Спотот на евровизиската песна, го има некој?

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Веб-сајт
www.kajgana.com
Од едни слушам бил при крај,од други дека е готов...па така да кој го најде прв нека го дава да го прокоментираме:)
 
Евровизискиот спот премиерно во Дневникот на МТВ. Од утре сите шест верзии на МММ!

Вечерва во централниот Дневник на Македонската Радио Телевизија премиерно ќе биде претставен евровизискиот спот на Тамара, Врчак и Адријан, за темата Во име на љубовта.

http://www.mmm.com.mk/?ItemID=D5F79755A70D2946B19ED829866C94EE

го гледаше некој спотот?
 
Добро е спотчето ако се врти низ другиве земји супер. Убав спот, модерен, одговара со ритамот и со самиот стил на песната. Ќе има деновиве и промоција на MTV.

Абе какви и да се треба да ги бодриме и готово. Тоа е обичен фестивал и никогаш нема да ми стане јасно зашто толкава фама. Секој треба да си ја испроба среќата на евровизија годинава овие, друг пат други и готово и да не се замараме до толку. Од мене имаат подршка :pipi:
 
Еве ви го спотчето овде и овде. Во сите 6 верзии.

Промоцијата беше денес на ФОН Универзитетот.

П.С. Утре на сајтот фотки од снимањето на спотот. :)
 
Промоцијата беше топ а и спотот го напраиле супер.Дадоа добри интервјуа на прес-конференцијата, незнам за другите телевизии на А1 гледав, за џабе толку снимаа коа многу малку дадоа. Инаку цел ден денеска ја пуштаа на факс. Песната звучи супер во сите верзии а и тројцата изгледаат топ на спотот.
 
Катастрофа е спотот! Трагедија...
Една сцена не трае повеке од 1 секунда!
Глупости живи!
 
Еве ви го спотчето овде и овде. Во сите 6 верзии.

Промоцијата беше денес на ФОН Универзитетот.

П.С. Утре на сајтот фотки од снимањето на спотот. :)
Има веќе фотки ама не се којзнае што..матни се..а и нема многу 15 се..
 
Катастрофа е спотот! Трагедија...
Една сцена не трае повеке од 1 секунда!
Глупости живи!
Епа и ти сега, знаеш ли дека Миличевич е најпознат режисер на Балканот и подалеку....или гледано од стварно професионалците НЕ Е :)
Обичен идиот што везе нема од режирање на спотови, типичен курајбер што глуми лудило
 
Епа и ти сега, знаеш ли дека Миличевич е најпознат режисер на Балканот и подалеку....или гледано од стварно професионалците НЕ Е :)
Обичен идиот што везе нема од режирање на спотови, типичен курајбер што глуми лудило
а добро што ви е ?! ај малку реалност. бидете среќни што имало режисер.Кој ќе ти плати од Македонијава за режисер од странство?
и за тоа како испаднал добар е за наши стандарди. и онака не мења ништо, среќна ќе бидам ако влеземе во финалето.
 
е де бе, одма да критикувате.мислам дека ова е еден од подобрите спотови на македонските претставници на Евровизија, баш е онака светски и интересен и ми се допаѓа:lollipop:
 
Фали Мадона. Плус Врчак не е црнец, штета...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom