Од каде си сигурен дека имаш "подугачка меморија" од мене? Лобирањето не значи потплаќање, молчење и чекање да се остварат целите. Тоа значи активизам. Првите протести во Југославија во седумдесетите ги правеа токму Албанците! 1981 година има 9 убиени демонстранти на Косово кои бараат статус Косово - Република. Да не потсеќам што се случуваше тука. Еден континуиран процес на лобирање во вид на мито на запад, а по дома координиран револт во вид на протести, бојкот и правење драма од секое можно прашање. А најголемата смешка е што ми кажуваш дека без урлање добиле република косово. Демек си платија си добија. Така да се добиваа држави секој богаташ ќе си имаше по една. Се е тоа комбинација од фактори, но едно е јасно без притисоци, без покажување заби ниту се прави ниту се одржува држава.
Ти, и за жал огромното мнозинство очигледно не сте способни да препознаете кому му е во корист сега и кому му било во корист во 81-ва да протестира! Како и - што требало да се постигне со тие протести. Иако со Тапетарот не се согласуваме за некој нешта, овде итекако е во право.
На почетокот на 80-те, целта на протестите беше да се предизвикаат немири и дестабилизација во која Албанците ќе испаднат жртви во очите на западниот свет, тоа и се случи! Ај погоди сега, во оваа ситуација, кому му е во корист истото тоа сценарио?
Зарем не се провидни и очигледни тие намери, кога за да излезат на протест, немајќи што друго како изговор, се вадеа на тоа што мажи полицајци привеле жена муслиманка! На нив им се потребни изговори, и единствен начин да ги добијат се наивни и националистички настроени вжештени глави!
Оваа битка се добива единствено со глава, со лобирање, со трпеливост! Не со препуштање на емоциите.