Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.767
- Поени од реакции
- 22.720
Конечно Германија со Вернер си добија супер напаѓач после Клозе. Штета што нема да стане играч на Баерн со тоа што вредноста ќе му биде околу 100 мил., инаку го гледав баш како замена за Левандовски, пример летото 2019 да станеше играч на Баерн. Ептен желба ми е Вернер да игра во Баерн во иднина ама за жал нема да ми се оствари таа желба.
Само мислам дека наредната година ќе потпише за Реал. Не инвестираа многу ова лето ама мислам дека наредното лето ќе се обидат сериозно да го потпишат Вернер и ќе успеат во тоа.
Не биди толку сигурен, и Баерн и Дортмунд ќе одат по него и дебело ќе го одврзат ќесето. Лани Дортмунд демек имал интерес ама ете Обамејанг остана ама и подобро што појде во Лајпциг и добро напредна. Можеби има и одкупна клаузула, ќе видиме.