Speedtest.net (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата mALEFACTOr
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, јас имам од Телекбаел 100/100 оптички интернет претплата, но никогаш не сум имал повеќе од 40 Mbps на лаптоп во соба? Дали знаете што може да биде проблемот? Рутерот ми е преку две соби, ама и до него да сум, едвај 50 Mbps ми покажувало.

Дали е проблем нешто во инсталацијата, или самиот рутер? Рутерот е даден од Телекабел, дали треба да купам подобар, и каков?
Чарето се вика гигабитен рутер. Си земаш рутер со гигабитни порти и поголема брзина на ви-фи. Рутерите на сите оператори се такви, на ЛАН можиш да добијаш голема брзина како што е во договорот загарантирана, а на ви-фи никој не ти гарантира за брзината. Еве на пример како овој:
https://www.anhoch.com/product/599867643/xiaomi-mi-router-4a-wireless-dual-band-gigabit
На лан гарант ќе му извади 100ка :)

Пробај на 5ghz ако ти поддржуваат уредите, треба да ти извади поголема брзина
 
На лан гарант ќе му извади 100ка :)

Пробај на 5ghz ако ти поддржуваат уредите, треба да ти извади поголема брзина
Извини, не се разбирам, каде се проверува тоа?

Дали ако го земам рутерот, како тој на сликата, ќе имам поголема брзина? барем 60-70, не мора повеќе хахах
 
Извини, не се разбирам, каде се проверува тоа?

Дали ако го земам рутерот, како тој на сликата, ќе имам поголема брзина? барем 60-70, не мора повеќе хахах
Не сум имал оптика од Телекабел, ама на Телеком хуавеи онт-то беше така. За да си сигурен дека истиот може воопшто да носи до 100ка закачи му лан кабел на лан портот и пробај спид тест, ако вади 100ка вреди да одиш на следен чекор т.е играње со фрекфенциите.

За да ги промениш фрекфенциите треба да за закачиш на самиот уред кабел или вифи. Од долна страна ја имаш default home ip на рутерот, искуцај ја таа во броусер, најди ги таму more functions или така нешто им беше именувано, wifi settings, advanced wifi settings и во bandwith одбери кои фрекфенции сакаш да ги зрачи. Ако имате дома понови уреди кои може да слушаат и 2.4 и 5, ќе имаш 100ка, ако примаат само 2.4 ништо нема да ти се смени.
Ако се разликува уредот од ова, види го кој модел на уред е, пиши на гугл how to modify bandwith/frequency on model ..... и ќе ти даде насоки.
 
Дечки дај предложете најдобар интернет провајдер за Гејминг.Сегашниов интернет е катастрофа ми скока пингот 10+ на секое .. Ми треба некој што стално ќе има стабилен пинг.
 
Дечки дај предложете најдобар интернет провајдер за Гејминг.Сегашниов интернет е катастрофа ми скока пингот 10+ на секое .. Ми треба некој што стално ќе има стабилен пинг.
Секој интернет провајдер што нуди оптички интернет е одличен за гејминг, гледање иптв, серии и работа.
Телеком нуди стабилна оптика со низок пинг, А1, Неотел и Телекабел. Овие 4 провајдери нудат оптика, најмногу вреди телеком да се земи, бидејќи многу е пофален таму кај што има оптика, освен прекини некогаш кога имало.
Зависно твоите потреби и твојот буџет, ти си одлучуваш, а цените се тие на сајтовите што ги имаат. Кај А1 цените што се кабловскиот, важат и за оптичкиот интернет, порано беа 999 за 50мбпс и 1200 за 100мбпс, сега се 800 за 50 мбпс и 1100 за 100 мбпс и 1ТБ лимит(после 2/2). ДРУГИВЕ ПРОВАЈДЕРИ НУДАТ ПОГОЛЕМ ЛИМИТ, ПА ТАКА НЕКАКО ПЛАНИРАЈ. Неотел 5 ТВ, ТЕЛЕКОМ - 2ТВ, 5ТБ и 10 ТБ и телекабел неограничен скроз.
 
Дечки дај предложете најдобар интернет провајдер за Гејминг.Сегашниов интернет е катастрофа ми скока пингот 10+ на секое .. Ми треба некој што стално ќе има стабилен пинг.
Ко што кажа и членот погоре, гледај само оптика.
Ако имаш понуди од повеќе оператори види си кој ти е најисплатлив со цена+сообраќај+брзина.
Која оптика и да ја земеш ќе ти врши работа.
 
Добар ден, ако може малко помош со две ситуации.
1. Од телеком имам 100/100 оптика, но на Wi-Fi имам 42-47Mpbs, на LAN кабел немам проблем и претпоставувам дека е до рутерот. Дали постои начин да ставам друуг рутер појак за да немам проблеми со брзината, треба да барам рутер што има приклучок за оптика како нивниот на Huawei или треба да земам стандарден рутер и со UTP кабел да го поврзам Huawei-то со новиот рутер.
2. Секој ден во дадено фреме ми паѓа интернетот на 5-6 мин. и пак се враќа. Оваа недела е 14:05-14:10, предтоа 2-3 недели секоја вечер од 00:25-00:30,во тој период телевизијата си работи најнормално, само интернетот не е достапен. Нормално е тоа или има некој проблем шо треба да барам чааре.

Ви благодарам однапред.телеком.jpg
 
Ви благодарам однапред.Прегледај го приврзокот 339734
Влези во рутерот и сетирај го да зрачи на 5Ghz (нормално ако ти поддржуваат уредите), ќе имаш помал опфат но ќе имаш 100че.
Тоа што паѓа е поради ресетирање на IP адресета, не се сеќавам дали ресетираше два или три пати на ден и нема да може да го решиш.
 
Тоа што паѓа е поради ресетирање на IP адресета, не се сеќавам дали ресетираше два или три пати на ден и нема да може да го решиш.
Најмалце еднаш се рестартира сигурно, некогаш сум приметил два пати на ден, за три пати дневно не знам. :D
Рестартирањето зависи кога се уклучил рутерот во струја, најчесто се рестартира и снемува интернет (1минута) на секои 12 или 24 часа.
 
Јас знам дека го штимав ова за да не ми падне додека сум на состаноци, кога ќе се изместеше го гасев од струја пред да почнам наутро околу 8, и беше ок :)
 
Влези во рутерот и сетирај го да зрачи на 5Ghz (нормално ако ти поддржуваат уредите), ќе имаш помал опфат но ќе имаш 100че.
Тоа што паѓа е поради ресетирање на IP адресета, не се сеќавам дали ресетираше два или три пати на ден и нема да може да го решиш.
Имам сетирано 5GHz и во иста просторија пак е мала брзината, затоа прашувам дали тој белиот Huawei рутер им е способен да пренесува 100Mbps преку Wi-Fi или само преку LAN кабел
 
Имам сетирано 5GHz и во иста просторија пак е мала брзината, затоа прашувам дали тој белиот Huawei рутер им е способен да пренесува 100Mbps преку Wi-Fi или само преку LAN кабел
Да на тој рутер кога имав од Телеком со 5GHz мрежата ми вадеше 100че.
Многу е битно дали твојот уред има 5 гигахерци, бидејќи нивниот рутер ќе зрачи на 2 мрежи истовремено, која ја имаш таа ќе ја користи.
 
Имам сетирано 5GHz и во иста просторија пак е мала брзината, затоа прашувам дали тој белиот Huawei рутер им е способен да пренесува 100Mbps преку Wi-Fi или само преку LAN кабел
Земи си рутер гигабитен и поврзи го со хуавејот преку ЛАН кабел и ќе имаш подобра брзина само така. Ви-фито на сите рутери што ги даваат операторите е слабо и не е толку јако и само на Лан физички кабел можеш да ја имаш брзината, а за на вифи треба друг рутер што салам покрива и немаш мака - од Xiaomi мислам дека ќе ти биде најдобро, бидејќи на youtube гледав каде што го фалеа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom