Абе не се заебавајте со вакви работи, да не му шепне некој на ОВОЈ НАШИОВ ,па да излезе на прес и најави АКВА 2015 та и пак да се втиме,втиме ,втиме.....
На кажувај двапати Мухухахахахахахахахахах :pos2:
Аква-парк за 3,5 милиони транзитни туристи
Градски аква-парк ќе се гради и во рамките на СЦ "Борис Трајковски", самостојно или со јавно-приватно партнерство
Моите зборови хахахахаха до запирка....... инаку има и уште еден крупен проект кој е резултат на мое повеќе месечно интезивно лобирање....... и воедно е дел од Изборниот Манифест на ВМРО ама не го кажувам.
Со помош на домашни и странски приватни инвеститори ќе се градат нови хотели, мотели, модерни бензински станици и туристички атракции, како аква-парк, што ќе бидат наменети за 3,5 милиони патници кои годишно транзитираат низ Македонија преку Коридорот 10. На овие локации туристите ќе можат да се одмораат и разладуваат за време на летната сезона, а со тоа ќе се овозможи коридорите 8 и 10 до 2013 година да станат атрактивни за транзитните посетители .
Градски аква-парк ќе се гради и во рамките на Спортскиот центар "Борис Трајковски", самостојно или со јавно-приватно партнерство, кој ќе располага со забавни содржини на вода, во кој ќе се овозможи забава за сите генерации и во текот на летниот период. Овој парк ќе биде лоциран до обновениот базен Карпош и заедно ќе претставуваат една целина.
Ова се само дел од новините што треба да го поттикнат развојот на современиот туризам во земјава, а се составен дел на Манифестот за реформи и развој што ВМРО- ДПМНЕ го подготви за периодот од 2011 до 2015 година. Манифестот се фокусира на подобрување на инфраструктурата и на подигање на квалитетот на услугите на аеродромите и на граничните премини, но и подобрување на состојбата на магистралните, регионалните и на локалните патишта.
На општо задоволство на туристичките работници, агенции и асоцијации, до крајот на годинава треба да се намали стапката на ДДВ за туристички услуги од 18% на 5%. Според Манифестот ова ќе претставува директна поддршка и за развојот на туризмот. Со тоа ќе поевтинат услугите за туристичко сместување (ноќевање), сместување со појадок, полупансион или полн пансион во сите комерцијални објекти за туристички услуги: хотели, туристички апартмани, пансиони, камп-населби, одморалишта, планинарски и ловечки домови и гостилници.
Ќе се интензивира и партнерството на државата со бизнис-заедницата, за чија цел до средината на јуни идната година да се реорганизира Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот во Македонска национална туристичка организација. Во план е и да се формира интегриран туристички информативен портал со што ќе може да се реализираат резервации преку интернет за домашните и странските туристи, како и соодветна презентација на македонските туристички капацитети.
Преку ниска почетна цена за земјиштето од 1 евро за квадратен метар, како
и намалувањето на комуналиите за 95% од почетната вредност, ќе се настојува да се привлечат инвеститори за изградба на хотели во Скопје, Охрид, Струга, Преспа и Дојран за езерскиот туризам и во Гевгелија, Битола, Крушево, Тетово и Пониква за зимскиот туризам.
На брегот на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро, ќе има туристички развојни зони, каде по примерот на слободните економски зони ќе се овозможи градење на нови хотели и хотелски комплекси. Ќе се стартува и со активности за доделување концесии за истражување на извори со топла вода. Во план е и реставрација на Старата скопска чаршија и промоцијата на Охрид како Балкански Ерусалим во земјите каде што живеат словенски народи.