- Член од
- 31 јануари 2014
- Мислења
- 5.169
- Поени од реакции
- 2.272
А каква политика води Сорос? Па ќе се самофинансирале и ќе оделе во Скопје, Па лепење плакати и тн. И све тоа спонтано без никаква поддршка од било каква структура. Аха важи. Ако, нека продолжат со губење настава они се тие што губат сигурно не министрите. И сега што сакаат уште откако го добија последното соопштение? Или ќе се солидаризираат со идните генерации како студентскиот пленум?Сакам кажам, можам речам......
Дај некој аргумент или доказ. Вака само правиш будала од самиот себе.
Младите се будат, народот е буди. Едноставно некои мерки и закони не му одговараат, но тоа не значи дека тие се про-СДС настроени или се финансирани од СОРОС. Па и тука грешиш, СОРОС не води ваква политика.
Начинот на пристапување кажува се. Твојот начин е очигледен, како и на твоето другарче кое ти мава "ми се допаѓа" на секоја твоја напишана глупост.
Ако не сакаш да дискутираш или пак нормално, ако не знаеш да дискутираш, тогаш не дискутирај. Најди си нова занимација........одењето на кондиција порано или подоцна откажува.
Сега сакам да кажам нешто во врска со темава. Со последнава понуда јасно се гледа грижата на совест кај идиотите во самото министерство. Едноставно, ако си ја промашил работата, прекини веднаш и почни од почеток. Но целта не е поквалитетно образование туку прекин на бојкотот! Јас кога прочитав во весник мислев дека е виц. Зар сега тоа не е радикално решение? Зар трчањето во круг некогаш ќе ги донесе до посакуваната дестинација? А Адеми!? Каде е!? Изгледа треба храброст да се биде министер за образование и наука. Последните 3-ца се повлекоа! Дали Адеми ќе биде најхрабар? Дали ќе го издржи притисокот? Или сепак не! Можеби кулминацијата веќе завршила? Прашања, прашања, прашања, во стил на еден детектив кои се обидува да ја реши мистеријата- "Каде е Адеми?"
Јас би сакал деновиве лице во лице да продискутирам со ученициве. Се соочуваат со сериозен притисок, сериозна подршка и сериозен проблем. Па и климата не им одеше во прилог. Жално и бедно.....а од друга страна срамно и апсолутно нечовечки.......![]()
Каква грижа на совест, се гледа да се спречат сорос термитите да активираат дел од неутралното граѓанство со вакви финти пред протестот на СДС. Се е ставено ON HOLD до конечниот исход. Инаку ќе седнеше министерот со некојси таму да дискутираат во кој правец ќе одат реформите во образованието и дали сакал тест математика или не.