Среќна Нова година Кајганџии!

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Мојот последен пост за оваа 2008-ма година решив да е овој.
На само неколку часа до Новата Година на сите вас искрено ви посакувам се` најдобро во неа! Нека ви биде исполнета со многу среќни моменти со најблиските, многу пријатни случувања, изобилство од љубов и здравје, како и многу поголеми успеси во работата и училиштето!
Заборавете на сите лоши работи и бидете подобри луѓе. Сакајте се и дозволете да бидете сакани, бидејќи само тоа може целосно да ве исполни и усреќи. Помагајте и дозволете да ви помагаат, простувајте и трудете се да ви биде простено, живејте подобар живот и надевајте се секогаш дека тоа позитивно ќе ви биде возвратено и направете си ја сами и оваа година вредна за паметење!
Уште еднаш, Среќна Нова Година и најубаво да си ја прославите!

newyear001.gif
 
Среќна Нова Година и од мене! Да се надеваме 2009та ќе биде уште подобра од оваа.
happy-new-year.jpg
 
Ајде нека биде среќна новата 2009 година:smir::smir:
 
Среќна Нова година на сите и од мене! Да си поминете нај најубаво вечерва и 2009 година да ви биде уште поубава и поуспешна од 2008 :smir:
 
Среќна нова година и се најубаво!!!
 
Среќна Нова Година !!!
Вечер сите убаво да си поминете, заборавете на лошите работи што ви се случувале и забавувајте се... :) И во 2009 да бидете уште поактивни на форумов :helou:
 
Среќна нова година кајганџии
се најубаво во следниве 365 дена, многу здравје, среќа, љубов, успеси....
Да си поминете вечер најлудо и најубаво и заборавете на лошите моменти од 2008
127db2ed7752cc5514e15abc3365bcf9.gif
 
Среќна Нова на сите...вечер најубо да си помините и со ум да не прајте проблеми:wink: поздрав се читаме утре-другиден...
 
Среќна Нова година* и нека биде многу успешна за сите кајганџии.

Годинава што измина беше многу плодна за форумов, многу нови ликови, нови успеси, нови радости. Се надевам така ќе биде и во нареднава и сè повеќе ќе се гордеам што сум дел од овој форум. Ќе се изненадувам од тоа колку нè има насекаде, кога во Скопје речиси секој втор ден ме застанува некој и ми се претставува со ник. Во новата година нека бидат почести ваквите изненадувања. :)

*(правилно се пишува со мала г, морав да измрчам. :pos:)
 
Среќна Нова Година и да поработите на тоа да ви се исполнат сите желби,затоа што желбите сами од себе не се исполнуваат.
 
yeeyeeyeeyeee Нова годинкаа :vozbud:
:olee:

Прво.. Вечер: Да се изнавеселите, да се изнапеете и играте, да се поднапиете, да се сакате, да ви дадат/да дадете, да не се пречукате, да не си ги скинете хулахопките, да не се исповраќате, и да не славите на Токсикологија.

А догодина.. Сами си знаете што сакате.. Дедо Мраз да биде великодушен со вас. Денес ве сакам многу сите :smir:, и ве гушкам, и Среќна Нова година! :back:
 
Срекна Нова Година сите шелби да ви се исполнат вешер да ви биде најубаваата вечер по која ке следат денови исполнети со радост, здравје и срека ве сакам сите кајгаџии :back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom