Срам

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Колку важно чувство е срамот кај човекот?
Колку тоа што го имаме или немаме, допринесува да сме такви какви што сме?
Дали е добро или лошо да се има? Влијае повеќе позитивно или негативно на нас?
Дали ви се случило некогаш од срам да одбиете, да направите некоја работа која не сте сакале? Или пак од срам да направите нешто, сте го одбиле тоа? Според тоа, би го споредиле понекогаш со храброста?

Имате ли воопшто срам?
Ако да, постојано го имате или само понекогаш и за одредени работи?
Ако не, како е да се живее без срам?

Дали срамот е пресуден за начинот на живеење? Дали е пресуден за слободата кај луѓето, за однесувањето, за работењето, за сакањето ... ?
 
Колку важно чувство е срамот кај човекот?
Колку тоа што го имаме или немаме, допринесува да сме такви какви што сме?
Дали е добро или лошо да се има? Влијае повеќе позитивно или негативно на нас?

Важно, не знам колку е важно, ама знам дека е прилично негативно според мене и моето искуство. Убаво е човек да има доза срам, ама сосема малку. Ако срамот го обземе човекот, тогаш ќе му го управува животот. Ќе се срами од се и сешто, ќе се срами од себе, ќе биде постојано стегнат, постојано исплашен, постојано ќе се тутка, ќе си ја тупи главата, а и во комуникацијата со луѓето ќе му биде многу потешко.Така што би рекла дека е дефинтивно негативно.
Срамот се јавува највеќе, според мене, заради недостаток на самодоверба.

Дали ви се случило некогаш од срам да одбиете, да направите некоја работа која не сте сакале? Или пак од срам да направите нешто, сте го одбиле тоа? Според тоа, би го споредиле понекогаш со храброста?

Имате ли воопшто срам?
Ако да, постојано го имате или само понекогаш и за одредени работи?
Ако не, како е да се живее без срам?

Мене цел живот срамот ми го контролира животот, па затоа сега тој ми е празен и немам направено никаква глупост која ќе ја паметам, многу шанси со дечковци ми пропаѓале затоа што се срамам. Пример: Ми се свиѓаше еден дечко кој го знаев 7- 8 години и срам ми беше на кафе да го викнам.:lud: 20000 работи не сум направила зашто ми било срам, не сум одела на некои места зашто ми било срам, не бев на собиранката за вториот роденден на Кајгана, затоа што ми беше срам. Ќутам обично во друштво затоа што ми е срам да не треснам глупост. И уште милион примери, кога ќе пробам да се опуштам, си мислам дека изгледам како идиот, стално сум стегната.

Дали срамот е пресуден за начинот на живеење? Дали е пресуден за слободата кај луѓето, за однесувањето, за работењето, за сакањето ... ?

Пресуден е. Најубаво ќе биде кога човек ќе се ослободи од него, инаку во спротивно, пиши пропало, вечно ќе бидеш незадоволен и обично сам.:toe:
 
Важно,не знам колку е важно,ама знам дека е прилично негативно според мене и моето искуство.Убаво е човек да има доза срам,ама сосема малку.Ако срамот го обземе човекот тогаш,ќе му го управува животот.Ќе се срами од се и сешто,ќе се срами од себе,ќе биде постојано стегнат,постојано исплашен,постојано ќе се тутка,ќе си ја тупи главата,а и во комуникацијата со луѓето ќе му биде многу потешко.Така што би рекла дека е дефинтивно негативно.
Срамот се јавува највеќе според мене заради недостаток на самодоверба.



Мене цел живот срамот ми го контролира животот,па затоа сега тој ми е празен и немам направено никаква глупост (имам една глупост за која и ден денес се каам,ја направив само за да и јас се сеќавам дека сум направила нешто.:tapp:) која ќе ја паметам,многу шанси со дечковци ми пропаѓале затоа што се срамам.Пример: Ми се свиѓаше еден дечко кој го знаев 7- 8 години и срам ми беше на кафе да го викнам.:lud: 20000 работи не сум направила зашто ми било срам,не сум одела на некои места зашто ми било срам,не бев на собиранката за вториот роденден на Кајгана,затоа што ми беше срам.Ќутам обично во друштво затоа што ми е срам да не треснам глупост.И уште милион примери,кога ќе пробам да се опуштам,си мислам дека изгледам како идиот,стално сум стегната.



Пресуден е.Најубаво ќе биде кога човек ќе се ослободи од него,инаку во спротивно,пиши пропало,вечно ќе бидеш незадоволен и обично сам.:toe:

се пронајдов во болдираното, во друштво не зборам многу размислувам пред да кажам нешто, не се срамам пред тие шо мислам дека ме ценат, и нема да ми исмејат на тоа шо ќе го кажам, иако некој пат со тие шо сум поблисок ако се насмејат, знам дека е од шала не со некој лоша намера:toe:
 
Срамот се јавува највеќе според мене заради недостаток на самодоверба.


Ќутам обично во друштво затоа што ми е срам да не треснам глупост.И уште милион примери,кога ќе пробам да се опуштам,си мислам дека изгледам како идиот,стално сум стегната.
Да, и ја мислам дека е до самодовербата.

Е ја не ќутам. И се дешава да слупам нешто, ама ј*би га. Хехе... знаеш што, нека ти биде ј*би га као мантра, повторувај си го и ќе видиш.... Слобода бе сестро, слобода е бессрамноста. :wink:

п.с. Ако не помага, чисто самата воља твоја, може да пробаш со алкохол. Испробано:wink:.
 
Samo mrtvite ne se sramat,sekoj ziv chovek go ima toa chuvstvo i dodeka e ziv sekoj ke se sramuva od odredeni neshta,nekoj od devojka,nekoj od shefot na rabota...
 
