Според ЕК „Македонија ќе мора да го смени договорот за Јужен поток„

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Факт е дека после случувањата во Украина Европа полека се свестува дека нивната диктаторска политика скриена позади романтични идеи веќе не поминува толку лесно и дека се повеќе држави кои се третирани на крајно неправеден начин си бараат „чајре„ на некој други пазари во некој други правила на игра. Факт за будењето на курвичето Европа е и овој очајнички обид со диктат да го спречи навлегувањето на Гаспром а со него и на Руското влијание на Балканот, особено во Македонија и Србија.
Копач: Македонија ќе мора да го смени договорот за Јужен поток

06.12.2013 | 16:40
Економија
Прочитано: 1756
Јужен поток повторно создаде конфликт на релација Русија и Европа.

Европската Комисија ги повика земјите потписнички, меѓу кои и Македонија, да ги изменат меѓувладините договори со руски Газпром и да ги усогласат со европската легислатива.

67236.jpg
И договорот на Македонија е во спротивност со европските директиви, затоа земјава ќе мора да го усогласи меѓувладиниот договор со русите најави неодамна во ексклузивно интервју за 24 Вести првиот човек на Европската енергетска заедница Јанез Копач.

Од Владата се уште размислуваат како да одговорат на забелешките.

Европската Комисија ги спори билатерланите договори затоа што во нив „Газпром“ се позиционира како монопол кој самиот ја одредува цената на гасот, а во истовреме е произведувач, дистрибутер и сопственик.Овој европски став, предизвика жестока руска реакција.

„ Ние сме потписници на овие договори и тие и' се достапни на јавноста со години и затоа сме изненадени и разочарани што Комисијата дури сега ја изразува својата загриженост, по започнувањето со изградбата на гасоводот. Овој незгоден тајминг е уште помалку разбирлив ако се земе во предвид дека изградбата на Јужен поток е определен како национален приоритет за неколку земји – членки на Унијата, наведува „Газпром“ во соопштението. Русија најави дека подготвува тужба против ограничувањата на ЕУ.
http://24vesti.mk/kopach-makedonija-kje-mora-da-go-smeni-dogovorot-za-juzhen-potok
 
Таман едвај потпишаа нешто после толку натегања,сега пак мењај..никад гас нема да видиме.
 
Македонија не е никаков фактор ниту партнер во овој проект , ние само добивме милостина за еден крак.

Конкретно за овој потег на ЕУ сметам дека е крајно лицемерен и крајно иритирачки е тајмингот на реакцијата , и тоа на стартот на изградбата . Очигледно е дека ЕУ исклучиво размислува само за нејзиниот стожер а тоа се западните богати арогантни членки .
 
Сменете го јужниот поток за во македонија да нема Потоп :D
 
Страв им е на евробирократчињата и креаторите на политики од руското влијание и енергетската независност (од ЕУ) на поширокиот југоисточно-европски регион.

Ќе се пазарат со Русите тие, ние ќе чекаме. Освен ако...
 
Факт е дека после случувањата во Украина Европа полека се свестува дека нивната диктаторска политика скриена позади романтични идеи веќе не поминува толку лесно и дека се повеќе држави кои се третирани на крајно неправеден начин си бараат „чајре„ на некој други пазари во некој други правила на игра. Факт за будењето на курвичето Европа е и овој очајнички обид со диктат да го спречи навлегувањето на Гаспром а со него и на Руското влијание на Балканот, особено во Македонија и Србија.

Нема врска со Украјна, во Европа одамна постои антимонополска регулатива. И големи фирми од Гугл и Мајкрософт , Филипс итн. редовно се казнуваат поради монополско делување.
 
Ги советуваат земјите потписнички да си земат кредит за изградба на гасоводот , но не знаеле кој ќе им даде поради спротивставувањето на ЕУ , т.е немање правна сигурност . :rolleyes:

За ЕУ договорите со Москва се проблематични во однос на три точки. Прво, мора да се раздели производството на гас од неговиот пренос, оти според сегашниот договор тоа би требало во иднина да го прави само една компанија, односно „Газпром“. Гасоводот треба да е достапен и за трети страни што ќе се заинтересираат да се приклучат, односно производителот е должен да му го даде на кој било во Европа што ќе побара. И трето, гасоводот мора да има независен раководител, меѓутоа во случајот тоа е „Газпром“.

Холцнер порача и дека за оние држави што ќе се вклучат на гасоводот, поради висината на цената ќе треба да земат заем од банка, но ако банката види дека договорот нема правна безбедност, поради спротивставувањето на ЕУ, тогаш може банката да не потпише или да бара големи гаранции.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12613853409&id=10&setIzdanie=23046
 
ЕУ САК МАЈ БАЛС .... :mad:

еј и онака сум наркучен со ЕУ , а и утре ако гласаме за влез од мене има НЕ за глас , ова е цреша на цела работа .... Има да им праам Ти-бег цело време да идиотите ...

teabag.jpg
 
Македонија нема што да менува, од наједноставна причина, бидејќи Јужен Поток не поминува низ нејзината територија.

Македонија е потенцијален корисник на услугите на Јужен Поток, за кои граѓаните на Република Македонија ќе мораат да плаќаат од своите џебови, а за возврат да се надеваат на цени од Газпром кои нема силно да удрат по џебовите на граѓаните на Република Македонија.

А ако диктирањето на цените не е во рацете на Газпром, туку во рацете на ЕУ или на некоја друга меѓународна корпорација или меѓународна организација, тоа повторно ги остава Македонците на подебелиот крај.

Со други зборови кажано, без разлика каков ќе биде исходот од препукувањата Русија-ЕУ, Македонците ќе останат губитници, бидејќи и со Јужен Поток и без Јужен Поток, ниту македонската економија, ниту Македонците како нација нема да дочекаат некое значително подобрување.
 
А ние као демек имаме договор за јужен поток :facepalm:
 
Па нека Македонија да има каже на ЕУ дека не сме членка во ЕУ ниту НАТО и нека им поставува услов иако МК има договор со ЕУ ама МК има добар адут во ракав ;)
 
Таман едвај потпишаа нешто после толку натегања,сега пак мењај..никад гас нема да видиме.

А како капацитетот на сегашниот гасовод го искористивме, па сега ни фали уште еден. Од јужен поток можеме да добиеме само крак, не поминува низ наша територија, а финтата е да земаат пари од транзит на гас оние држави каде ќе поминува.
 
Дали грешам?
Договорот кој Македонија го потпиша за Јужниот поток сеуште не е објавен?
Јас колку што знам е потпишан,договорен и објавен .... 4тиот главен човек на компанијата беше тука лично со негова компанија да се потпише договор, затоа нонсенс ми се глупостите кои се тропаат дека нема ништо од тоа ....

http://www.youtube.com/watch?v=LmQTU0j8Ahs&feature=youtube_gdata_player

Затоа престанете со истите гомна дема нема ништо од оваа работа .... истата приказна ја вртите со секоја нова работа ... нема ништо нема ништо ... Сашо Мијалков ви е крив повторно ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom