Анастазија...
Тоа што се случува моментално во Македонија е апсолутен потоп кој што е менаџиран од сељачишта.
Кога ќе земе човек да пресмета и засмета кој уствари на каква функција е у моментов и води држава, а во исто време две чисти нема у главата ти станува јасно зошто уствари се дешаваат такви катастрофи какви што ова реформаториве редат една по една.
И за цело време,од уста не ги извадија комуњарите.
Тоа што новопечените господа у опанци и бели чорапи не можат да го согледаат е фактот дека нивната поморанџеста револуција пред `независните проматрачи` со ништо не се разликува од онаа на комуњарите у 45-та.

Принципот е исти.
Ко црвените кмери нападнаа и заземаа позиции кои што де факто ни у сон не можат да ги оправдаат и со успех да ги владеат,туку зајдоа од деловни ручеци и вечери каде што вероватно ги искалуваат нервозите произлезени од чувството на немоќ кое што само по себе им доаѓа од чувствителноста на позицијата на моќ со која што не знаат да се справуваат и да се носат.
Примери мал милион... само што јас држам до етика и ценам рамка на игра па не би јавно да прозивам.
Што остана?
Остана голата пропаганда и принципот на делење со простиот народ...
дур оние попаметните и поимушните се навистина згрозени од тоа што го гледаат и им се случува.
Сега... во една ваква ситуација,многу логично е јас и многу други да сакаат промена.
Искрено... алергичен сум на Гвујо,престанав телевизија ебате да гледам се заради него,само никнуе од негде и дроби срања кои што немаат врска со реалноста.
Алергичен сум и на неписмени министри,на директори и шефови...
Алергичен сум на тоа маалски битанги и момци кои што два и два не знаеле да соберат да ги гледам и да разбирам дека станале шефчиња или се дел од убедливо најгломазната и најпартиската администрација до сега.
Поморанџеста боја кога ќе видам пцост на уста ми доаѓа,жими мајка.
Пази... сите тие јадат леб од данокот кој што го прибираат од такви битанги како мене на кои што не им чуе и у ќуш да ги туриш пак ќе искочат надвор.

И како што знаеш и гледаш и самата доаѓаат локални и претседателски избори.
Мое е да допринесам и да се обидам да бидам дел од промената,безразлика колку минорна била таа и какви и да реперкусии ми носела после тоа,заради тоа што овие едноставно не може да ги трпам.
А бе органски не може да ги сварам.
И знам дека Керим може да биде носител на промена,да се носи со сите нив заедно и да ги одигра на даблкрос,а со самото тоа се надевам и работите да мрднат од бездната во која што се наоѓаме.
Си ми пишала...бил играч.
Па и треба да биде.

Бил мафија.
Треба да бидеш апсолутно туп и недоделкано сељачиште и со желба на Господ да стигнеш до позиција претседател у било која држава по патот на дрогата и цигарите а да не станеш алка у синџирот.
Имавме еден таков што порачуваше тави ориз и носеше кондури од Годел и одела од Тетекс,па како што гледаш му откажа авионот.

На балканот не може да бидеш чист бизнисмен,не па политичар.
Ама за се има и пишани и непишани правила и норми.
А ова `господава` што владеат у моментов...
не само што не ги почитуваат него и не чуле за нив.
Е па не може бе така Анастазија,од портир-шеф,од приправник-директор,од шофер-министер...
погубни се петната,флеките што ги оставаат позади нив.
И не заборавај...
тие се лицето,претставата за нас за сите во надворешниот свет.
За споредба... види ја биографијата на Керим.
И спореди.

Ама непристрасно...трезвено.
:wink:
И извади заклучок.