Србија и Косово ќе разменат територии ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Пак ќе повторам - во контекст на тоа кој каков фактор е, терминот нуклеарна земја го земаме исклучиво низ призма на поседување на нуклеарни боеви глави. Вие имате нула такви.
Вистина, за време на Варшавски Пакт имавте некои балистички ракети (единствени на Балканот), но не сум сигурен дали сеуште ги имате или дали се оперативни. А за нуклеарен фактор, во контекст на безбедност, сте далеку, колку и другите во околина, т.е. имате (или подобро кажано смеете да имате) нула такви боеви глави.
Бугариjа - наjдобре пазената таjна на Балканот.
https://m.youtube.com/watch?v=_8HF7zMSOpo
Како мислиш, зашто во Бг. немаше овоj стандарт на народот, а требаше да држиме гиганаска воjска за тоj мал броj населенье, способна да ги уништи Турциjа и Грциjа. Па имаше специално и за Jуготата. За секоj случаj. И тогаш и сега, ставот ми е, дека политиката на Желев кон Милошевик, а потоа и тенковите и гаубиците беше погрешна. Сегашната на Борисов - исто така. Ако се бее оставиле процесите тогаш на нормалски развоj, работите сега да били многу понормални. Е, некои немаше да ги има.
 
Абе темава за болгариа е или за Србија и косово?
Што се правиш на удрен по главата,като ти ја направи темата таква.Коментарите се бришат, инаку може да се види,дека ти ја направи за БГ ,а не ние.Слободно може да ги избришете коментарите и да остане само за Србија и Косово.
 
Далеку пред мене почна да се спомнува за вулгариа.
 
Американски санкции за Приштина доколку не се укинат таксите за српските производи?

Советот за национална безбедност на САД и американскиот Стејт департмент во документ со осум точки од Приштина барaат веднаш да бидат укинати високите такси за српските производи бидејќи во спортивно ќе бидат воведени санкции, пренсува српски „Б92“.

„Бараме таксите веднаш да се укинат“, стои, наводно, во документот, во кој се додадава дека во спротивно Приштина ќе биде санкционирана со повлекување на поддршката за Косовските безбедносни сили. Документот бил доставен во писмена форма до владата во Приштина, но исто така и до други релевантни институции, пишува „Б92“ повикувајќи се на информации од телевизијата „Клајн Косова“.[DOUBLEPOST=1547501077][/DOUBLEPOST]исто така:
Харадинај остана без американска виза поради царините против Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај не добил американска виза и нема да може да учествува во работата на една конференција за Балканот на почетокот на февруари, јавува Ал џезира Балканс, повикувајќи се на извори од американскиот Стејт департмент.
 
Последно уредено:
Ова е јасно дека се далеку од озбиљна држава, туку само протекторат и како им диктираат така ке прават и тоа што го трубам цело време утре, за 10 години, 20 години, 30години... Американците да паднат или да изгубат интерес за нив за 24 часа Космет ке бидне под Српска контрола.
 
До 2025 е предвидено да се обединат со Албанија. Од нова година меѓусебните им граници се по шенген модел. Добро би било ние да издржиме тие 10, 20, или колку и да се години додека америте изгубат интерес. Бидејќи и нашето Магаре се засилило по удолница накај голема Албанија.
 
"До 2025 е предвидено да се обединат со Албанија" Ти да не си Ванга бе ,во моментот етничката структура на Косово не дозволува да се обедини с никого.Ниту Американците, ниту Русите се за обединување на Косово со кого и да било.И си се крстил "прорус", барем знаеш ли нешто за Руската политика ?
 
Не е потребно да си ни Ванѓа ни Ностердамус. Тоа што американците денес едно не дозволуваат утре воопшто нема да им пречи истото да го поддржуваат.
 
Еве го и Дачиќ, сега откако ние го решивме нашиот проблем, сега му се брза оти има само 2 години :D

https://www.mkd.mk/svet/vesti/dachi...anje-vo-reshavanjeto-na-prashanjeto-na-kosovo
Смета дека треба да се искористи моментот
Дачиќ: Сега е добар момент за придвижување во решавањето на прашањето на Косово
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ оцени денес дека сега е погоден момент на меѓународен план да се направи придвижување во решавањето на прашањето на Косово бидејќи, како што кажа, прашање е како ќе се одвива ситуацијата во САД по следните претседателски избори.

Тој кажа дека треба да се искористи ова време за постигнување договор за Косово бидејќи „можно е на власт во Америка да се врати администрацијата која беше лоша за Србите“.

„Таа администрација не беше толку таа на Обама колку што беше на Клинтон. Прашање е колку враќањето на Бајден или некој од тој круг би било добро за нас“, кажа Дачиќ.

Според него, лидерите на косовските Албанци чекаат да се случат такви промени.

„За нас и тоа е опција, но мислам дека никогаш нема да успеат да станат член на Интерпол, УНЕСКО, а да не зборувам за членство во ОН“, кажа српскиот министер и изрази уверување дека многу брзо помалку од половината од членките на ОН ќе го признаваат Косово како независна држава.

Коментирајќи ги спротивните изјави на косовските лидери за можното разграничување, Дачиќ оцени дека станува збор за „какофонија, разногласие на шумови кои доаѓаат од Приштина со цел да не се донесе какво било решение“.

„Тие не очекуваа дека ќе бидат олку силни притисоците од меѓународната заедница да се укинат царините. Мислам дека САД нема поради тоа да ѝ воведуваат санкции на Приштина, но најавија рестрикции во воено-безбедносната соработка“, кажа Дачиќ.
 
"До 2025 е предвидено да се обединат со Албанија" Ти да не си Ванга бе ,во моментот етничката структура на Косово не дозволува да се обедини с никого.Ниту Американците, ниту Русите се за обединување на Косово со кого и да било.И си се крстил "прорус", барем знаеш ли нешто за Руската политика ?
Знае дека ја сака Русија и Путин оти сме иста вера.[DOUBLEPOST=1550083446][/DOUBLEPOST]САД со остро писмо до Тачи, Харадинај и Весели: Укинување на таксите или санкции
https://makfax.com.mk/svet/region/сад-со-остро-писмо-до-тачи-харадинај-и/
 
Се чини дека Македонија сакаа да ја видат во НАТО пред да почне да се решава Косово. Најверојатно затоа што Албанците се фактор на нестабилност во земјава, а Косово може да се решава и со промена на границите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom