СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Аргентинааааа :oleee:

Аууу ќе ме умрат предвреме, се тресам цел ама пак пукам од радост. Како сум се издрал на пеналов на Лаутаро, комшиите сигурно уште ме пцујат :D

Епска неправда ќе беше Холандија со одиграни добри 10 минути да пројдат понатаму. Ајт таму марш, и ова им е многу со застарената игра на Ван Гал.

Ова ќе грми на рипит цела вечер :ojeaa::pivo2:

 
Ајде сега сите заедно да приредиме едноминутно молчење за Шпанија која местеше во групите да биде второ место за да го избегне Бразил. :pos:
Абе ај! На тој гроб земјата слегна полегна, ти сега сакаш 40 дена помен да им правиш.
 
Минута молчење и за братот Фред (црепот што играше за Бразил во 2014)... Изјави вчера дека ќе ужива да го гледа Меси како плаче после пораз од Бразил во полуфинале... :D
 
Искрено од една страна реков све европско у 1/4 финале, од друга страна кога ги видов Камбијасо и Занети како урлаат на трибина, а и Самуел ко асистент, тури му кур, против бабаниве не се навива али не дека па трагично ќе го сфатев евентуалниот пораз на Аргентина кој ќе беше до некаде и заслужен ради ужаснотијата после 2-0 што ја приредија.

Тоа што го зборев за Бразил и нив ги снајде, наеднаш се претворија у аргентинско дерби со удри мавај тактика нит контри нит ништо правеа а имаа 1 тон простор за такво нешто, тотално несфатливо беше тоа копачко понашање кое им се удри од глава на крај и за тоа вината лежи во тренерот и никој друг. Од друга страна во продолженијата покажаа карактер зашто ретко која екипа така може инстантно да се консолидира после таков нокдаун буквално у 100та минута, едноставно доминираа и заслужија гол, имаа неколку добри прилики и немаа воопшто среќа, Лаутаро со Ван Дајк, стативата, и онаа од одбиена кога за малце голманот ќе беше лобуван, така нешо, плус уште еден шут на Лаутаро од далеку и одбрана на голманот, буквално 30 минути само они играа и напаѓаа така да браво за прикажаното тука, не дека изненадува тоа гледајќи ги имињата ама пак ќе речам, не било кој може така ментално да се среди после израмнувачкиот гол на Холандија и реално импресивно делуваше таа рехабилитација на аргентинците, за кое ете Скалони заслужува пофалби.

Исто и за Лаутаро ми е мило јер ако го утнеше и пеналот ќе се вратеше во Интер најверојатно обесен. После овој пенал искрено би го стартувал следната иако тешко ова да се деси, ама некад на вакви играчи толку им треба за да влезат у серија и би, условно речено, ризикувал, да сум на местото на Скалони, јер има ужасно првенство до сеа ама па еве денес раздвижи игра, одличен беше, даде клучен пенал, и мош да фати некој залет и да се искористи ова, али ќе видиме.

Како и да е епски меч, све имаше, тензија, тепања, голови, поезија од израмнувачки погодок, алал вера на тоа што го направија Холандија, мислам дека имав мини џиз на финтата што им ја протнаа у ебаната 100та минута, football bloody hell. Дабогда секој следен меч ваков да е, уживанција.

п.с. Ретко се слагам со Стелт ама у право е за Филе и филефците, тури им кур ебаго, ааајт, не вреди со тоа сеа да се замараме, отековме реално сите. :D
 
Ајде сега сите заедно да приредиме едноминутно молчење за Шпанија која местеше во групите да биде второ место за да го избегне Бразил. :pos:
Успешно се избегнаа и дома си побегнаа. :D
 
Шала на страна позитивно ме изненадија Хрватска и мечот беше скроз обратно од она што очекував. Средината стандард им издоминира, али посебно изненади Јурановиќ кој одигра перфектен меч, како и Перишиќ кој е стандарно добар, но сепак 120 минути да ораш против Бразил не е мала работа, и тоа на 34 годишна возраст. За Модриќ што да се каже, против Јапан го извади и не играше во продуженијата и си мислев дека ќе нема душа денес ни за целосни 90 минути а тој изигра 120 и изгледаше како да не е ни испотен. Апсолутно најдобриот играч на сите времиња во бивша Југославија и еден од петте најдобри везњаци во историјата на овој спорт.

Аргентина класика, од готово вересија и за малце ќе испаднеа али на крај пресуди квалитетот на голманот во однос на стапон од Холандија. Не ми е јасен Ван Гал зошто не почна со барем еден од Вегхорст или Де Јонг, па Аргентина ако не ја нападнеш со високи топки и прекини тогаш кого ќе нападнеш? Откако примија втор гол ги стави двајцата и одма станаа поопасни. Мора Лаутаро да стартува следната бе, многу е поконкретен и поопасен напаѓач од Алварез, не дека овој е слаб играч ама не знам како да кажам, едноставно Лаутаро поише штета прави на противничките дефанзивци. Ќе видиме како ќе биде во полуфинале, двајцата стартни бекови на Аргентина се суспендирани, може да биде весело, а уморни се и двете екипи.

Не прогнозирам ништо за утре, во право е Хм Хм дека ништо не се знае и немогуче е да се прогнозира.
 
Успешно се избегнаа и дома си побегнаа. :D
Oдлична рима, да те ебе Адријана Лима. што не ќе беше лошо, да не требаше да те ебе и малерот тошо.

Наросено ракчето, my job here is done.

 
Лахоз се изнадава картони сеа на паузава и магично одлучи да го одмине Ван Дајк кој со жолт картон прв го разнесе Паредес при сељачењето и рогање на топка.

Му даде жолт, само не прикажаа на снимка. Потврдија коментаториве кај што гледав.

Мех. Ништо посебно освен центаршутеви према Вегхорст и Де Јонг.
Класика потег Ван Гал, кога не иде дигај му на највисокиот. Основен приказ зошто ниту еден штопер на светов не смее да биде понизок од 185цм. Ете зошто не игра Мартинез прва постава.

И Скалони вол, требаше него да го извади за Пецела а не Ромеро.

Отаменди е 1,83, и игра стартна постава. У онакво класично бунарење последните 10 минути со двајца тешкаши како Де Јонг и Вегхорст, било каков одбранбен играч би имал проблем да се српави со овие двајца, особено што и Ван Дајк почна да дреме напред.

Патем, Ван Гал го ногираше Крул, специјалист за пенали, заради тоа што не сакал да се појави на тренинг за пенали.
 
Te quiero хидрогенеро
Не знам ама мене Родриго ми е еден од ретките Бразилци што не ме нервира. Прибрано дете е, си ќути и си игра за разлика од Винисиус кој е лигав и замара.
 
Нема везе, бразилците се арогантни зашто се офарбаа пола екипа плави. @Filip Telford

де, фудбал е :D многу се увредени сите, после ваква утакмица да ги залапаат ако не. И бразилците тоа уште подебилно, не требало да слават зашто дале 5 гола лол
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom