Македонија и Србија тоа е привидно пријателство на јагне и волк кој што е премногу зафатен со други проблеми.
До некаде и фино си го склопил.
Ама не е и тоа целата вистина.
Целата вистина е дека Македонија за да опстои немаше право да покажува сила и да игра реско во ниедна балканска ситуација,и нејзино право пред се заради внатрешни прашања и географска поставеност,како и заради историјата која што не е на нејзина страна беше да не се приклонува кон ниедна страна.
Македонија мораше да биде Швајцарија на Балканот.
И Господ ми е сведок дека тоа беше остварливо.
Само што... тоа требаше да го направи некој многу попрагматичен политичар од постојните (од сите партии,без Глигоров), некој кој што знае,може и е добредојден да седне на сите скарани помеѓу себе `маси` и да понуди преговори и помирување помеѓу нив.
Некој со улога на добриот самариќанин,сакан и почитуван од сите.
Некој кој што ќе ги тера другите од инаку инзворедно превртливиот и тежок за менаџирање балкан да се срамат кога ќе помислат да му прават беља.
А можат.

У секој момент кога ќе посакаат.
Сега... желбите се едно,реалноста скоро секогаш е нешто друго.
Таков нема...
И мене искрено многу ме интересира развојот на настаните во и околу Македонија гледан од оваа денешна перспектива кон напред.
ЗА мене лично,има само една добра ствар:
Ги изгубив емоциите...
тие противници на човечкиот здрав разум.
И многу појасно може да видам некои `невидливи` нешта.