Право на Христијанското, Муслиманското, Будистичкото, Католичкото, Еврејското и секое друго население е да си бара оштета од тие што ги уништиле нивните Верски објекти, во случај на воен конфликт, војна или каков и да е судир...
Србија - единствената земја на Балканот која сеуште го брани ПРАВОСЛАВИЕТО од муслиманите и католиците...
Православието не се брани со пушки, тенкови..
Не може да ми докаже ама баш никој дека Радован Караџич кој сам себе си се нарекуваше како голем Православен Христијанин, се снимаше како во Цркви пали свеќи, а од Црква директно на терен да убива...
Кажи ми Делија, каде во Библијата се оправдува убивањето??
Радован Караџич за мене е ист како и Осама Бин Ладен и исламските фундаменталисти кои ја користат Религијата како изговор и начин за најлесно да си ги оствари своите национални експанзионистични идеи, вметнувајќи му на своите борци доктрина, во која силно се убедени дека со убиства ќе ја бранат Религијата..Религија не се брани со убивање..
Ако Србите бранеле Православие, Православието се диктира од Библијата.. Во Библијата никаде не се оправдува убивањето во
НИКОЈ СЛУЧАЈ..Тоа впрочем го докажуваат и 10те Божји Заповеди...
Јас сум Господ, твојот Бог!
Да немаш други богови покрај Мене!
Не почитувај никакви идоли!
Не употребувај го напразно името Господово!
Не врши никаква работа во недела!
Почитувај ги својот татко и мајка!
Не убивај!
Не врши прељуба!
Не кради!
Не сведочи лажно!
Не лакоми за куќата на својот ближен!
Не посакувај ја жената на својот ближен!
И сега, ме убедуваш дека Радован Караџиќ и сите негови истомисленици е голем Православен Христијанин зошто убивал луѓе кои не верувале во истиот Бог во кој „верува“ тој?? И тоа според тебе е „бранење“ Религија?? Како може јас да се чувствувам „загрозен“ од ширењето на Исламот, или на која било вера, ако мојата вера е цврста?? Како утре може мене да ме убеди некој Оџа да верувам во нивниот Бог, ако јас цврсто верувам во Исус?? Верата живее во душата на човекот, и ако е силна и цврста, илијада пушки, тенкови и авиони нема да ме спречат јас да верувам во Исус....