СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?

  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
А ти според која статистика се водиш ?
Мексико воопшто не е наивна екипа, од сега гледам како Очоа го фрустрира Меси на секој негов шут :)
Лозано е играчиште, можи многу проблеми да му направи на одбраната на Аргентина.
Мексико низ генерациите никогаш немал квалитетна навала.Ќе дојдат до шеснаесетик и тука е крајот.Исто како парагвајците средина и одбрана имаат ама бадијала кога немаат постојано врвен напаѓач на кој ќе го ранат со топки.Последен мексиканец од таков калибар беше уникатниот Хуго Санчез од 80 те.Истово се случува и сега со хрвативе.Давор Шукер уште ќе чека додека добие свој наследник кој ќе решава утакмица со еден потег.
Автоматски споено мислење:

Чекај прво групата нека ја поминат :)
Со Мексико мислам дека нема да победат, цела среќа во група се со Полска и Саудиска, ама ништо чудно да се деси некое изненадување.
Пољаците се тапа невидена,бадијала го имаат Левандовски кога нема со кого да игра слично како со Македонија и Горан Пандев додека играше.Според прикажаното арапите можат да ги добијат а ако мексиканците успеат да извлечат нерешено со Аргентина во третото коло ќе биде најголемиот циркус на цело светско бидејки ќе се случи реприза на 1998 кога шпанците испаднаа уште во групната фаза.
 
Последно уредено:
99% оди титулата кај европска репрезентација. Ова е данокот шо ќе го платат Аргентина и Бразил мислејки дека се бог и батина ако пунат репрезентации како Венецуела Перу и Парагвај на тоа нивите со кока таму.
 
Ednostavno posirok roster imaat evropskive.. vidi koi se zamena kaj anglija i francija, vidi kaj beazil i argentina...
 
Досега од прикажаните утакмици и од фаворитите само Англија и Франција покажаа дека имаат квалитет за понатаму
И за едниот и за другиот Португалија е лекот но ќе видиме како ќе биде...
 
Ednostavno posirok roster imaat evropskive.. vidi koi se zamena kaj anglija i francija, vidi kaj beazil i argentina...

Ај за Аргентина немаат јака клупа, ама Бразилската воопшто не е за потценување. Од стартниов состав што барем засега се најавува против Србија на клупа ќе бидат Едерсон, Милитао, Бремер, Фабињо, Гимараеш, Родриго, Мартинели, Жезус, Ентони итн. Единствено на бековски позиции се послаби со резервисти
 
И за едниот и за другиот Португалија е лекот но ќе видиме како ќе биде...
А за Португалија праксата покажа дека Србија е лекот благодарение на Љубинко Друловиќ помошникот на Пикси кој долго време играше во нивното првенство :)
Автоматски споено мислење:

Ај за Аргентина немаат јака клупа, ама Бразилската воопшто не е за потценување. Од стартниов состав што барем засега се најавува против Србија на клупа ќе бидат Едерсон, Милитао, Бремер, Фабињо, Гимараеш, Родриго, Мартинели, Жезус, Ентони итн. Единствено на бековски позиции се послаби со резервисти
Бразил е далеку од оној состав пред 20 години кој беше совршен почнувајки од голман па се до напаѓач.
 
А за Португалија праксата покажа дека Србија е лекот благодарение на Љубинко Друловиќ помошникот на Пикси кој долго време играше во нивното првенство :)
Автоматски споено мислење:

Бразил е далеку од оној состав пред 20 години кој беше совршен почнувајки од голман па се до напаѓач.
Ќе видиме и тоа. Друга е играта на Светско првенство од онаа за квалификации...
 
Ајде ајде Германија!!! За нив навивам на светсково се надевам на трофеј, Мароко Хрватска е реален резултат, досадна утакмица.
 
Ќе видиме и тоа. Друга е играта на Светско првенство од онаа за квалификации...
Потполно се сложувам затоа што во повеќето случаеви низ изминатите првенства тие репрезентации што лесно поминувале квалификации не стигнувале далеку а неретко и испаѓале уште во групната фаза.
 
Германија излезе да игра фудбал на светско првенство со Милер и Хавертс. Ова е без сериозна конкуренција најслабата репрезентација на Германија во последните 30 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom