СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Кој ќе ги слуша сега , уште на полувреме почнаа .

its coming home , it’s coming home .. :pos:
 
Јас си стојам на зборот дека нема да има изненадување.

Големите европски репрезентации ќе се прошетаат низ групиве, заедно со Бразил и Аргентина.
 
Светскиве првенства треба да се скратат на 24 репрезентации.

А ако толку сака ФИФА да го шири фудбалот и да печали пари истовремено нека организира и уште едно или две, каде би играле следните 24 репрезентации. Тоа би било нешто како 2-ра и 3-та лига на првенства.

За да не се фрлаат пари на стадиони и друго да се играат во државите кај кои се одржувало претходното Светско.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Па добро Катар, Иран и С.Арабија се реално најслабите репрезентации на светсково.. Незнам шо очекувавте
Австралија ?

Или на кратко 4 од 6те Азиски.
 
Светскиве првенства треба да се скратат на 24 репрезентации.

А ако толку сака ФИФА да го шири фудбалот и да печали пари истовремено нека организира и уште едно или две, каде би играле следните 24 репрезентации. Тоа би било нешто како 2-ра и 3-та лига на првенства.

За да не се фрлаат пари на стадиони и друго да се играат во државите кај кои се одржувало претходното Светско.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk

Поглуп формат од тој со 24 репрезентации нема. Има 6 групи и четиритте најдобро трето пласирани одат понатаму.
Украина на ЕП ја победија само Македонија и се најдоа во осмина-финале.
Најдобар формат е моменталниот - 32 репрезентации, најдобрите две репрезнтации од секоја група продолжуваат во нокаут фазата.
 
Овие од Азоја се послаби од претходните првенства, Јапонија можеби ќе оправда нешто, но и тие делува дека се во надолна линија.

Австралија е многу слаба, чудно е како се пласира воопшто. Од Африка има посилни репрезентации што не се пласираа (Тунис можеби ќе знае да се брани подобро од азискиве репрезентации), плус Мане им се повреди на Сенегал, кои требаше да бидат некоја позитивна приказна.

САД и Канада со проект за следното првенство, на првите и тренерот им е проблематичен. Мексико можеби и најслаб на неко СП.

Се останува на и така најквалитетните Европа и Јужна Америка.
 
Австралија ?

Или на кратко 4 од 6те Азиски.
Па и тие се тука негде ама пак имале неколку турнири каде шо биле солидни.. Иран, С.Арабија редовно ги полнат.. Кина и тие кога се на светско.
Реално каков и да е форматот ќе имаме слаби репрезентации освен ако се лимитират Азијците на 1-2 репрезентаци и Африканците на 2-3.. Тогаш се губи смислата на светското
 
Се кладев дека Кејн ќе биде најдобар стрелец. Англија има добра ждрепка и за 1/8 финале, очекував да се распукаат, а за разлика од повеќето други репрезентации имаат квалитетен напаѓач.

Еве и паднаа 5 гола, но ниту еден не даде Кејн. :icon_lol:
 
Па и тие се тука негде ама пак имале неколку турнири каде шо биле солидни.. Иран, С.Арабија редовно ги полнат.. Кина и тие кога се на светско.
Реално каков и да е форматот ќе имаме слаби репрезентации освен ако се лимитират Азијците на 1-2 репрезентаци и Африканците на 2-3.. Тогаш се губи смислата на светското
Австралија имаа само 2006 год кога имаа стварно добра репрезентација со неколку играчи на битни позиции од Премиер Лига и по некој од Серија А и Бундес. И тоа ин беше зенитот зошто после фатија пензија и наследниците им ги гледаме какви се.
Инаку пред 2006 никогаш немаа настапено зошто секогаш налетуваа на петиот од Јужна Америка. Тогаш успеаа Перу или Уругвај да го елиминираат и откако се префрлија во Азија дури сега пак се квалификуваат.
 
Kakvi se tie glupi produzenia od 10min sto ograt ovie finale na svetsko, ili natprevarot e neizvesen 6-1 pa ajde use 10 min mozebi 10-1ke bide, mafija.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom