СП Шпанија 2013: Македонија - Данска 18.01.2013 20:15 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Море, за 1.000 евра... :cautious:
Па што,
овде има експерти што би дале 1000 евра само да можат да искоментираат,а не гледаат дека од ден на ден,од натпревар до натпревар не им се совпаѓаат ставоовите...како што сончогледот се врти спрема сонцето. :)
 
ОД СТРУЧЕН АГОЛ: ПОБЕДА НАД ДАНСКА САМО АКО СИТЕ ЛИНИИ ПРОФУНКЦИОНИРААТ ЗАЕДНО
http://www.rkmetalurg.mk/storija/36...aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582

Горан Ѓоргоноски

Македонија се доведе во ситуација својата шанса за пласман на третата позиција во групата Б да ја бара во меч со европскиот првак Данска. По она што можеше да се види на натпреварите на Данска, мора да се признае дека дејствуваат во најмала рака импресивно. Многу одамна не сме виделе вака добро „вооружена“ репрезентација со „топчии“ како што се Хансен, Маркусен, Мелберг, Сондергар... Од друга страна, нивната одбрана е на нивото (ако не и подобра) од онаа на Исланд. На голот е можеби најдобриот на светот во моментов Никлас Ландин. За крилата нема потреба да се зборува. Данска отсекогаш имала најдобри крила во светот. Егерт и Линдберг се само продолжување на таа традиција.

Што може нашата селекција да направи во дуел со една вака квалитетна селекција? На ЕП 2012 видовме дека можеме да им парираме, и тоа до последен здив. Но во Србија сѐ беше поинаку и тоа веќе го констатиравме сите.

Еден интересен момент ни се провлекува на сите претходни натпревари во групната фаза. А тоа е дека во ниеден момент не профункционираа сите линии (голман, одбрана, бекови, крила, пивоти) заедно. На еден натпревар во форма беа голманите, на еден крилата, на повеќето одбраната. Ова го кажувам затоа што мислам дека само на тој начин можеме да ја добиеме Данска.

Време е Миркуловски да почне еден меч, а Мојсовски да одигра петнаесетина минути како „двојка“ во одбрана за да можеме со што помалку измени да пробаме да постигнеме што повеќе „лесни“ голови. Многу ќе ни биде тешко на поставен напад каде што за секој гол мора добро да се испотиме.

Шансата е тука, колкава и да биде. Данска веројатно ќе ги одмора своите ѕвезди, и тоа е нашата шанса со погруба игра, на линија на дозволено, да се обидеме да си го олесниме противникот во осминафиналето. Во спротивно ќе мораме против Франција, а тоа не е паметен избор.

Деновиве што изминаа ги слушнавме изјавите на неколку наши репрезентативци, меѓу кои и Лазаров, Мојсовски и Ристовски, дека ова не е најдоброто што можеме да го одиграме. Целосно се согласувам и очекувам конечно со Данска да го дадеме максимумот.

Момци, сплотете се и ќе видите дека можете многу.

Напред Македонија!

Авторот е поранешен македонски репрезентативец
 
Ах рече Бах, пак изгледа нема да можам да го гледам прво полувреме, што малер ќе бев...
Не дека на некој му е гајле, ама јас да си се пожалам...:icon_lol:
 
АНТИЌ ДАВА 1000 ЕВРА ЗА НАЈСОЧНИОТ КОМЕНТАР ПРОТИВ РАКОМЕТАРИТЕ (ФОТО)

Експерти и дежурни мрчатори - јууууууууууууууууууууриш!:icon_mrgr:

Не знам како не сфаќаат дека како спортисти мора се подложни на критика, исто како и пофалба. Ако не сакаат тоа - нека не играат професионално спорт. Плус не се мрчи без везе, туку ако се примети дека не се игра без срце, без желба. А тоа е за критика. Али ај Македонија, секоја критика се сфаќа како државен напад на Македонија, а не како оценка на нешто лошо што е направено, и желба за да се подобри тоа.
 
Jas deneska igra...me.... so Dam...Danska i Danska mnogu dobri igrat i nie deneska ce gi pote...be...pobedime :гик:
Тапа си :D
Ние денеска че играме со Дан... Данска, Данскаааа многу добро играм, и мислам дека че ги побе, че ги поте, че ги победиме :icon_mrgr:
 
Како ја гледам утакмицава Франција-Германија почнувам да мислам дека сеедно е дали ќе играме со силината на Французите или менталитетов Германски.Вечер очекувам само да оставаат срце на терен момците па што и да направат,сеедно е.
Напред момци!(y)
 
Сеисто, овие ако играат овака како со нас, ќе не убијат.

Тоа што го забележувам не е нешто посебно во нивната игра. Знаете што е посебното? Жарот со кој играат... Нашите се летаргични, нема жар во играта како да сосила се отидени на Светско бар така делуваат на терен. Значи жар, желба да се победи им недостига на нашите. Со Исланд беше типична мртва игра.
 
Тоа што го забележувам не е нешто посебно во нивната игра. Знаете што е посебното? Жарот со кој играат... Нашите се летаргични, нема жар во играта како да сосила се отидени на Светско бар така делуваат на терен. Значи жар, желба да се победи им недостига на нашите. Со Исланд беше типична мртва игра.
Овие бркаат како улави, трчаат, ние сме премногу статични, да се вложат со нас 100% најмалце разликата ќе е 5 гола..
 
Абе не заебавајте ние трето првенство играме многу бараме и затоа после се е неуспех.
 
Јас мислам дека многу им фалат навивачите, од нив им се влеваше енергија и желбата за победа. И завчера Кире како бараше поддршка, па и од клупата дури. Бааги им фалиме.
 
Јас мислам дека многу им фалат навивачите, од нив им се влеваше енергија и желбата за победа. И завчера Кире како бараше поддршка, па и од клупата дури. Бааги им фалиме.
Наредното ни овие шо ги има сега нема да бидат таму. Пичка му матер, дај пак нека организират првенство на балканот :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom