Среќен роденден AnFem

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Текстот го читаат: Таска Балабанова и Димче Мешковски

Автор на текст: Forrest Gump

Музика: AlternativeF

Ане...


Фала ти,
за твојата бескрајна убавина која не соборува, но и емитира светлина.

Фала ти,
за твојата разбранувана насмевка која секогаш заразно го сонча просторот во кој си присутна.

Фала ти,
за твојата оросена цицка (и нејзината јадровитост) која го возбудува врвот на житата, како и за кроткоста која беснее во твоите очи.

Фала ти,
за твојата искристализирана свест за се што се случува околу тебе и прогресивните ставови, кои ебате, незнам з’шо не се применуваат ко вакцина за сепоприсутната умствената канализација или барем за мозочна липосукција?

Фала ти,
за тоа што ги споделуваш со мене контурите на возвишените копнежи кои се журкаат по твојата кујна (макар и само на скајп) и шо ги држиш секогаш на штрек моите плунковидни жлезди со твоето “без интерпукциски знаци - нејкед” готвење. Мммм, нешто убаво мириса...

Фала ти,
за сите пируети, Џон Траволта денсања, колуци напред и двојни салта (макар и на скајп).

Фала ти,
за тоа шо си испразнета од негативни емоции ко државна каса, при твоето суштествување како мој спаринг партнер во доолгите ноќи исполнети со броење на меурчиња и алкохол маабети.

Фала ти,
за твојата несебичност и големото карирано срце. Детерминацијата, па и анатомијата на твојата ненадминлива сочувствителност кон другите и борбата за праведност, ќе покаже дека си радикално алтерего на алтруизмот.

Фала ти,
за тоа што кога имам напад на искреност и емотивно крварам пред тебе ти слоевит церебрален бедему, тивка ко здив, во полумолк, ме ислушуваш и со својата дестилирана мисла и немирна цицка ми ги успокојуваш брчките на душава и модринките на срцево.

Ова не е незаслужена глорификација на твоето постоење или пак дисквалификација на пар епитети од јазикот ни, со цел трајна асоцијација на тебе. Не ! Јас навистина ја сакам слободата за која се бориш.

Денес ти е роденден AnFem. Еве ти една гушка сеа, а од утре пак ќе го менуваме светов.

П.с Не заборавај да се ебнеш мала!

 
Бик си живти пичка ти ќорава? :eek:
Голема да растерш о ти дијаспоро над дијаспорите, да се вратиш у огништето што поскоро. Болетус чека. :LOL:
 
Крајот го краси делото...:pos:
Среќен роденден :)
 
Среќен роденден.
 
Среќен роденден и се' најубаво!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom