- Член од
- 27 ноември 2005
- Мислења
- 648
- Поени од реакции
- 7
Србија упати остар дипломатски протест по барањето на шефовите на дипломатиите на Македонија и Албанија, Милошоски и Баша, за резолуција на Советот за безбедност со која ќе се поддржи предлогот на Ахтисари.
Според Белград, со ваквото барање двајцата министри се вмешале во внатрешните работи на Србија со барањето за итна резолуција на Советот за безбедност за конечниот статус на Косово.
Според српското Министерство за надворешни работи министрите го прејудицирале идниот статус на протекторатот, иако за ова прашање треба допрва да се води дебата во Обединетите Нации.
Барањето за брзо решавање на косовското прашање, македонскиот министер за надворешни, го елаборираше како предуслов за стабилизирање на регионот.
„Статусот на Косово е подобро решение од статус кво-то кое е во моментов, затоа претпочитаме што побрзо Меѓународната заедница и Советот за безбедност, ги охрабруваме, да дојдат до една нова резолуција која ќе го затвори, на позитивен начин, оваа прашање“, изјави Антонио Милошоски (01.06.2007).
Наспроти ставот на Милошоски, дека решавање на косовската статус кво ситуацијата ќе превенира нови кризи на Балканот. За официјален Белград ваквите изјави можат да предизвикаат дестабилизација на регионот и нарушување на основните принципи на ОН, на кои опстои меѓународниот поредок.
Според српското МНР, независноста на Косово и Метохија претставува опасен преседан, што би го довел во прашање територијалниот интегритет на другите земји на Балканот.