Nino Manchester
Oŋce α RED, αlwαys α RED
- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 14.553
- Поени од реакции
- 17.987
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Фалел Алуш? Што поскоро ги фрлиме младите играчи од типот на Манасков во „оган“, толку подобро за нас... И супер што имаше храброст да шутне и покрај грешките, зошто потоа поентираше.
Филип Лазаров игра далеку подобро од пред година-две. Иако знае да направи техничка грешка, сепак се гледа дека работел.
Голманчето фати неколку клучни топки, црвениот Георгиевски даде клучен гол... Баш ми е мило.
Проблем како и во натпреварите уште од квалификациите за ОИ (кога ги изгубивме сите 3 натпревари) е немањето на идеја во нападот. Премногу пати се случува Миркулувско, Наумче или Кире да фатат топка и само да ја тапкаат и да тргнат кон играч. Значи, сами, без никакво вкрстување, без акција.. Па ако помине - помине. Кој играл ракомет, знае дека РАКОМЕТ НЕ СЕ ИГРА СО ТАПКАЊЕ ТОПКА, освен кога мораш и кога немаш идеја.
Мило ми е што собравме еден бод, а се надевам дека ќе падне барем уште еден противник до крајот на ова СП.
Кога можеа кошаркарите да ги плеснат Литванија, зошто да не се случи чудо и ние да ги треснеме Франција?
Кога немаме баш идеја, борбеноста ќе мора да ги решава следните натпревари...
Aма и што поскоро ги отстраниме старите некорисни играчи тоа подобро за нас .. На пример Димовски ...
Колку добро збори човекот, ама тоа е нашава држава за луѓе како него нема местоНекој ја бараше анализата од Стефче Стефановски на Тера.Клик
Штета шо нема место за вакви луѓе во репрезентацијата.
Нема дека не работат кај него братчина, роднини и пријатели.Колку добро збори човекот, ама тоа е нашава држава за луѓе како него нема местоПо самото зборење, се гледа дека едно 25 пати го разбира повеќе ракометот од идиотот Шундовски.
Да, да, заборавив да пишам.Го виде и слушна некој Кирила како се дере?
Ќе си го одмараат тимот. Секако ако обезбедат прво место (немам видено колку е резултатот со Исланд)
Зошто да се трошат? Ќе им треба тимот за потака кога стварно ќе мора да се испотат против Франција/Хрватска/Шпанија. Зошто би се трошеле против една Македонија а притоа имаат сигурно прво место?? Плус хансен им бил повреден па нема којзнае колку да го форсираат
Да, да, заборавив да пишам.
Легенда е, ради него ја имав искршено вратата како малЛегенда е Цревото !
Чоек кој целосно го разбира ракометот, шо се вели во малиот прст му е ракометот, знај детално да ти објасни за шо ти душа сака околу ракометот, пред да почни мечот ќе ти кажи од каде иди најголема опасност и каде треба да се браниме !!!
Навистина штета шо нема место за Стефче во репрезентација !