Оперирана сум од таква работа.
За ништо немам срам, од никој не ми е срам и некогаш многу ми е криво затоа што немам.
И секогаш кога ќе направам некоја работа, сите околу мене враќаат: „Добро, не ти е срам то да го напрајш?“ „Не ти е срам да му речиш?“ и одма испаѓам како некултурно чупиште шо не знај да се однесува.

Како што кажа Крејзи ин лав, убаво е човек да има мала доза на срам, чисто за луѓето да мислат дека имаш малце култура.
 
Срам е нешто што неретко за жал го губам и заборавам како изгледа... и ептем се опуштам. Но понекогаш толку ме нервира тоа проклето инхибироно чуство кое го дава и кога ништо не можеш да направиш, кога едноставно знаеш дека мораш, знаеш дека е за твое добро... а устата не работи а мора да работи, потребна е навистина голема доза на храброст за во таквите моменти да одиш и да го кажеш или сториш тоа што треба да го сториш. За крај, срамот е самиот глас на потсвеста која ти покажува дали актот кој ќе го извршиш е добар или лош.
 
Не постои човек што никогаш во животот не чувствувал срам, природно ни е тоа, како што се смееме, плачеме, така и се срамиме. Ко што рече и Crazy in love погоре, дури понекогаш симпатично и позитивно делува мала доза на срамење. Сепак не можеме комплетно да бидеме опуштени во секакви ситуации.

Лично јас не сум од оние срамежливите, бучна сум во друштво обично, освен со луѓе со кои си го немам муабетот или прв пат се запознавам, тогаш тешко ми е да отворам тема или да се надоврзам на нивниот разговор. Но по одредено време се вклопувам и немам гајле.
Не сум одбила ниту пак сум се каела за нешто што не сум го направила поради срам, постапувам онака како што мислам дека е правилно во моментот.
Можеби за некои е пресуден, тешко е кога си срамежлив и кога размислуваш пред да кажеш нешто поради тоа што се плашиш како кажаното ќе биде прифатено од другите.
Претерана доза срам дефинитивно влијае на самодоверба и на комуникација со останатите.
 
Не сум од тие претерано срамежливи, некогаш дури и се однесувам премногу опуштено, барем што се однесува до комуникација со луѓе.
Има некои нешта за кои си иам морални принципи и кои не ги погазувам, ама тоа не е толку срам колку што е принципиелност.
Мада и тоа принципиелноста никогаш не е сигурно тло. :icon_lol:
А за срамот зборевме... Не ми е срам за поважните нешта, туку за тие глупите, ситните. :) Ко на пример да вратам расипано млеко у продавница, да се искарам ако ме украла продавачката, да прашам некого за насока, да јадам на гости (освен кај ептен блиски луѓе)... Такви глупости :icon_lol:

Инаку сметам дека срамот и тоа како може да наиде како пречка општо во напредокот на личноста на било кое поле, почнувајќи од социјализација, до љубов, па се до кариера.
 
Абе срамот не е потребен за добро понашање туку осетот за што е глупаво а што не
 
А за срамот зборевме... Не ми е срам за поважните нешта, туку за тие глупите, ситните. :) Ко на пример да вратам расипано млеко у продавница, да се искарам ако ме украла продавачката, да прашам некого за насока, да јадам на гости (освен кај ептен блиски луѓе)... Такви глупости :icon_lol:

Е за ваков „тип“ на срам и ваков тип на ситуација зборав погоре.
На пример, изгорена сум да се искарам со продавачката шо ме украла, шо ми дала производ со поминат рок.. Изгорена сум ако некој на нејќење ме турни, да му се иссилам зошто ме турка..
А и на гости немам срам, буквално никаде.
И кога станува збор за одење кај дечко дома, и таму, би требало како сите нормални луѓе да ми е срам.
Ама не, и малце глупо се осеќам, луѓето ќе си помислат, што и е на оваа..
 
абе срам... како помал ептен бев срамежлив од СЕ и од СИТЕ. ама коа потпораснав ми дојде умот изгледа и сфатив дека со срам ништо не може да се постигне, па сега многу малце ми е срам. срам имам најмногу пред непознати во првите неколку моменти/минути од запознавањето, додека не се опуштам. исто така, и со некои девојки што ми се допаѓаат. од почеток може да ми и малку срам да и пријдам или слично...ама после пак си помислувам, со срам ништо нема да постигнеш и си терам брате.
иначе интересна работа...во последно време што ги запознав новите фаци, после прва/втора средба имале мислење дека сум многу молчалив и срамежлив. и после коа ептен се опуштам, и почнувам да зборам ко луд, не можат да ме препознаат:pos2:
 
Е за ваков „тип“ на срам и ваков тип на ситуација зборав погоре.
На пример, изгорена сум да се искарам со продавачката шо ме украла, шо ми дала производ со поминат рок.. Изгорена сум ако некој на нејќење ме турни, да му се иссилам зошто ме турка..
А и на гости немам срам, буквално никаде.
И кога станува збор за одење кај дечко дома, и таму, би требало како сите нормални луѓе да ми е срам.
Ама не, и малце глупо се осеќам, луѓето ќе си помислат, што и е на оваа..

е тука не се сложувам со тебе. и мене не ми е срам да идам кај девојката дома или она да иде кај мене. не знам, тие работи изгледа поинаку ги сфаќам. имам една другарка 4 години иде со мој братучед и е срам да се појави пред татко му или мајка му.:nenene: јас пак, со мајките ептен се погодувам :wink: а, можам и на татковците да се прилагодам, ако треба :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom