Кајганџии,
бевме сведоци на година полна со настани и случки, како пријатни, така и непријатни. Бевме заедно во многу моменти, и во радост и во тага. Се држевме заедно секогаш. Се радувавме на успесите и плачевме на тажните моменти. Од форумов оваа година беа организирани неколку настани поради кои сум горда што сум на Кајгана и што ја потрошив 2008 на овој форум. Оваа година запознав најмногу Кајганџии, но имам среќа што ги запознав најдобрите.
Ќе ја оставиме оваа 2008 зад нас, но спомените ќе останат и секогаш ќе ги носиме низ времето, како што старееме.
Ви посакувам следнава 2009 да ви биде полна со успеси, среќа, здравје, радосни моменти, љубов, а со што помалку караници и проблеми. Сакам да продолжиме да си се дружиме и да си пружаме помош кога ни е најпотребна, не само во 2009, туку и во годините што следат.
Среќна Нова Година!:back: