Срам од голотија...

Член од
25 март 2007
Мислења
204
Поени од реакции
14
У Библијата пишува дека Адам и Ева виделе дека се голи и се засрамиле. Зошто се засрамиле? Зошто се покриле со листови?
 
Хм,хм добра тема....јас не сум размислувала за ова, ама од она што јас го знам и верувам, можам да ти го кажам следново....значи Адам и Ева биле безгрешни, затоа што немале пробано од дрвото за распознавање на доброто и злото, што практично значи дека не знаеле за злото, едноставно немало место за зло во нивниот ум, им било непознато.....е откако пробало нивната совест ги обвинувала и самите тие помислиле дека е срамно да бидат голи......значи се засрамиле воопшто од самите себе, заради совеста, па затоа и од голотијата.....нас нашата совест не обвинува додека не се помириме со Бог преку Исус, а откако ќе го направиме тоа совеста е мирна и повеќе не се срамиме од самите себе....ова сигурна сум дека има и симболично значење, дека сите сме свесни дека пред Бог се е соголено, нема ништо тајно, скриено,се чувствуваме голи пред Неговото лице затоа и многу луѓе бегаат од Него, и затоа ни треба помирување за да нема веќе срам....се надевам ме сфати:smir:
 
Погледот на својата голотија и срамот од неа, всушност е срам не од самата голотија како таква, туку срам поради гревот кој Адам и Ева го сторија во непосредна Божја близина.

На пример, малите деца, од неколку годишна возраст, и да се појават голи пред други луѓе , не се срамат, оти нивниот ум сеуште не е загаден со страсти и похоти па нема и зашто да се срамат.
 
И јас така мислам, до тогаш биле како мали невини деца кои не се срамат што се голи бидејќи уште немаат самосвест, а и биле во рајот. Малите невини деца се безбрижни и среќни па метафорички гледано, тој рај бил пред се состојба на умот. Тука се совпаѓаат и зборовите на Исус - да го прифатите Царството Божје како ова дете. Испаѓа дека плодот од забранетото дрво бил како на дете да му дадеш пиштол, Адам и Ева пораснале без да созреат и ете каков е светот, деца во тела на возрасни... :)
 
Погледот на својата голотија и срамот од неа, всушност е срам не од самата голотија како таква, туку срам поради гревот кој Адам и Ева го сторија во непосредна Божја близина.

На пример, малите деца, од неколку годишна возраст, и да се појават голи пред други луѓе , не се срамат, оти нивниот ум сеуште не е загаден со страсти и похоти па нема и зашто да се срамат.

Каков грев какви бакрачи, облеката првенствено ја носиме како заштита од влијанието на околината, срамот од голотијата е отпосле наметнат со разно разни религиски ограничувања на морално и културно однесување кои се прифатени.
После многу генерации срамот од голотијата веќе може да се рече и дека ни станал вроден, но само голотијата во јавност и помеѓу облечени луѓе, додека на пример на нудистичка плажа, при туширање во групни гардероби (разни соблекувални по спортски клубови, војска...), тој срам не го чуствуваме..освен на почетокот.
Од друга страна и денес има зафрлени култури по светот за кои што одењето гол е сосем прифатливо и најнормално.
Така да иако првенствено се облекуваме за заштитита религиите тоа го искористиле за наметнување на уште една работа која ќе ја наречат грев со цел за уште поголема контрола на масите.
..за крај што е голотија?
И за тоа има разни сфаќања, негде е срам само изложување на поглед на гениталиите , негде било кој дел од телото....значи нема универзално прифатлив поим што е голотија.
Не е само срамот од голотија наметнат, и кај облекувањето имаме наметнати норми, не секаде може да се појавиш во било каква облека.
 
Интересно Воне, сметам дека срамот од покажувањето на половите органи е нешто што е најнормално да се појави кај нормални личности макар живееле и во дивина, но баш се замислив околу твоево мислење. :)
И по него испаѓа дека Господ не ги протерал затоа што не го послушале туку затоа што им било срам што се голи, а не можеш да бидеш во рајот ако ти е срам, хахаха. :)
 
Очигледно не си до крај разбрал што сум напишал, јас ни господ ни Ева ни Адам ни слични тракатанци не спомнав, пишував за тоа како вешто некои институции го искористиле тој вроден (ако е вроден, ама изгледа кај некои изолирани племиња не е вроден) срам за свои цели.
На мислење сум дека тој срам не е вроден, да е вроден како е можна појавата на нудистички плажи каде има илјадници луѓе кои не чуствуваат никаков срам, иостанувам на мислењето дека облеката ја употребуваме првенствено за заштита од условите на околината, јбг немаме крзно кое би не штитело.
.......... а сега малку бизарност, нормално дека кај луѓето се јавила желба за покривање на гениталиите, прво не секој сака секој да му зема мерка:pos2:, второ добро доаѓа за прикривање на возбудата, не мора секоја да знае што и мислиш, може да има и несакани последици:pos2:, љубомората чуда прави. Замисли ситуација..шеташ со женската, жената..и оп ти се дигне на некоја друга...готов си во момент:pos2:
 
Очигледно не си до крај разбрал што сум напишал, јас ни господ ни Ева ни Адам ни слични тракатанци не спомнав

Се шегував за тоа, реков дека таа голотија е метафорички поврзана со менталната состојба на рај, како кај малите невини деца.

На мислење сум дека тој срам не е вроден, да е вроден како е можна појавата на нудистички плажи каде има илјадници луѓе кои не чуствуваат никаков срам, иостанувам на мислењето дека облеката ја употребуваме првенствено за заштита од условите на околината, јбг немаме крзно кое би не штитело.

А јас сум на мислење дека (дури) ни тоа не може да се генерализира.
 
Каков грев какви бакрачи, облеката првенствено ја носиме како заштита од влијанието на околината, срамот од голотијата е отпосле наметнат со разно разни религиски ограничувања на морално и културно однесување кои се прифатени.
После многу генерации срамот од голотијата веќе може да се рече и дека ни станал вроден, но само голотијата во јавност и помеѓу облечени луѓе, додека на пример на нудистичка плажа, при туширање во групни гардероби (разни соблекувални по спортски клубови, војска...), тој срам не го чуствуваме..освен на почетокот.
Од друга страна и денес има зафрлени култури по светот за кои што одењето гол е сосем прифатливо и најнормално.
Така да иако првенствено се облекуваме за заштитита религиите тоа го искористиле за наметнување на уште една работа која ќе ја наречат грев со цел за уште поголема контрола на масите.
..за крај што е голотија?
И за тоа има разни сфаќања, негде е срам само изложување на поглед на гениталиите , негде било кој дел од телото....значи нема универзално прифатлив поим што е голотија.
Не е само срамот од голотија наметнат, и кај облекувањето имаме наметнати норми, не секаде може да се појавиш во било каква облека.

Ваков тип на обајснувње е од чисто психо-социлошки побиди, кој, како и секогаш, не дава суштински одговор на проблемот, туку само констатирање за постењето на проблемот.
 
Razlika,pomegju Halalot i Haramot (Dozvolenoto i Zabranetoto) mozat da napravat duri i Zivotnite. Znaat da se zasramat od Haramot (zabranetoto) a ramnodusni da bidat prema Halalot (dozvolenoto).
Zemi za primer edna Macka. Ako i dades parce meso,ke ostane i ke go izede pred tebe. HALAL. A ako ti go ukrade,bega i se krie,da go izede a da ne ja vidi nikoj.HARAM. Nekoi luge pomalku razmisluvaat od nekoi zivotni.
Ne zboruvam opsto za golotijata tuku za stramot,deka,ne e izmislen toj od religijata. Bidejki ne se sramo Covekot samo so golotijata,koja denes aman i ne e sram poveke,tuku za mnogu raboti. Se' od sto se srami covekot,zabraneto e da go pravi. Golotijata sega i ne e bas sram,sto ne znaci deka e dozvolena i deka postana normalna.... toa samo svetot otide vo nemoral.Kako sto ni Krazbata nikogas nema da bide dozvolena i normalna a sram e da te fati nekoj na delo kako krades.
 
Ваков тип на обајснувње е од чисто психо-социлошки побиди, кој, како и секогаш, не дава суштински одговор на проблемот, туку само констатирање за постењето на проблемот.

Samo za koj problem zborime?
 
deneska poveketo zeni na zapad i vo makedonija se oblekuvaat kako sto porano se oblekuvale prostitutkite koga odele na rabota za da privlecat musterii, ova go ima kazano Luj Vensan Toma vo knigata Antropologija na smrtta, mi se cini.
 
Во Библијата Бог му забранува на Мојсеј да ја открива голотијата на телото - тоа е ,,беззаконие,,. И таа божја заповед христијаните ја зачувале досега.
Кога Микеланџело во Секстинската капела нацртал ,,Страшен суд,, со голи светци и светици, избувнал скандал и папата наредил на ,,срамните области,, да се постават драпери. Дури во современата анатомска номенкалтура половата регија и половите органи се срамни.
Сепак, постои разлика во појавата на христијанското непријателство кон сексуалноста и еротиката во земјите на источната и западната христијанска црква.
Веројатно борбата меѓу паганската традиција (многубожечки) што носи слободни, природни и неограничени од религиозни догми сексуални обичаи и поведенија, и аскетското и непријателското на сексуалноста и еротиката христијанството формира, на различен начин, сексуално поведение и разбирање на западните христијани - католоци и на источните христијани - православни.
Како резултат од наложената христијанска идеологија и бурното и тешко историско минато, нашиот народ формира скромно, срамежливо, неискусно и пасивно полово поведение, под кое се крие жешко паганско срце.
 
Единствен асален пост што го прочитав, не земајки ја во предвид дискусијата на Кул хенд и воне!:aplauz:
Христијанството САКС БОЛС, као и увек. Облечен, гол... сеисто... Не би требало да прави тоа некоја разлика. На крај крајева сите сме слични, нема од што да се срамиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom