Мислам дека е од Битола, ама не е ни важно...
Сите навикнати на муабетите на мама (која има его за билдање пред комшиите) дека детето мора да заврши факултет и да има просек 9.9, а
ако биде спортист тогаш по дифолт е глупав, неписмен и не знае ни името да си го напише. Спортистот како звање не се цени.
Сеедно, каде е позитивната страна на работите, зошто качувањето по планина мора да биде само “шанса да се лизнеш од камен, да те изедат мечки, да се изгубиш и умреш од глад...), а не може да биде полнење на организмот со чист воздух, релаксација од секојдневните обврски, авантура со партнерот по која ќе бидеме двојно заљубени?
Да, животот е суров, и не тера да гледаме на темната страна бидејќи почесто се случува. Ама кога Господ (условно) ни дал висина од 202 и широки раменици, тогаш сигурно не мислел од нас да створи забар. Замисли колкави дебели прсти има тој човек.
Кој не ризикува, тој и не добива... општо во животот.