СФР Југославија бил министер за економски односи со странство во Владата на Република Македонија во периодот 1986-1989, а од 1989-1991 година помошник министер во Сојузното министерство за надворешни работи на СФРЈ. Во 1990-1991 бил портпарол во Сојузното министерство за надворешни работи на СФРЈ.

Од 2003-2006 година е претседател на Македонско-германското стопанско здружение, а во 2006 година е избран за почесен претседател на Здружението. Од 2004 година Керим е претседател на Управниот одбор на Политика Новини и Магазини во Белград.

Тој е од македонско и турско потекло.
И е мој апсолутен фаворит за местото претседател на нашата држава.
 
не сум сигурен
јас не би гласал за него
макар и за никој да не гласам
ни името ни презимете не му се македонски а и ова ме буни
Од 2004 година Керим е претседател на Управниот одбор на Политика Новини и Магазини во Белград.
 
Треба да се чекаат и другите кандидати но вистина е дека јас би гласал за него.
 
И јас би гласал без размислување за Срѓан.
 
одамна ја спомнав дека срџан е најдобар избор на врморо за прецедател и ми се смееа другите ( во темата за љубе за прецедател или така нешто) така да тој човек одлично би ја водел политиката на македонија
 
Иако вака од страна на политички интереси, не ни одговара керим, јас не гледам поквалификуван за позиција прецедател на држава, како позиција со предоминантно дипломатска основа, а на тоа поле ретко кој може да се рамни со Керим во нашава држава.

Треба да се види кој ќе му биде против кандидат, па така да се стави на вага кој би направил поголема штета на државата, дали керим со неговите малку поразлични политички интереси или некој друг со паслабите дипломатски способности.

Лошо или добро (зависно кој го сака или не) за керим е тоа што не е човек кој прима мито и нема економски интереси, пошто финансиски и фамилијарно е обезбеден до внуци, башка е свесен дека нема потреба со такви работи да си го прља угледот.
 
Зависи од тоа со која партија ке испадне!

Ти за партија гласаш, или за квалитет на чоек? Жално ако твоето прво гласање си го изгнасиш на партиска база.
 
Предавал и на унверзитетите во Хамбург и Њујорк
Kako ambassador na Makedonija vo Germania i Obedinitite nacii e dal po nekoj govor vo ovie univerziteti, no da e bil professor tamo - ne e bil ! :toe:

Дипломирал на Факултетот за економски науки во Белград 1971 година, а во 1982 година се здобива со звање Доктор на економски науки. Од 1972-1991 е професор на катедрата за Меѓународни економски односи во Белград.
Vo Belgrad navistiba e bil professor !
 
Kako ambassador na Makedonija vo Germania i Obedinitite nacii e dal po nekoj govor vo ovie univerziteti, no da e bil professor tamo - ne e bil ! :toe:

Кога ќе се рече дека некој предавал, не значи дека бил професор таму, туку дека држаел некои предавања, кои можат да бидат на пример како гостин предавач поканет од некој тамошен професор, а во германија тоа го има многу често.
 
Кога ќе се рече дека некој предавал, не значи дека бил професор таму, туку дека држаел некои предавања, кои можат да бидат на пример како гостин предавач поканет од некој тамошен професор, а во германија тоа го има многу често.
Verno e tova, no gostin moje da dargi po nekoja lekcia i tova ti e. A tekstot shto e napisan implicira da e bil redovoven predavach (professor).

I jaz sum daval takvi govori, no ne si gi pisham vo CV-to na toj nachin. :toe:
 
Срѓан Керим е најголемата беља што може да не снајде,поголема дури и од Бранко и Љубе заедно.Уште со проневерата на милион евра за амбасадата во Берлин кога беше амбасадор,па се до големата поврзаност со тутунската мафија на Балканот и журките во Црна Гора со Суботиќ и Ѓукановиќ,надополнети со “буткици“ од Украина и Русија кога влезе во ВАЦ,како закрила на матните со еден легален медиумски бизнис,каде беа звучни имиња како Бодо Хомбах инволвирани во бизнисот вреден милијарди,Срѓан се покажа и докажа како “политичар“ од голем калибар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom