СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТОШЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата јовица11
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
фортунидад, разбрана си. само, кој-како си ја искажува тагата...
кој ги разбира нив, ги разбра, кој не, тоа е тоа.
 
Мхм... Така си е кенгурчо.
Ама има една разлика. Мојата реченица (Му честитате роденден на човек кој не е повеќе жив, кој не дочека да си го прослави. И уште па среќен.) ја сфативте како обраќање кон некој. А ако ја прочиташ уште еднаш, ќе сфатиш дека е друго поентата:)

Ама нема врска, да оставиме темава да си тера и секој со своето. Доста оф топик.
 
Колку и да сум силен да не заплачам надворешно, за тебе тоа е неможно... по она се што направи за нас... по она што ни ги даде твоите песни да пораснеме - израснеме со нив... со златното славејче (златното биљбиљче како што го викам јас), со песните кои ни беа наш живот... :(
Секогаш ќе си тука со нас, тука во нашите срца.... Ти живееш во нас, а твоите песни и понатаму од срцето наше ќе не довикуваат и ќе пеат... ќе пеат за нас, за нашиот живот... ќе се придружиме и ние во пеењето... ќе пееме со тебе како и секогаш Ангелу наш... Толку вистинито што неможеме никој од нас да го сфати тоа, како одеднаш исчезна... како одеднаш се прекина една прекрасна личност, и како сите работи прекинаа да излегуваат од таа личност....
Ни недостигаш брате наш... ни недостигаш бескрајно...
Те сакаме и секогаш ќе те сакаме... твоите песни во нашето срце како часовник без престан пеат...
Нека ти е среќен роденденот и се надевам дека таму горе имаш прекрасно место од каде не гледаш ни не тешиш, и посебно на секој од нас во денов ни пееш по некоја твоја песна...
ТЕ САКАМЕ БРАТЕ НАШ, Среќен ти роденден, иако полн со тага. Но радувај се во него заради нас.... :cry:


А, мојот живот, игри без граници, уморна приказна, скинати страници, тажни не допишани... :cry:
 
Не си повеќе со нас, но секогаш ќе бидеш дел од нас. Ќе живееш вечно во нашите срца и ќе се сеќаваме на твојот глас преку песните. Среќен роденден АНГЕЛУ наш!
 
Не ми е јасно.. жално е ова да се чита.. не требала темава воопшто..
Колку јас што знам, да се одава помен на ден кога бил роден некој што починал, ама да се честита..

Ќе пишам само едно, почивај во мир Тошка!
 
Ова требаше да биде среќен ден,ама тажен е.Ти ни даде поголема смисла за животот и љубовта која треба да ја делиме несебично.Додека сите ние се срамевме од самите себе ти не се срамеше од нас,не величеше.А дали заслуживме?Ако предходно не го рзабиравме тоа сега да.Ни недостигаш на сите звездо најсветла.Со драго срце се сеќаваме на тебе,но тагуваме.Не само на овој ден туку секој ден.Се надевам дека како што ни е се гордеевме и сеуште се гордееме со тебе нашиот ангел,така и ти се гордееш со нас.Почивај во мир ангелу наш и чувај не од зло.Те сакам!!!
 
НЕКА Е ВЕЧЕН ДЕНОТ НА ТОЕТО РАГАЊЕ И ТВОЈОТ ВЕДАР И НАСМЕАН ЛИК НЕКА ОСТАНЕ ЗАСЕКОГАШ ВО НАШИТЕ СЕКАВАЊА,НЕКА ОВИЕ СРЦА РАНЕТИ И СКРШЕНИ ГИ ЛЕЧИ ТВОЈАТА ПЕСНА А ТВОИТЕ ДЕЛА НЕКА БИДАТ НАШ ПАТОКАЗ ВО ИДНИНАТА.
НЕКА Е ВЕЧНО ИМЕТО ТВОЕ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom