Спас за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека на нивната глупост им нема крај! Мене како идеја ми се допаѓа Скопје 2014, ама реализацијата... Платија леење на споменици во најскапата леарница и да почне боја да се разлева по нив значи дека овие се убивање. Сега пак ли треба да плаќаме за поправка??? Колку пари ни отидоа за леење, нема ни година ние треба да плаќаме за поправка. Мене ми се смачи да им плаќам даноци за да ги гледам јавно како перат пари, барем да не се фалат за парите што ги дале на нивни фирми. Сега уште аква парк ни фали да потонеме уште повеќе.
Немој да жалиш по тие пари. Отидоа...исто као СФРЈ, ги снема, аш. Као да плачеме по едно време...а немаме времеплов.
Сметај дека ќе има секоја година (можи само во навидум помал обем и поинаку смислени) слични набавки, проекти и пари за одржување. Тие пари не биле твои, тие биле веќе таксани. Чекај да го реактивираат проектот за 100-катници и решението за уште плажи на Вардар...ќе ти се одмили телевизорот (кој патем исто треба да го платиш) :)

Ма ваљда Чоузен само се зеза, што знам...као Хичкок со птиците :)
 
ќе ти се одмили телевизорот (кој патем исто треба да го платиш) :)

Јас плаќам телевизија! Откако два пати ми ја блокираа сметка и откако си платив 15 илјади за извршители и за телевизија, се` ми е одмилено! Сега очекувам воздухот да почнат да ми го наплатат. Очекувам на некој од „брилијантните“ смислувачи на проекти да му текне и на ова!
 
Па и не е толку пријатно јас да му давам пари на некој неписмен идиот што седи и што смислува нов глуп проект за да ми ги земе парите.

he ne se razbirame...:)
Затоа треба да се укинат политичарите,не ни требаат,зашто ништо не решаваат,а и незнаат да решат.Треба да се укинат,зашто тоа што не движи напред е само технологијата и тие што ја создаваат,а не политичарите.

Zeitgeist FTW
nemoze ..................tie se nuzno potrebni , ama zgodno bi bilo da se UKINAT glupavite zakoni koi dopustaat politicarite da rabotat..BEZ ODGOVORNOST pred narodot, vo negovo ime , a za svoja licna korist...!!!
 
Да се укинат и рекламите на владата почнувајки од врвот --> „ :nesvest:
 
Јас плаќам телевизија! Откако два пати ми ја блокираа сметка и откако си платив 15 илјади за извршители и за телевизија, се` ми е одмилено! Сега очекувам воздухот да почнат да ми го наплатат. Очекувам на некој од „брилијантните“ смислувачи на проекти да му текне и на ова!
Као дете сигурно си ги читала романите од Петерсен Градот Будалија и Подвизите на Тил Ојленшпигел (навидум детска литература, за нас реалност). Постојано во вакви теми нешто ме навраќа кон содржините на овие дела.
Едноставно кај до гуша се луѓето во долгови, криминал, кредити, проблеми и немаштија...таму уште се појавуваат вакви идеи за минхаузенски зафати. Невкус и немање осет за сопствениот народ и држава.

И јас плаќам, но за 2011 рекоа нешто наводно ќе сменат во начинот на плаќање па сеуште немам платено.
 
Абе не се заебавајте со вакви работи, да не му шепне некој на ОВОЈ НАШИОВ ,па да излезе на прес и најави АКВА 2015 та и пак да се втиме,втиме ,втиме.....

На кажувај двапати :vozbud: Мухухахахахахахахахахах :pos2:

Аква-парк за 3,5 милиони транзитни туристи

Градски аква-парк ќе се гради и во рамките на СЦ "Борис Трајковски", самостојно или со јавно-приватно партнерство

Моите зборови хахахахаха до запирка....... инаку има и уште еден крупен проект кој е резултат на мое повеќе месечно интезивно лобирање....... и воедно е дел од Изборниот Манифест на ВМРО ама не го кажувам.

AC185043FE2D9C479C921A9F91B94AF0.jpg

Со помош на домашни и странски приватни инвеститори ќе се градат нови хотели, мотели, модерни бензински станици и туристички атракции, како аква-парк, што ќе бидат наменети за 3,5 милиони патници кои годишно транзитираат низ Македонија преку Коридорот 10. На овие локации туристите ќе можат да се одмораат и разладуваат за време на летната сезона, а со тоа ќе се овозможи коридорите 8 и 10 до 2013 година да станат атрактивни за транзитните посетители .

Градски аква-парк ќе се гради и во рамките на Спортскиот центар "Борис Трајковски", самостојно или со јавно-приватно партнерство, кој ќе располага со забавни содржини на вода, во кој ќе се овозможи забава за сите генерации и во текот на летниот период. Овој парк ќе биде лоциран до обновениот базен Карпош и заедно ќе претставуваат една целина.

Ова се само дел од новините што треба да го поттикнат развојот на современиот туризам во земјава, а се составен дел на Манифестот за реформи и развој што ВМРО- ДПМНЕ го подготви за периодот од 2011 до 2015 година. Манифестот се фокусира на подобрување на инфраструктурата и на подигање на квалитетот на услугите на аеродромите и на граничните премини, но и подобрување на состојбата на магистралните, регионалните и на локалните патишта.
На општо задоволство на туристичките работници, агенции и асоцијации, до крајот на годинава треба да се намали стапката на ДДВ за туристички услуги од 18% на 5%. Според Манифестот ова ќе претставува директна поддршка и за развојот на туризмот. Со тоа ќе поевтинат услугите за туристичко сместување (ноќевање), сместување со појадок, полупансион или полн пансион во сите комерцијални објекти за туристички услуги: хотели, туристички апартмани, пансиони, камп-населби, одморалишта, планинарски и ловечки домови и гостилници.

Ќе се интензивира и партнерството на државата со бизнис-заедницата, за чија цел до средината на јуни идната година да се реорганизира Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот во Македонска национална туристичка организација. Во план е и да се формира интегриран туристички информативен портал со што ќе може да се реализираат резервации преку интернет за домашните и странските туристи, како и соодветна презентација на македонските туристички капацитети.

Преку ниска почетна цена за земјиштето од 1 евро за квадратен метар, како
и намалувањето на комуналиите за 95% од почетната вредност, ќе се настојува да се привлечат инвеститори за изградба на хотели во Скопје, Охрид, Струга, Преспа и Дојран за езерскиот туризам и во Гевгелија, Битола, Крушево, Тетово и Пониква за зимскиот туризам.
На брегот на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро, ќе има туристички развојни зони, каде по примерот на слободните економски зони ќе се овозможи градење на нови хотели и хотелски комплекси. Ќе се стартува и со активности за доделување концесии за истражување на извори со топла вода. Во план е и реставрација на Старата скопска чаршија и промоцијата на Охрид како Балкански Ерусалим во земјите каде што живеат словенски народи.
 
Јас би рекол политчар со мади*а е спас за македонија.. Каков е тој политичар?
1. Буџет 600 милони
2. 40.000 ефикасна државна админситрација
3. Укинување на здраствено, пензиско, и слични давачки - намалување драстично на сите пензии.
4. Укинивање на секакви акцизи царини итн.
5. Комплетна дерегулација на пазарите
6. Офшор банкарски закони
7. Златен/сребрен стандар ( билионски и билионски капитални приливи и инвестиции - кој прв ќе го направи ова ќе собере милјарди и милјарди во злато што ќе оди на единственото место каде што ќе може да се расти т.е да добива принос) - ефект 0.5%-3% камати и полни кофчези

Таква Македонија сакам да видам еден ден. Каде сите ќе идат да работат бизнис тука а ние ќе бидеме само многу богати land lordovi.

Секако после ваков потег очекувајте рецесија од година-две.. После тоа очекувајте десетици години раст на стандард и квлаитет на живот.
 
Инвестиции во доменот на земјоделството. Имаме голем потенцијал којшто не е доволно искористен. Производството кое што моментално е на пазарот се продава за многу ниски цени.
Значи подобрување и извоз во странство по повисоки цени коишто ке им дозволат на самите земјоделци профитот да го инвестираат и на тој начин да ги подобруваат следните производства.
Потоа ФАБРИКИ! Мора пред се да се обидеме да створиме наше производство. Протекционизам- намалување на увозот ( најмногу во прехрамбениот сектор)
Преплавени сме со српски и турски производи.
Доколку се изградат фабрики , ќе се намали невработеноста. Куповната моќ на народот ќе се зголеми , па на тој начин ќе се зголеми и потрошувачката.
И уште многу други реформи ни се потребни со цел нашата ни мала држава да спаси.
 
На кажувај двапати :vozbud: Мухухахахахахахахахахах :pos2:

Аква-парк за 3,5 милиони транзитни туристи

Градски аква-парк ќе се гради и во рамките на СЦ "Борис Трајковски", самостојно или со јавно-приватно партнерство

Моите зборови хахахахаха до запирка....... инаку има и уште еден крупен проект кој е резултат на мое повеќе месечно интезивно лобирање....... и воедно е дел од Изборниот Манифест на ВМРО ама не го кажувам.

.

Дефинитивно нема спас за Македонија (емигрирајте додека не ги затвориле границиве пак) кога дојде ред владеачкава номенклатура која треба да го држи курсот да го гради изборниот манифест од енџиа како THE_CHOSEN_ONE :).
 
Спас за Македонија? Хм, што знам не верувам во чуда. Не гледам никаква светла точка во блиска иднина, не дека сум скептик ама така е. Ни го перат тука мозокот со предизборна кампања, се засилиле мислиш кој знае што ќе биди а всуштност си тапкаме во место.
 
Да дојдат јапонците/кинезите и цело плодно земјиште да го земат во нивна соптственост со договор да го садат ориз и ќе бидеме најголемиот извозник на ориз во балканот.Секако на полињата со ориз ќе р`мбаат исклучиво државјани на македонија со договор од некоја си минимална плата.....
 
Јас би рекол политчар со мади*а е спас за македонија.. Каков е тој политичар?
1. Буџет 600 милони
2. 40.000 ефикасна државна админситрација
3. Укинување на здраствено, пензиско, и слични давачки - намалување драстично на сите пензии.
4. Укинивање на секакви акцизи царини итн.
5. Комплетна дерегулација на пазарите
6. Офшор банкарски закони
7. Златен/сребрен стандар ( билионски и билионски капитални приливи и инвестиции - кој прв ќе го направи ова ќе собере милјарди и милјарди во злато што ќе оди на единственото место каде што ќе може да се расти т.е да добива принос) - ефект 0.5%-3% камати и полни кофчези

Таква Македонија сакам да видам еден ден. Каде сите ќе идат да работат бизнис тука а ние ќе бидеме само многу богати land lordovi.

Секако после ваков потег очекувајте рецесија од година-две.. После тоа очекувајте десетици години раст на стандард и квлаитет на живот.
Тој политичар што ќе го направи ова е исто како да си потпишал смртна пресуда, не со една, со две раце и печат :)
 
Тој политичар што ќе го направи ова е исто како да си потпишал смртна пресуда, не со една, со две раце и печат :)

хмммм, држави кои имале среќа да имаат такви државници спремни да ја носат главата у торба за својата идеа....ГИ БИДНАЛО, но познато е дека од врба само шупелка бидува, а не флејта. Ние немаме дрво за флејти во Македонија!!!!...не вирее на нашево поднебје....
 
Кај нас само тарабуки излеват :toe: А зошто мислиш дека некој фамилијата,и цел живот негов ќе го скурчи за да ја биде државата ? нема смисла тоа и ти не би го направил тоа да си во состојба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom