Среќа на туѓа несреќа (крадење партнери)

  • Креатор на темата Креатор на темата osamen
  • Време на започнување Време на започнување
Заеднички ја сносиме вината само ако и двајцата имаме партнери.
Ако тој никого не изневерува, а јас изневерувам, вината е ексклузивно моја. Ако сум била добра и фина, ќе сум си седела со нозете споени.

Нормално дека секој има своја граница, но ако сама сум свесна дека флертот со некој ќе ме спречи да останам верна - ќе си одам од местото, ќе оладам глава и ќе преспијам. Нормално е мене да ми привлече внимание некој друг, не е нормално да не знам да се исконтролирам.

Ако на некого му се ниша врска/брак, што треба јас да направам? Да се откажам од тој што ми се свиѓа за да му ја спасувам неговата врска? Пре би да изградам нова со него, него јас да му помагам за неговата веќе расклатена. Не ми е пациент, потенцијален партнер ми е.

И пак, ако ти си/би чувствувал вина во таква ситуација јас не би.

Пумо се уморувам више и добивам впечаток дека не ти се битни аргументите едноставно така ти одговара да веруваш.
 
Можеби кога бев многу мала, уште дете, не размислував дека ако украдам нечиј партнер тоа би нанело несреќа некому, веројатно бидејќи во тоа време јас немав партнер, ниту сум знаела како е тоа да се има партнер, па често низ разговори со моите другарки ќе речевме “ако е зафатен, не е мртов!“ Но не, не сум украла нечиј партнер и задоволна сум од тоа. А дали сум посакала сега во ова време кога сум позрела...? Хмм.. Мислам дека не. Единствено сум посакувала или размислувала како би било мојот партнер да се однесувал кон мене како, на пример, партнерот на моја пријателка, но никогаш не сум дошла до мислата нејзиниот партнер да е мој. За тоа сум доста принципиелна, па како што не сакам да ми биде украден партнерот, така и не сакам да бидам причина за туѓа несреќа и да земам маж на друга.

Но знаете како е, премногу добрина во нас и животот ќе не удри најсилно!
Сум се соочила (или можеби се соочувам и сега) со тоа друга да ми го зема мојот партнер. Но како да ја обвинам само неа? Може ли никој некого насила да земе?
Но цврсто сум убедена дека кој гради среќа врз несреќа на друг, нема долго да ужива во неа!!!
 
Пумо се уморувам више и добивам впечаток дека не ти се битни аргументите едноставно така ти одговара да веруваш.

Твоите аргументи се невалидни за моите морални сфаќања, како што моите аргументи се невалидни за тебе, според твоите морални сфаќања.
Многу е лесно.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 01:10 ---
А како би била ти сигурна дека и тебе нема да те остави за некоја друга што после месец-два исто така ќе му се допадне а исто нема да сака да бид девојка за една ноќ?

Како што кажа нели тоа што има девојка нема да биде од пресудно значење..

Како да бидам сигурна дека дечково што го имам сега нема да ме остави за друга, иако во моментот кога се фативме и двајцата немавме никој друг? Со него не ми следуваше и гаранција...
 
Како да бидам сигурна дека дечково што го имам сега нема да ме остави за друга, иако во моментот кога се фативме и двајцата немавме никој друг? Со него не ми следуваше и гаранција...

Моабетот е дека нели он имал девојка а ти го превзимаш од неа..тоа е темата нели:)
Дали вреди таквото нешто да го направиш пошто неможеш да бидеш сигурна дека и со друга он нема да ти го направи истото на тебе..
 
Па некогаш во некои случаи некои работи е подобро да ги превземеш, и ти од некој и некој од тебе. Види при крај во претходната страна образложив една од многуте ситуации.
А пумата даде добар аргумент и на второво, од кај знаеш дека моменталниов партнер нема да ти го превземе друг/а некој во иднина? Никогаш во никој и во ништо неможеш да бидеш сигурен, ако се' се знаеше лесно ќе беше секогаш правите одлуки да се донесат.
 
Твоите аргументи се невалидни за моите морални сфаќања, како што моите аргументи се невалидни за тебе, според твоите морални сфаќања.
Многу е лесно.
Не бе златна, не до тоа. Не е разидување во морални сфаќања.
Ти не можеш/одбиваш да сватиш дека имаш влијание врз изборот на човекот да изневери и дека со тоа влијание сносиш и одговорност. Сосема јасно станува дека сносиш одговорност ако ја однесеш малку работата во екстрема, колку си ти поубедлива толку тој побрзо и полесно ќе се одлучи да изневери. Му го матиш паметот, влијаеш на неговиот избор и оттука произлегува одговорноста.

Инаку од правен акспет малку да прокоментира, пошто правник сум: знаеш дека поттикувачите на кривично дело се исто така одговорни како извршителите на кривичното дело?
Чисто за твоја информација.
 
Лошо е кога ќе ти украдат партнер. Ти кога ќе украдеш пак, можеби и не е толку лошо во моментот. Меѓутоа се си носи последици. И карма секако.
 
Да се пушташ на некој што има девојка значи 2,3 работи:

- мислиш само на себе. Доколку би ти била битна неговата среќа, ондак ќе го оставиш сам да те одбере. Ако смета дека си боље од моменталната девојка, ондак ок.

- дека не го сакаш ко човек. Ако го сакаш ко човек, не би го жртвувала пријателството со него за евентуално признавање на љубов, додека има девојка.

- дека избегнуваш одговорност кон непознати личности. Сликовито, дека не отстапуваш место во автобуси, нема да помогнеш на стар/беспомошен човек на улица, не се грижиш за квалитетот на производите кои евентуално би ги продавала/контролирала...Да скратиме, се` што би правеле за непознати/неблиски луѓе би било или површно или едноставно, избегнато.
Сето ова непреземање одговорност за туѓото, заедно со поделеноста на трудот, сето тоа го прави општеството такво какво што е: полно со неквалитет на производите/услугите и испразнето од емоционална интелигенција. Но, тоа е веќе друга тема.
 
Не бе златна, не до тоа. Не е разидување во морални сфаќања.
Ти не можеш/одбиваш да сватиш дека имаш влијание врз изборот на човекот да изневери и дека со тоа влијание сносиш и одговорност. Сосема јасно станува дека сносиш одговорност ако ја однесеш малку работата во екстрема, колку си ти поубедлива толку тој побрзо и полесно ќе се одлучи да изневери. Му го матиш паметот, влијаеш на неговиот избор и оттука произлегува одговорноста.

Инаку од правен акспет малку да прокоментира, пошто правник сум: знаеш дека поттикувачите на кривично дело се исто така одговорни како извршителите на кривичното дело?
Чисто за твоја информација.

Нормално дека ние имаме влијание врз секоја индивидуа околу нас. Но не е исто со ,,снесување вина,,. Исто како што со моето одбивање нема да му ја спасам врската, со моето прифаќање нема да му ја расипам јас. Тоа си е до него.

Му го матам паметот, е тешка глупост, и не можам ниту да ти објаснам зошто не му матам памет никому во ситуацијата, напротив, јас се поставив така - играм со отворени карти. Да дечко, супер си ми, ама прво остави ја девојката па ќе бидеш со мене. Така гледано, во моментот кога би била со него, тој не би имал девојка.

А ти, како правник, би требало да знаеш дека раскинувањето на врската, без оглед на мотивите на раскинувачот, не е кривично дело.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 19:06 ---
Моабетот е дека нели он имал девојка а ти го превзимаш од неа..тоа е темата нели:)
Дали вреди таквото нешто да го направиш пошто неможеш да бидеш сигурна дека и со друга он нема да ти го направи истото на тебе..

Никогаш во ништо не можеш да бидеш сигурен.
Како сакаш врти го муабетот, или тој, или јас, некогаш сме имале оставено некого.
 
ми се случи да запознаам пар, ми станаа пријатели. иако дечкото многу ми се допадна никогаш никаков чекор не направив затоа што беа пар, беа заедно. после само месец дена, дечкото ја остави девојката и ми изјави љубов. девојката беше многу повредена, ја разбирам, не дека на мене не ми се има случено истото. гарант ме колнела :P
4 години подоцна, јас сум верена за тој дечко. иако можеби ќе звучи себично, но јас си ја пронајдов љубовта на мојот живот. не направив никаков чекор, меѓутоа цело време се надевав дека ќе ја остави. ако вистински бил нејзин, ни јас ниту било која друга немаше да може да ги раздвои.

-дали мислев само на себе? во тој момент ТОЈ не ми излагаше од глава, заборавив дека јас постојам :)
-не го сакав како човек и го расипав нашето пријателство? подобар пријател од него никогаш сум немала :)
-избегнувам одговорност? каква?
 
Реално, не би сакала никогаш да уништам нечија врска за да си терам мои ќеифови, бидејки ми се има случено доста другарки што ги познавам така да ми ги "позајмуваат" дечковците.Мислам дека не зависи од трета личност, туку зависи од тебе и од личноста со која што си, дали некој од вас ке дозволи да се случи такво нешто.
 
Апсолутно не е точно дека од тебе зависи дали ќе се случи такво нешто.На крајот на краиштата врски се тоа иљадници, иљадници ,затоа и ги имаме за да одбереме што е добро за нас.Никој не поседува никого.Човекот не е ничија своина па да кажеш ах тој е мој,или ах тој е нејзин .
Јас раскинав долга врска поради трета особа и на крајот сфаќаш дека тоа е тоа ,се случуваат работи ако ти е убаво со некого ако има хемија и ако ти удира љубовта во глава верувајте не вреди да жртвуваш за некој друг
 
Апсолутно, треба ли да се задоволиш со просечен љубовен живот ако мислиш дека можеш да имаш подобар, многу подобар? Само ризикот секогаш е присутен, меч со две острици, новиот партнер може ќе биде подобар и ќе се исплати се', но може ќе излезе тежок фејл. Како и да е, штом дошло до размислување дали треба да се прекине со сегашниот за да се оди на нешто ново, веќе готова е работата и треба да се прекрати, без разлика дали воопшто се појавил некој нов.
 
Познавам еден на чија несреќа други направија среќа. Е сега, малку поинаку е од стандардниот Беверли Хилс шаблон, оти среќата на овие другиве, која се кумулираше на несреќата на главниот лик во споредната (за него приказна) беше право пропорционална на вредноста на валутата наша спрема доларот и еврото. Односно, да ти била проститутка, и среќата на останатите се мерела во термини, за разлика од несреќата на домаќинов. Така да, тие му ја краделе, ама му ја враќале, ко пробушен долар, за што говори и самиот Кустурица Емир, сега Немања.

Kids, do not try that at home (ова важи за тие што плаќаа, тој посекако ја чекал дома од трета смена).
 
Можеби кога бев многу мала, уште дете, не размислував дека ако украдам нечиј партнер тоа би нанело несреќа некому, веројатно бидејќи во тоа време јас немав партнер, ниту сум знаела како е тоа да се има партнер, па често низ разговори со моите другарки ќе речевме “ако е зафатен, не е мртов!“ Но не, не сум украла нечиј партнер и задоволна сум од тоа. А дали сум посакала сега во ова време кога сум позрела...? Хмм.. Мислам дека не. Единствено сум посакувала или размислувала како би било мојот партнер да се однесувал кон мене како, на пример, партнерот на моја пријателка, но никогаш не сум дошла до мислата нејзиниот партнер да е мој. За тоа сум доста принципиелна, па како што не сакам да ми биде украден партнерот, така и не сакам да бидам причина за туѓа несреќа и да земам маж на друга.

Но знаете како е, премногу добрина во нас и животот ќе не удри најсилно!
Сум се соочила (или можеби се соочувам и сега) со тоа друга да ми го зема мојот партнер. Но како да ја обвинам само неа? Може ли никој некого насила да земе?
Но цврсто сум убедена дека кој гради среќа врз несреќа на друг, нема долго да ужива во неа!!!

Долго е за да го читам, ама јас не би крадел освен ако не е 9ка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom