СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Вајда Мегваер, Вајт, Коди, Стоунс и Мингс ќе бидат земени. За Мегваер не треба зборување. Мингс ми е сус некако, не знам зошто он е земен пред Томори. Другиве тројца се подобри од Томори.

Али не верувам на Саутгејт ич, тежок ропак е, може и да не е земен Вајт. Гледам се опаметил и конечно го земал Мадисон.
Автоматски споено мислење:

Земен бил и Вајт
Секако дека Вајт и Коди се подобри од Томори. Секако.
 
Коди, Слабхед и Даер. Кој од кого поголема тремка.
 
Ќе има посебен подфорум за свеЦково?
 
Што се трескате од земја? Не требало за Мегваер зборување? Колку од вас сте го виделе како игра за репрезентација?
Мегваер секогаш за Англија игра добро. Се сеќавате на некој негов кикс?

Заслужено е повикан и те како. За останатите можеби има простор да се зборува. Томори е секако подобар од Мингс да речеме, но запаметете дека ова не е клуб и дека за репрезентација не игра секогаш подобриот на хартија, па и на терен. Селектор бара одредени карактеристики меѓудругото, бара баланс итн.

Според мене исто е грешка изоставувањето на Томори, некако нефер ми се чини третманот кон него, иако сезонава и не игра претерано добро (оставен на цедило во Милан, јебига).

Мегваер ке игра само на стара слава. Ова што го игра сезонава е криминал, како за клубот, така и за репрезентацијата. Лојален му е Саутгејт за сите добри игри од претходно, ама ова е огромна коцка. Моментално е четврт избор за CB во Јунајтед. До толку не е во форма.
 
Последно уредено:
Германците имаат само страшна средина, голмани и Рудигер.
Бекови немаат, напаѓачи немаат, крилата сумливи играчи.
Не очекувам ништо од нив, само посед 85% и кружење налик претходното СП и ЕП.

Штета што такви играчи во средина имаат ама нема кој да ги искористи нив.
Германија не е како што беше пред 2014 ама многу ги потценувате.
Јас мислам далеку ке стигнат годинава , сите играчи се во форма.
 
Мегваер ке игра само на стара слава. Ова што го игра сезонава е криминал, како за клубот, така и за репрезентацијата. Лојален му е Саутгејт за сите добри игри од претходно, ама ова е огромна коцка. Моментално е четврт избор за CB во Јунајтед. До толку не е во форма.


И тоа предвид се зема во вакви селекции. Играл добро еден период, има искуство, помал е притисокот за него во Англија итн.
Кога ќе се собере и одземе, коректна е таа одлука на Саутгејт.

Е сега, другиве, не се сите претерано оправдани. Ги следам изјавиве, зборува за формата на Абрахам, а не го селектира Тони. Филипс првпат вчера со Челзи заигра после не знам колку време, ете го во Катар.

Секако не очекувам ништо да направат, џабе хистерија. Неважни тотално.
 
Едвај чекам да се распаднат французите и тоа копиленцето Мбапе да плаче како зајак. Тој па Дешамп земал само 25 играчи демек многу се јаки и не им треба комплетен состав. Ретко антипатична скупштина на чамуги.
 
Франција мислам дека ќе флопнат со овој состав.
 
Извадија ексел за типување како претходни години некаде?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Интересно ќе биде ова светско, затоа што се игра крај на ноември, веројатно кога голем дел од играчите се во форма (не е лето па сите да туфкаат дека мора уште да играат утакмици).

Што знам, појма немам кој ќе освои.
Бразил има јак состав, ама се далеку од тоа што некогаш биле. Нивниот дел и не е баш лесен со Србија и Швајцарија, па вкрстување со последната група. Веројатно ако јужноамериканска земја освои, тоа би биле овие.
Франција - јак состав, можеби најдобар во Европа. Ама презаситени се и не играат некој атомски фудбал (незаинтересирано играат).
Португалија - доста силен тим, ама имаат слаб тренер. Веројатно ако испаднат порано од очекуваното ќе го шутнат Сантош?
Германија - не ми делуваат како порано, а и тоа од Лига Нации не ветува нешто. :toe: Иако ми се стално интересни и би сакал тие да освојат место некоја Франција или Шпанија.
Шпанија - не се за потценување! Немаат некои играчи ептен јаки како порано, ама го имаат она шпанско во нив и може да тераат далеку.
Англија - солиден тим, лош тренер. Дали ќе тонат како во ЛН или ќе изиграат супер СП останува да се види. Иако навивам обично за нив, мислам дека максимум до 1/4-финале ќе стигнат.
Аргентина - интересни играчи имаат, ама како целина не ми изгледаат баш (и дали пак преку Меси ќе се игра нон-стоп?). Не знам одбраната каква им е?? Најлесна група имаат и треба лесно да ја поминат - дури мислам дека и нема гол да примат (а после ќе видиме). Полска и Мексико се доста вон форма или послаби од порано, па не би ме изненадило ако Саудијциве завршат со малку среќа и втори во таа група.
Холандија - океј играчи, ама јак тренер кој знае како со репрезентацијата. Ако Холандија истурка надалеку, тоа ќе биде најмногу ради Ван Гал (сакам да освојат, ама го немаат тој играчки капацитет - бар така мислам, може грешам). Би требало да ја освојат групата. Ете Сенегал без Мане ќе игра.
Данска - Јаки ми се Данциве и играат доста симпатично. Нека играат како во квалификациите и мислам нема да имаат проблем подалеку да истераат.
Белгија - јаки играчи, ама тренеров тапа. Многу фама околу нив со години, ама на крај ништо освен полуфиналето на прошлото СП. Ова е последно СП за таа генерација или??
Србија и Хрватска ќе бидат интересни. Мислам дека Србија може да изненади и доста добар тренер имаат кој знае да ги мотивира. Претходно имаа некои безидејни досадни ликови без асални тактички замисли. Хрватска може и групи да не пројде, а може и бар 1/4-финале да фати.
Уругвај - ќе видиме дали Пелистри и Нуњез ќе се покажат како добри замени за Суарез и Кавани.
Канада и Мароко би требало да бидат интересни за гледање. Тука има тивка еуфорија со продавање маички, реквизити и слично. Ако игра Дејвис (не знам дали е баш повреден), заедно со Дејвид и Осорио и Јустакио би требало да бидат опасни. А зошто да не и да заебат некоја европска земја. :D

Некои утакмици ќе бидат доста интересни
САД - Иран - од политички агол, башка на азиско тло
Уругвај - Гана - Суарез е веројатно најомразениот лик во Гана :icon_lol:
Швајцарија - Србија - овде ќе има набој, утакмица ала 2018-та.
Мароко - Белгија - доста Мароканци живеат во Белгија, а и во репката белгиска има некој Мароканец. Во Мароко им се враќаат главните ѕверки, ама па имаат нов тренер - веројатно и нов систем на игра. Како и да е интересна утакмица може да биде.
 
Извадија ексел за типување како претходни години некаде?


Sent from my iPhone using Tapatalk


Имате Bracket Challenge на https://play.fifa.com/bracket-predictor/

Ќе има и предиктор, а фантазито е веќе отворено. Дани отворил веќе тема за фантазито во подфорумот фудбалски игри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom