Срце или разум?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cute Girl
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Возраст
33
Мислам дека е јасно за што е темава. Што е тоа што е "погласно" кај вас и кој го има последниот "збор", вашето срце или вашиот разум? Што е тоа што вие повеќе го слушате и тоа што ве води низ животот? Кога треба да одлучите нешто на што повеќе се ослонувате? Дали секогаш срцето и разумот ви се на спротивни страни или пак како едното така и другото?
 
разум!
срцето ќе те преебе у здрав мозок :D
 
Срцето може само да те заебе на брз и едноставен начин.

Разумот....
 
Какво срце? Што е срце?
Орган за пумпање на крв. Детска приказна е дека срцето е одговорно за емоциите. Се изначитав коментари напишани без некој да размисли што напишал. :nesvest:
 
Какво срце? Што е срце?
Орган за пумпање на крв. Детска приказна е дека срцето е одговорно за емоциите. Се изначитав коментари напишани без некој да размисли што напишал. :nesvest:

Се согласувам.
Се што правиме е благодарение на нашиот разум.:wink:
 
Ајде можете и помалку од еден збор само во постовите... Знам дека можете -.-

Во однос на темава - често ми се случува да следам некоја комбинација која ќе ми ја направат срцето и разумот заедно иако понекогаш знаат и те како да влезат во судир едното со другото. Во такви случаеви го следам она што ќе има поголемо влијание во тој момент врз мене.
Како и да е, овие две работи не можат да се поделат па затоа убаво е да влијаат и едното и другото:)
 
Какво срце? Што е срце?
Орган за пумпање на крв. Детска приказна е дека срцето е одговорно за емоциите. Се изначитав коментари напишани без некој да размисли што напишал. :nesvest:


Безчувствителни -.-

Инаку...разум xD

Многу ствари што сум сакала да ги направам, не сум ги направила -.-
Не од причина што сум знаела дека ќе останам повредена, туку од причина што сум знаела дека така е поправилно.
 
РАЗУМРАЗУМРАЗУМ! Инаку мислам дека сите знаеме дека срцето е орган -.-, но мислам дека прашањето е јасно - дали се водите преку емоциите или со разумот. А јас како што веќе кажав, со разумот. Сум го следела и срцето и не ме однело на добар пат...
 
Еднаш за малку ќе го послушав срцето и ќе си го заебев животот, сега немаше да бев тука, немаше да одам на факултет, ќе бев без пари, без работа...ама кога емоциите работат не мислиш многу. Кога ќе ми текне сега мило ми е што размислив убаво не реагирав импулсивно и го послушав разумот. Ги ставам и двете на вага-кое повеќе тежи тоа е вистинскиот избор, само треба да процениш убаво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom