Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.335
- Поени од реакции
- 57.913
"Spin City" (1996)
OK, серијава е постара, ама грев е да нема тема за вака легендарна серија. Не знам што се случило, дали во преуредувањето на форумот по грешка сме ја избришале темата или нешто слично... зошто се си мислам дека постоеше тема. Ги прегледав сите страни, ако грешам, пишете да ги спојам темите.
Енивеј, Spin City, или Лудиот Град, како што се преведуваше кај нас, е серија која се врти околу главните луѓе на Градоначалникот на Њујорк. Има 6 сезони, од кои во првите 4 во главната улога беше Michael J. Fox . Омилениот јунак од Back to the future серијалот за жал мораше да се повлече откако му беше дијагностицирана Паркинсова болест. Веста за болеста погоди буквално милиони негови фанови. Неговото место го зазеде Charlie Sheen , кој беше заменик на градоначалникот во последните две сезони.
Оваа серија комотно спаѓа во групата „не-ги-прават-вака-повеќе“. Класичната приказна се врти околу Мајк Флаерти, десна рака на градоначалникот, човек кој е омилен кај сите и е задолжен да го вади градоначалникот од глупостите во кои влегува. Градоначалникот пак е приказна за себе: човек со добра душа и ниска интелегенција, по наши кажано, тапа. Овој пар е урнебесен и поради физичките предиспозиции, Мајк е низок, а градоначалникот кошаркарски висок, па овие двајцата како комбинација се предмет на многу шеги во серијата.
Остатокот од актерската екипа е на ниво во целина како ретко која актерска екипа во сит-комите. Тешко е да не сакате некој од главните фаци и нивните маани.
Неколку видеа:
Простувањето на M.J.F. од серијата:

И по некоја сцена:
Уживајте!