- Член од
- 25 март 2007
- Мислења
- 204
- Поени од реакции
- 14
У Библијата пишува дека Адам и Ева виделе дека се голи и се засрамиле. Зошто се засрамиле? Зошто се покриле со листови?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Погледот на својата голотија и срамот од неа, всушност е срам не од самата голотија како таква, туку срам поради гревот кој Адам и Ева го сторија во непосредна Божја близина.
На пример, малите деца, од неколку годишна возраст, и да се појават голи пред други луѓе , не се срамат, оти нивниот ум сеуште не е загаден со страсти и похоти па нема и зашто да се срамат.
Очигледно не си до крај разбрал што сум напишал, јас ни господ ни Ева ни Адам ни слични тракатанци не спомнав, пишував за тоа како вешто некои институции го искористиле тој вроден (ако е вроден, ама изгледа кај некои изолирани племиња не е вроден) срам за свои цели.Интересно Воне, сметам дека срамот од покажувањето на половите органи е нешто што е најнормално да се појави кај нормални личности макар живееле и во дивина, но баш се замислив околу твоево мислење.
И по него испаѓа дека Господ не ги протерал затоа што не го послушале туку затоа што им било срам што се голи, а не можеш да бидеш во рајот ако ти е срам, хахаха.![]()
Очигледно не си до крај разбрал што сум напишал, јас ни господ ни Ева ни Адам ни слични тракатанци не спомнав
На мислење сум дека тој срам не е вроден, да е вроден како е можна појавата на нудистички плажи каде има илјадници луѓе кои не чуствуваат никаков срам, иостанувам на мислењето дека облеката ја употребуваме првенствено за заштита од условите на околината, јбг немаме крзно кое би не штитело.
Каков грев какви бакрачи, облеката првенствено ја носиме како заштита од влијанието на околината, срамот од голотијата е отпосле наметнат со разно разни религиски ограничувања на морално и културно однесување кои се прифатени.
После многу генерации срамот од голотијата веќе може да се рече и дека ни станал вроден, но само голотијата во јавност и помеѓу облечени луѓе, додека на пример на нудистичка плажа, при туширање во групни гардероби (разни соблекувални по спортски клубови, војска...), тој срам не го чуствуваме..освен на почетокот.
Од друга страна и денес има зафрлени култури по светот за кои што одењето гол е сосем прифатливо и најнормално.
Така да иако првенствено се облекуваме за заштитита религиите тоа го искористиле за наметнување на уште една работа која ќе ја наречат грев со цел за уште поголема контрола на масите.
..за крај што е голотија?
И за тоа има разни сфаќања, негде е срам само изложување на поглед на гениталиите , негде било кој дел од телото....значи нема универзално прифатлив поим што е голотија.
Не е само срамот од голотија наметнат, и кај облекувањето имаме наметнати норми, не секаде може да се појавиш во било каква облека.
Ваков тип на обајснувње е од чисто психо-социлошки побиди, кој, како и секогаш, не дава суштински одговор на проблемот, туку само констатирање за постењето на проблемот.
Единствен асален пост што го прочитав, не земајки ја во предвид дискусијата на Кул хенд и воне!Во Библијата Бог му забранува на Мојсеј да ја открива голотијата на телото - тоа е ,,беззаконие,,. И таа божја заповед христијаните ја зачувале досега.
Кога Микеланџело во Секстинската капела нацртал ,,Страшен суд,, со голи светци и светици, избувнал скандал и папата наредил на ,,срамните области,, да се постават драпери. Дури во современата анатомска номенкалтура половата регија и половите органи се срамни.
Сепак, постои разлика во појавата на христијанското непријателство кон сексуалноста и еротиката во земјите на источната и западната христијанска црква.
Веројатно борбата меѓу паганската традиција (многубожечки) што носи слободни, природни и неограничени од религиозни догми сексуални обичаи и поведенија, и аскетското и непријателското на сексуалноста и еротиката христијанството формира, на различен начин, сексуално поведение и разбирање на западните христијани - католоци и на источните христијани - православни.
Како резултат од наложената христијанска идеологија и бурното и тешко историско минато, нашиот народ формира скромно, срамежливо, неискусно и пасивно полово поведение, под кое се крие жешко паганско срце.