Среќен празник Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Ние не сме грци, бугари ни срби, чеда сме на Александар, гордост МАКЕДОНСКА!
Една мајка сите нас не родила, од Вардар, Пирин, дур до Солуна, име и е Македонија!
Нека ни е за многу години празникот Македонци!
 
Нека ни е честит Денот на независноста. Да ни е вечна Македонија. Те сакаме Македонијо, една си, наша и единствена. Нека ни е за многу години празникот, во иднина да го прославуваме и во поубави времиња.

 


Нека ни е честит празникот. Да го празнуваме многу години.


600px-Flag_of_the_Republic_of_Macedonia_1992-1995.svg.png
 
Среќен и вечен празник! За многу години нека ни е

 
Ај нека ни е среќен роденденот,па од година ова време да ни биде признато историското име од страна на негаторите :)
 
Да си жива и здрава уште 1000 години МАКЕДОНИЈО.
Честит празник на сите Македонци.
 
Честит нека е! Се надевам утре кошаркарите ќе ни го честитат на најубав можен начин.
 
Алал да ти е Македонијо како истрпе 20 години говеда да те водат.
Ех уште колку треба да трпиш.
Ама ти си јака, еве и кога народот се откажува од тебе, ти па крпиш крај со крај.
Се надевам дека ќе ти дојдат подобри денови.
Нека ни е честит празникот.
 
Честита 20 годишнина од независност.
Уште долго да славиме и да се радуваме на успесите кои допрва доаѓаат.

За многу години нека е.
 
Среќен ти роденден Македонијо !!!

Горд сум што сум „врсник“ со тебе, па дај Боже и ти да бидеш понатаму горда на мене и на нас, твоите деца. Истпри ги сите проблеми како што ги истрпуваше до сега.


За многу години !!!
 
Честит празник Македонијо, нека ни е вечна татковината!!!
 
Ех овој симбол колку генерации го носеле....и гордост ми е што го исполнивме аманетот...НЕЗАВИСНА И СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА!!!

Александар,Самоил,Гоце....и сите кои се боревте за обединување и опстојување на ова парче земја....нека се слави името ваше,и да опстојуваат и да ја одржуваат уште илјадници поколенија вашата заложба.

Среќен празник на МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ(не сме веќе македончиња),и сите кои живеат и ја сакаат,и им е единствена.

600px-Flag_of_the_Republic_of_Macedonia_1992-1995.svg.png


п.с ќе ги замолам и членовите од другите националности,да направат чест и јавно да честитаат!
 
Мала е на карта, но голема во душава моја, парче земја на оваа планета кое постои од најстаро време.Душмани ја поделија, предавници ја продадоа но сеуште сме тука ние да ја браниме како што ја бранеа јунаците во минатото, наши браќа се собираа, прерано си отидоа, мајка напуштија и за татковината загинаа...а денес, срамно те продадоа на партии и предавници, но тука сме ние...Твоите вистински синови, крстени по тебе...МАКЕДОНЦИ...а не вмровци и комуњари...!
БИДИ ВЕЧНА МАЈКО НАЈМИЛА МАКЕДОНИЈА...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom