Срце или разум?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cute Girl
  • Време на започнување Време на започнување
РАЗУМРАЗУМРАЗУМ! Инаку мислам дека сите знаеме дека срцето е орган -.-, но мислам дека прашањето е јасно - дали се водите преку емоциите или со разумот. А јас како што веќе кажав, со разумот. Сум го следела и срцето и не ме однело на добар пат...

Е баш сакав тоа сега да го пишам пошто гледам некои се фатија за тоа дека срцето е орган............ изразот е обично срце или разум, а под "срце" се подразбира она што го чувствувате и што обично му се противи на разумот, наречете го како сакате........ не сфаќајте буквално ве молам :wink:
 
Не дека сме безчувствителни, и дека се сме сфатиле во буквална смисла.:raz:
Она што всушност му се противи на нашиот разум е моменталната страст , а не "срцето со неговите чувства".
Човекот чувствува и мисли , а сето тоа доаѓа од мозокот. Чувствата се дело на мозокот. Сигурно сите знаете дека во мозокот имаме посебни центри кои ни ги контролираат емоциите како и останатите функции.
 
Како може срцето да биде обично? Јас те разбрав тебе, ама не се тоа моите лични убедувања. Дека срцето го сфаќам како нешто што креира емоции, нема да биде така.
Уствари, зошто се замарате со нешто што сум кажал? Па, нели темата е Срце или разум? Јас останувам на моето мислење искажано на претходната страна. Срце имам, чука ли чука, ама пумпа крв, тоа му е намената. :)
 
И двете :) а доколку треба да се одбере од овие две,одбирам РАЗУМ.
 
Технички, разумот е функција на мозокот, а мозокот е главен орган, така да, слушајте го главниот.
 
Зависи,
некад со долна глава,
некад со горна глава.
Зависи кој хормон повеќе ми делува во тој даден момент за одлучување.
 
Не дека сме безчувствителни, и дека се сме сфатиле во буквална смисла.:raz:
Она што всушност му се противи на нашиот разум е моменталната страст , а не "срцето со неговите чувства".
Човекот чувствува и мисли , а сето тоа доаѓа од мозокот. Чувствата се дело на мозокот. Сигурно сите знаете дека во мозокот имаме посебни центри кои ни ги контролираат емоциите како и останатите функции.

Не реков дека некој е безчувствителен. И пак ќе речам наречете го како сакате, јас така се изразив и верувам дека повеќето сфатија што е работава со темава. Како и да е ако некогаш сте се двоумеле помеѓу што е правилната одлука што треба да ја донесете или нешто да направите и сте дошле до внатрешен судар на емоции итн. епа за тоа се работи :)

--- надополнето ---

Како може срцето да биде обично? Јас те разбрав тебе, ама не се тоа моите лични убедувања. Дека срцето го сфаќам како нешто што креира емоции, нема да биде така.
Уствари, зошто се замарате со нешто што сум кажал? Па, нели темата е Срце или разум? Јас останувам на моето мислење искажано на претходната страна. Срце имам, чука ли чука, ама пумпа крв, тоа му е намената. :)

Зборот "обично" во мојата реченица не се однесуваше на именката срце......
Не никој не се замара не се секирај, барем јас не, јас отворив тема каде што луѓето може да си го искажат своето мислење за тоа дали повеќе се склони кон слушање на разумот или на своите емоции, доста едноставно прашање и тоа е тоа. Секој си има право да си каже што сака така да it's all good :smir:
 
Не реков дека некој е безчувствителен. И пак ќе речам наречете го како сакате, јас така се изразив и верувам дека повеќето сфатија што е работава со темава. Како и да е ако некогаш сте се двоумеле помеѓу што е правилната одлука што треба да ја донесете или нешто да направите и сте дошле до внатрешен судар на емоции итн. епа за тоа се работи :)

Епа мило ми е што се разбравме.:wink:
А за тоа бесчуствителни се однесуваше за еден од претходните постови.
 
Не се сакам нешто посебно ни со разумот, ни со срцето, во последно време не се фини со мене.
Нема да лажам и да дрндам како јас верувам во љубов или секогаш го слушам разумот зошто тоа е најдоброто за мене, бидејќи никогаш не го правам ниту едното, ниту другото, туку се водам по моменти, по зборови, по расположенија и потреби и сум среќна затоа што сум човек а не робот.Единственото што вреди, се принципите, така што се обидувам да се водам по нив, ама ... само се обидувам.
 
За жал искуството кога тогаш ќе ти укаже да се водиш според разумот. Како и да е, на крај секогаш завршуваш или среќен или несреќен. Нема тука делење, секоја важна работа е афективно обоена, без разлика колку ја анализираш, и тоа не е за џабе така.
Затоа јас бирам да го правам тоа што го сакам, така мислам дека може најмалку да се изгуби. А кога има конфликт на привлекување и одбивање, секогаш тука е вагата :) Неизмерно важно во целава работа е да имаш интегритет. Прави го тоа што го збориш, збори го тоа што го правиш, и држи се за тоа.
Инаку, технички, и емоциите се пројавуваат во мозокот. А луѓето кои денес се сметаат за најрационали, всушност биле водени од опсесија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom